Connect with us

Македонија

Претседателката посети гимназија која дала војводи, револуционери, херои, академици, научници, писатели и професори

Published

on

Претседателката на Македонија Гордана Сиљановска Давкова во посета на битолската гимназија ,,Јосип Броз Тито” која од почетокот на своето постоење на Македонија и дала војводи, револуционери, херои, академици, научници, писатели и професори.

,,Со особена чест и задоволство присуствував и се обратив на Свечената академија по повод 80 години настава на современ македонски јазик во битолската гимназија ,,Јосип Броз – Тито“.

Оваа гимназија ја прифати и сè уште ја остварува својата историска мисија да биде светилник на македонскиот јазик, култура и национален идентитет.

Успешната приказна на оваа гимназија не се раскажува, туку се живее преку делата на нејзините ученици меѓу кои биле славни војводи и револуционери, бесмртни народни херои, инспиративни академици, почитувани научници, писатели и професори”, објави Сиљановска Давкова по посетата.

,,Не случајно, во секоја македонска Влада има ученици од оваа гимназија.

Без знаење нема напредок, без јазик нема идентитет”, порачува претседателката на Македонија во врска со посетата на гимназијата во Битола.

Македонија

Димовски: Знаеме по кои улици оди протестот во Белград, ама не знаеме каде се наоѓа во Македонија градот Пазар. Чудно, нели?

Published

on

Поранешниот пратеник Илија Димовски ја коментира преокупираноста на македонските граѓани со протестите во Србија деновиве.

Дечки, целта за формирање на независна држава беше да олабават и они од нас, и ние од Белград. Некако не ни оди? 

Знаеме по кои улици оди протестот во Белград, ама не знаеме каде се наоѓа во Македонија градот Пазар, на пример. Чудно, нели?“, прашува Димовски во објава на Икс, мислејќи на градот во средишниот дел од Егејска Македонија, познат и како Ениџе Вардар, преименуван во Јаница од грчката држава.

Continue Reading

Македонија

Специјалните полициски единици спасија две момчиња од водите на Мавровското езеро (ВИДЕО)

Published

on

Екипи на Министерството за внатрешни работи (МВР), САЕ Тигар, ренџерската служба на Националниот парк „Маврово“ и локални жители успешно извлекоа две лица од Мавровско Езеро, на кои им се превртел чамецот. Како што информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК), извлечените лица се наоѓаат во возилото на итната медицинска помош.

Претходно, ЦУК соопшти дека полицискиот хеликоптер со тим од САЕ Тигар, опремен со чамец, се упатил кон двете лица кои се потпирале на нивниот превртен чамец.

Од ЦУК истакнуваат дека двете лица успеале да го превртат чамецот и да го вратат во нормална позиција, по што успеале повторно да се качат во чамецот и чекале да бидат извлечени од тимот на САЕ Тигар.

„Благодарност до храбрите припадници на Одделот за воздухопловни единици и САЕ „Тигар“, како и на сите други кои со брза и решителна акција денес успеаја да спасат две момчиња од водите на Мавровското Езеро“, напиша министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.

Ова е уште една потврда дека полицијата е тука за граѓаните во секоја ситуација и подготвена е да реагира и во случаи на сложени спасувачки акции.

Погледнете го видеото

Continue Reading

Македонија

СДСМ утре избира претседател, Филипче единствен кандидат

Published

on

Опозициската СДСМ утре избира нов партиски претседател. Актуелниот лидер на СДСМ, Венко Филипче, е единствен кандидат за претседател на партијата на редовните внатрепартиски избори.Одговарајќи на новинарско прашање дали има некаков револт кај членството што не се пријавил никој друг кандидат, Филипче истакна дека немало и смета дека тоа е одраз на консолидацијата на партиското членство на кое што тој, како што рече, интензивно работел во изминатиов период.

-Не, напротив. Сметам дека тоа е одраз на консолидацијата на партиското членство на кое што јас интензивно работев во изминатите девет месеци. Веќе се пријавени поголем број на гласачи, се регистрираа за гласање отколку во претходниот циклус. И тоа што имаме интензивни средби на ниво на сите општински организации и состаноци на кои доаѓаат огромен број на членови кои до пред некое време едноставно покажувајќи револт не се појавуваа на тие состаноци, а сега се присутни, присуствуваат, сугерираат, учествуваат во процесот на градење на политики. Тоа за мене е само еден знак дека консолидацијата е веќе настаната и ние продолжуваме во следниот период да се спремаме за локалните избори кои што ќе дојдат наесен, рече Филипче

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк