Thursday, January 29, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

ПОДНЕСЕНА ИНТЕРПЕЛАЦИЈА ЗА СУДСКИ СОВЕТ – Изгубена е довербата на граѓаните во судството, тоа треба да се промени

by Уредник
07.02.2025
in Uncategorized

Владејачкото мнозинство составено од ВМРО-ДПМНЕ, ВЛЕН и ЗНАМ поднесе интерпелација за работата на членовите на Судскиот совет кои се избрани од Собранието. Ова денеска на прес-конференција го истакна координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски.

-ЕУ и јавноста во земјава постојано укажуваат во недостатоци на работата на Судскиот совет. Овие забелешки се значајни за реформите. Решавањето на овие предизвици е неопходно. Судскиот совет кој што е клучна институција за правната држава и затоа секоја сенка во работата треба темелно да биде анализирана. Наша цел е дадеме придонес и да овозможиме подобар, поефикасен и независен правосуден систем. Сакаме да упатиме порака дека време е да се воведе ред во руинираниот судски систем. Македонија мора конечно да добие независен и ефикасен правосуден систем, кажа пратеникот од Собранието и побара поддршка од сите опизициски партии и пратеници во Парламентот.

Според Мицевски, нивото на кое што се наоѓа Судскиот совет и правосудниот систем е поради СДСМ и сегашната опозиција.

-Ја изгубивме довербата на граѓаните во судството. Ние како Собрание сме добиле доверба од граѓаните и оттаму го преточуваме нивниот глас и започнуваме постапка за интерпелација. Не би сакал да навлегувам понатаму, рече пратеникот, одговарајќи на новинарски прашања.

Вчера премиерот Христијан Мицкоски изрази надеж дека доколку парламентарците изгласаат недоверба или интерпелација на членовите на Судскиот совет, дека тие истите ќе бидат доблесни и ќе се повлечат, иако законски нивна смена е можна само во рамките на Судскиот совет.

Next Post

Евидентирани над 240 дојави за бомби во училиштата

Македонскиот репрезентативец Димоски нов играч на Партизан

Препорачани Вести

Грчките земјоделци повторно блокираа премин: Богородица ограничен за патнички возила

1 month ago
Поранешна советничка на Трамп: “Третата светска војна е во тек”

Поранешна советничка на Трамп: “Третата светска војна е во тек”

8 months ago

Популарни Вести

  • iran

    Трамп разгледува можни воени акции против Иран ако не се остварат преговорите за нуклеарната програма

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Донаторска уметничка вечер го најавува почетокот на фондацијата „Фросина Кулакова“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нестабилно облачно време, локален дожд и снег на повисоките предели

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Без струја денес делови од Кисела Вода и Чаир

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Прекин на водоснабдувањето во Маџир Маало од 9:30 часот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.