Connect with us

Македонија

Затворските полицајци по работата се малтретирани од криминалците – Напуштаат работа бидејќи е неиздржливо да се работи во скопските затвори

Синдикатот на затворската полиција и администрација при Независниот синдикат на државната администрација денеска упати отворено писмо до директорот на Управата за извршување санкции (УИС) Александар Пандов како реакција на „јавните линчувања кон припадници на затворската полиција“. Во писмото тие укажуваат на проблемите со кои се соочуваат затворските полицајци и на потребата од подобрување на правата на вработените и состојбите во затворскиот систем.

„Се поставува прашањето дали воопшто претходниот директор на Управата Ви ги пренел, укажал и објаснил состојбите во затворскиот систем.

Дали знаете кој е оптималниот број на припадници на затворската полиција потребен во Затворот Скопјe за вршење тековни активности?“, се наведува во писмото од Синдикатот.

Оттаму наведуваат и бројни други проблеми со кои се соочуваат затворските полицајци поради извршувањето на нивната работа и заканите по нивната безбедност од криминални групи надвор од работното место.

„Дали знаете колку опожарени возила има на припадници на затворската полиција? Дали знаете дека се фрлаа бомби во куќа на директор на Затвор? Дали знаете дека има постојани закани кон затворската полиција? Дали знаете дека после работа одредени криминални групи ги пресретнуваат затворските полицајци и физички се малтретирани?“, прашуваат од Синдикатот на затворската полиција.

Можеби ќе ве интересира
ГОЦЕ, ВИКТОРИЈА, ФРОСИНА – ЖИВОТИ ИЗГУБЕНИ, КАЗНИ МИЗЕРНИ!…

плусинфо 04/02/2025
КРИМИНАЛЕЦ СО ДОЛГО ДОСИЕ ПРИВЕДЕН ВО БИТОЛА 24-годишник од…

плусинфо 27/01/2025
Полицајците го прашуваат директорот на Управата дали знае кога последен пат зеле комплет службена униформа, дека некои припадници немаат задолжено средства за присилба (средства за врзување лисици, гумена палка, пепер спреј-солзавец…), дека речиси нема држава во која не се употребува електричен пиштол, и дека нема набавено ниедна „боди-камера” која е законска обврска и дел од опремата?

Синдикатот наведува дека има проблем со обуката за употреба на боречки вештини, дека има припадници кои повеќе од 20 години не се обучени и не се упатени на гаѓање, дека немаат соодветни возила за транспорт на притворени и осудени лица, дека немаат посебна просторија при арестанско сместување во болница.

„Дали знаете колку припадници имаат напуштено и ќе напуштат работа бидејќи е неиздржливо да се работи во Затворот Скопје и во Идризово? Дали знаете дека веќе не е проблем платата за напуштање на работата туку отсуството на лична безбедност и еден извршител на повеќе работни позиции во исто време?“, наведуваат од Синдикатот и додаваат дека ќе се борат против сечие девијантно однесување.

Директорот на Управата за извршување санкции Александар Пандов вчера изјави дека 70 телефони биле откриени кај притвореници во Истражниот затвор „Скопје“ во претреси на 40 ќелии, кои ги извршила интервентната единица од затворот „Идризово“.

Пандов соопшти дека во моментов во Обвинителството се води постапка против 32 затворски полицајци, а на 100 затворски полицајци и други вработени во затворите им се поднесени дисциплински постапки. За да се справат со корупцијата во затворите, формирани се интервентни единици – една во „Идризово“ и една во затворот во Штип.

Advertisement

Македонија

Македонците од Албанија и Кичево со заеднички чекор напред – потпишан меморандум за соработка

Значаен чекор кон зацврстување на културните и националните врски е направен денес во Кичево. Делегацијата на Здружението на Македонците од Албанија во Македонија „Зошто“, предводена од иницијативниот претседател Панди Јани, оствари клучна средба со градоначалникот на Кичево, Александар Јовановски.

