Connect with us

Македонија

Уставен суд: Нема дискриминација во одлуката за разрешување на директор на Ерол Муслиу

Published

on

Нема дискриминација во одлуката за разрешување на директор на Агенцијата за разузнавање Ерол Муслиу.

Уставниот суд утврди дека нема дискриминација во одлуката за разрешување на директор на Агенцијата за разузнавање Ерол Муслиу од 28 јуни 2024 година.

Судијката Ана Павловска Данева, на прес-конференција, појасни дека како Суд утврдиле дека нема дискриминираност по полова и политичка основа.

– Судот едногласно одлучи дека нема ниту полова, ниту политичка дискриминација во одлуката за негово разрешување од претседателката Гордана Силјановска Давкова, изјави Павловска Данева.

Во поглед на политичка дискриминација, Судот, како што посочи Павловска Данева, констатира дека директор на Агенцијата не бил, ниту смеел да биде член на политичка партија, исто како и претседателот кој ја донел одлуката за негово разрешување.

Во однос на половата дискриминација, Павловска Данева, појасни дека изјавите на претседателката Гордана Сиљановска Давкова во кампања дека жените треба да бидат повеќе застапени на највисоките функции, сама од себе не може да биде основа за дискриминација.

– Ние како Суд утврдивме дека тука нема дискриминација бидејќи самите изјави на Претседателката не претставуваат доказ дека некој е дискриминиран и дека заложбата за поголема застапеност на жените на високи функции е заложба на секој еден граѓанин, рече Павловска Данева.

Од наводите во барањето, подносителот наведува дека е дискриминиран по основ на пол и на политичка припадност, во врска со членот 9 од Уставот.

Во барањето е наведено дека оспорената Одлука не содржи никакво образложение од кое може да се утврди дека е разрешен поради нестручно и несовесно извршување на функцијата, како што официјално било наведено во Одлуката.

Подносителот наведува неколку медиумски објави со кои укажува дека Претседателот на Република Северна Македонија од моментот на стапувањето на функција до моментот на донесување на спорните одлуки, остварува информативни средби со други раководни лица, заобиколувајќи го него како раководител на Агенцијата за разузнавање.

Подносителот наведува дека политичката дискриминација е вршена меѓудругото и на начин што одредени лица од политичка партија најавуваат кадровски смени и ново раководство иако немаат надлежност за тоа.

Во врска со дискриминацијата по основ на пол, наведено е дека Претседателот на Републиката го разрешува поради фактот што е маж, а во едно интервју има изјавено дека треба да се внимава на застапеноста на жените на највисоките функции.

Македонија

УЈП на познат бизнисмен му заплени куп коли и камиони оти не сакал да плати данок

Published

on

Управата за јавни приходи (УЈП) запелни 24 патнички моторни и товарни возила од скопски бизнисмен на кој и покрај тоа што му било одобрено одложување, тој не сакал да плати данок. Од УЈП за МКД.мк велат дека заплената на возилата е направена по спроведена постапка за присилна наплата од движни предмети, a заради неплатен даночен долг, за кој од страна на даночниот обврзник претходно било побарано и одобрено одложено плаќање на неплатен даночен долг по основ на данок на додадена вредност и данок на добивка.

  • Заради обезбедување на даночно побарување во присилна наплата, извршен е упис на заложно право врз движни предмети, 24 патнички моторни и товарни возила, кој обврзникот ги има оставено како гаранција за обезбедување на плаќањето на даночниот долг. Од причина што даночниот обврзник нередовно ги исполнувал своите обврски, односно заради неплаќање на две доспеани рати, од страна на УЈП се преземени сите мерки за наплата на долгуваниот износ, даночните службеници ја започнаа постапката за впаричување на гаранцијата, со увид на лице место,а по извршениот попис, составен е записник и одземени се вкупно 22 возила. Запленетите возила ќе бидат предмет на продажба на е – аукција“, велат од УЈП за МКД.мк.

Continue Reading

Македонија

Претреси во три автосервиси – во службени возила на СОЗР ставале половни делови, а ги наплаќале како нови

Published

on

Министерството за внатрешни работи, по наредба на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, започна дејствија во предистражна постапка за истрага за злоупотреба и договарање меѓу економски оператори и вработени во Одделот за општи и заеднички работи на МВР.

Оваа истрага се однесува на спроведената јавна набавка во полицијата.

Досега се извршени претреси на 16 различни локации, врз основа на наредба издадена од судија на претходна постапка, а по барање на јавниот обвинител.

Претреси се изведуваат и во неколку економски оператори, меѓу кои познатите автосервиси „Авто Клима Митрески“, „Дамбо Ацо Коп“ и „Прогрес Авто“ од Тетово, објави ТВ 21.

Според досегашните сознанија, овие економски оператори, со кои биле склучени договори преку тендерски постапки, наместо нови резервни делови, вградувале стари и веќе употребувани компоненти. Меѓутоа, на фактурите тие делови биле заведени како нови, а некои делови биле фактурирани повеќе пати.

Continue Reading

Македонија

Поранешниот директор на СОЗР Пеце Мирчески на распит во полициска станица

Published

on

Поранешниот директор на Службата за општи и заеднички работи (СОЗР) во Владата, Пеце Мирчевски попладнево е приведен и во моментов се наоѓа во полициската станица Кисела Вода.

Приведувањето доаѓа откако денеска Финансиската полиција му поднесе кривична пријава за злоупотреба и финансиски малверзации извршени за време додека бил директор.

Заедно со Мирчески уапсен е и сопственикот на рент-а-кар сервисот ВИП, кој е опфатен со истата истрага.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк