Sunday, January 18, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

НИЕ ЌЕ ВРАЌАМЕ 50 МИЛИОНИ ЕВРА, А КОЈ ЌЕ ОДГОВАРА ЗА НЕУСТАВНИОТ ЗАКОН? Уставниот суд го поништи Законот за солидарен данок

by Уредник
05.02.2025
in Uncategorized

Премиерот Христијан Мицкоски во јануари годинава рече дека ако Судот донесе одлука да се вратат 50-те милиони евра од солидарниот данок, парите ќе им бидат вратени на компаниите и најави потенцијална кривична одговорност за креаторите на оваа политика.

Уставниот суд донесе одлука да го поништи Законот за солидарен данок. Тоа значи дека државата, односно ние граѓаните, ќе треба да им вратиме околу 49,2 милиони евра на 156-те најпрофитабилни компании кои во 2022 година беа еднократно оданоечни со т.н. солидарен данок.

Данокот на солидарност беше воведен како еднократна, вонредна јавна давачка во 2023 година. Со него беа задолжени сите компании кои оствариле профит над 615 милиони денари во 2022 година. Околу 150 компании мораа да платат задолжителен вонреден данок на солидарност на веќе одданочениот профит од претходната година.

Целта на законот, како што објаснуваше претходната влада на СДСМ, беше да се соберат средства за ублажување на последиците од здравствената и екномската криза и да се придонесе за јавните расходи на солидарен начин.

На седница лани во ноември Уставниот суд ги прифати како основани дел од наводите во иницијативите на пет подносители.

„Судот изрази сомнеж дека оспорениот закон ја повредува темелната вредност владеење на правото и фундаменталните принципи на кои почива, како што е правната сигурност на субјектите во нивната правна положба, правната предвидливост и правната извесност. Според дискусијата и аргументите, со донесувањето на законот е нарушена правната сигурност на компаниите кои оствариле профит над 615.000 000 денари во 2022 година, со тоа што во септември 2023 година е донесен закон кој им наложува задолжителен вонреден данок на солидарност на веќе одданочениот профит од претходната година. Уставните судии изразија сомнеж дека станува збор за закон кој произведува повратно дејство, што е во спротивност со Уставот. Судот го имаше во предвид фактот дека ретроактивноста и нејзиниот исклучок е дозволен само кога станува збор за тековни постапки, но во случајот засегнатите субјекти ги окончале односите со плаќањето на данок во 2022 година“, соопшти тогаш Уставниот суд.

Премиерот Христијан Мицкоски, во јануари годинава рече дека одлуките на Уставниот суд не се коментираат, туку се спроведуваат и ако Судот донесе одлука да се вратат 50-те милиони евра од солидарниот данок ќе бидат вратени. Тој најави и потенцијална кривична одговорност за креаторите на оваа политика.

– Ние враќаме многу работи кои ги задолжиле претходните. Многу пати сум рекол дека нема да ги коментирам одлуките на Уставниот суд. Ако донесат таква одлука мора да ги вратиме тие пари, нема што да правиме, ќе скратиме од нешто друго и ќе направиме ребаланс. Воедно ќе ја разгледаме и можноста за кривична одговорност на тие кои донесоа одлука на ваков начин да се води економијата, зашто дефакто Буџетот е оштетен – рече Мицкоски.

Извор: plusinfo.mk

Next Post

ВО ОВИЕ ЧЕТИРИ ЗЕМЈИ, МОЖЕ ЛЕСНО ДА ДОБИЕТЕ ДОЗВОЛА ЗА ПРЕСТОЈ: Процедурата не е комплицирана ниту за балканците

ВИЛДЕРС ГО ПОДДРЖУВА ТРАМП: Нека се преселат Палестинците во Јордан и проблемот со Газа е решен

Препорачани Вести

Блок-зделки со Гранит и Макпетрол ја зголемија ликвидноста, ТЕ-ТО со рекордна јавна аукција

4 months ago

Обвинителство бара мерки за претпазливост за актуелната претседателка на Антикорупциска за предметот „Адитив“

9 months ago

Популарни Вести

  • ГОЛЕМА ПОБЕДА:Тина Русева е прва во Европа!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зимска анализа: Со што е најевтино да се загрева домот и каде се трошат најмногу пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хенли индекс 2026: Сингапур на врвот, македонскиот пасош бележи значителен напредок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Остров нуди работа од бајките: Плата од 15 евра на час и бесплатно сместување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Само еден ден е доволен: Овие европски метрополи се совршени за краток излет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.