Кулминација на конструктивната средба беше свеченото потпишување на Меморандум за соработка, документ кој ги поставува цврстите темели за идна, плодна соработка!

„На средбата разменивме мислења по повеќе прашања, по што потпишавме Меморандум за соработка, со кој се поставуваат темели за заеднички активности и иницијативи насочени кон унапредување на културната размена, образовната поддршка и зајакнување на традицијата на македонскиот јазичен, културен и национален идентитет“, изјави за МИА, Панди Јани.

Ова не е изолиран настан. Само денови претходно, сличен историски документ беше потпишан и со градоначалникот на Општина Ресен, Јован Тозиевски. Според Јани, со овие договори „се отвора ново поглавје во заедничкото делување за доброто на граѓаните“.

Целта е јасна: зајакнување на заедницата преку партнерства.

„Овие чекори, кои ќе ги продолжиме и со други градови, претставуваат силна потврда дека преку партнерства, дијалог и конкретни активности може да се создадат услови за подобра поддршка, развој и инклузија на Македонците по потекло од Албанија, како и на сите граѓани кои се дел од нашата заедница“, категорично оценува Јани.

Јани изрази длабока благодарност до градоначалниците Јовановски и Тозиевски за нивната доверба и поддршка, како и до посветениот тим на „Зошто“ кој несебично работи на оваа благородна мисија: чекор по чекор, да изгради посилна, обединета и активна заедница.

 Здружението „Зошто“ е основано на 25 септември 2024 година со Седиште во Ресен. Неговатам мисија е Афирмација на македонската култура и идентитет. Името е почит кон романот „Зошто“ на Стерјо Спасе, еден од најголемите писатели во Албанија со македонско потекло.

Continue Reading

Македонија

Тошковски откри кои прекршоци ќе бидат на удар на „Безбеден град“

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, денеска истакна дека системот „Безбеден град“ ќе се спроведува со прецизно дефиниран праг на толеранција, со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот и јавниот простор, а не казнување по секоја цена.

Тошковски појасни дека системот ќе биде насочен кон препознавање и санкционирање на сериозни и опасни прекршоци, особено оние кои директно го загрозуваат животот и безбедноста на граѓаните. „Целта е да се воспостави ред и превенција, а не репресија без разум“, рече тој.

„Ќе има јасни правила, транспарентност и точно утврдени критериуми. Граѓаните ќе знаат што се санкционира и зошто. Системот нема да биде лов на прекршители, туку алатка за заштита на човечки животи“, нагласи министерот.

Проектот предвидува користење на современи технолошки решенија, вклучително камери и софтвер за следење на сообраќајот, со цел подобрување на контрола и намалување на бројот на сообраќајни незгоди.

Министерството најави дека имплементацијата ќе се спроведува фазно, со претходна информираност на јавноста и соодветен период за прилагодување, за граѓаните да се запознаат со новиот систем и неговото функционирање.

Continue Reading

Македонија

Пораст на нивото на реките: Пчиња, Вардар, Треска и Црн Дрим со зголемен водостој

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) алармира за значително зголемување на водостоите кај клучните реки, надминувајќи го просекот за декември.

Реката Вардар, нашиот најголем воден пат, е видно „нарасната“ долж нејзиниот тек – од Јегуновце, преку Скопје и Велес, па сѐ до Демир Капија. Слична слика се бележи и на Пчиња кај Катлановска бања, Треска кај Македонски Брод, Црн Дрим кај Ложани и Сатеска кај Ботун.

Од друга страна пак, нивото на Брегалница кај Берово и Штип, Пчиња кај Пелинце и Црна Река кај Новаци, се под просечните декемвриски граници.

Во однос на природните езера, ситуацијата е стабилна и без отстапувања. Водостоите на Охридското, Преспанското и Дојранското Езеро се во рамки на просекот за овој период од годината, ветувајќи мирување и покрај раздвижениот речен систем.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг