Connect with us

Македонија

Вандализам во Германија: Балканци затнале 270 ауспуси со пур-пена

Published

on

Четворица млади луѓе од Балканот се осомничени дека систематски оштетувале автомобили низ Германија, вбризгувајќи полиуретанска пена во нивните издувни цевки. Според германската полиција, тие уништиле повеќе од 270 возила во Берлин, Бранденбург, Баварија и Баден-Виртемберг.

Во прв момент, нападите беа поврзани со радикални климатски активисти, бидејќи осомничените лепеле налепници со пораки како „Биди зелен“. Но, истрагата на германските власти сега се сомнева дека зад ова стои саботажа организирана од Русија, пишува „Шпигел“.

Еден од уапсените, според медиумот, признал дека добиле понуда преку апликацијата „Вајбер“ од руски државјанин, кој им нудел по 100 евра за секој оштетен автомобил. Исто така, им било ветено дека ќе добијат правна помош доколку бидат фатени.

Четворицата осомничени – од Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина и Романија – веќе се ослободени од притвор, но истрагата продолжува. Обвинителството сè уште не открива детали за нивните мотиви, но безбедносни извори предупредуваат дека ова би можело да биде дел од насочена кампања за дестабилизација и политичко влијание во Германија, особено пред предвремените избори на 23 февруари.

Македонија

Тошковски: Ќе ѝ се згрози на македонската јавност кога овој предмет во детали ќе биде расветлен

Published

on

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, изјави дека јавноста ќе биде згрозена кога ќе се открие за кои суми биле издавани одредени документи и што се правело незаконски, спротивно на сите регулативи и правила, кои важат за функционирањето на еден кабаре или диско.

„Нема да има милост за никого. Секој оној кој допринел, било директно или индиректно, за оваа ужасна трагедија, заради која плаче секој Македонец, ќе одговара“, изјави министерот Тошковски за Сител.

Тошковски откри дека како осомничени се луѓе кои биле на високи позиции, меѓу кои поранешни министри, државни секретари, директори на институции, раководители на сектори, сопственици на правни лица и обезбедување. Тој посочи дека ќе се открие кој стои зад незаконски изготвената документација и додаде дека јавноста ќе биде згрозена кога ќе ги дознае деталите за оваа трагедија. Според него, повторно, како и многу пати досега, во позадина на овие незаконитости се наоѓаат мито и корупција.

Министерот за внатрешни работи истакна дека има докази за овие активности и порача дека корупцијата е таа која ја уништува Македонија.

Continue Reading

Македонија

Починатите од пожарот во Кочани ќе се погребаат на посебен дел од гробиштата

Published

on

Гробиштата во Кочани веќе се прошируваат поради големиот број починати во пожарот кој ја пеплоса дискотеката “Пулс”. Сите жртви ќе бидат погребани во посебен дел од кочанските гробишта, пишува Ројтерс.

Булдужери од општината Куманово работат на терен со цел да помогнат во трагедијата која ни се случи.

Инаку и од општина Кочани соопштија дека на колегиумот што се одржал утринава, градоначалникот Љупчо Папазов им дал неколку препораки за преземање активности во наредниов период, пред да поднесе неотповиклива оставка.

„Од колегиумот е упатена препорака за целосно почитување на прогласената 7-дневна жалост, со што се откажуваат сите настани од забавен, културен и од спортски карактер. Упатена е препорака до Управниот одбор на КЈП Водовод да донесе одлука за проширување на парцелите во Градските гробишта и да се определи посебно место за починатите во пожарот. Исто, да се донесе одлука за бесплатно доделување парцели за починатите и за погребните услуги коишто се во надлежност на КЈП Водовод, соопшти Општина Кочани.

Continue Reading

Македонија

Мицкоски: Утре започнува теренска контрола на сите субјекти регистрирани како кабаре, дискотеки или ноќни клубови

Published

on

Во текот на утрешниот ден започнува теренска контрола на сите субјекти по што ќе се излезе со детални информации, најави вечерва премиерот Христијан Мицкоски по координативниот состанок со директорот на Државен пазарен инспекторат Влатко Стојкоски и министерот за економија и труд Бесар Дурмиши.

На состанокот се разговарало за досегашните постапки кои се преземани од надлежните институции и опсежната анализа за сите субјекти регистрирани како кабаре или дискотеки, ноќни клубови итн, соопшти владината прес-служба.

Премиерот Мицкоски уште вчера на прес-конференција во Владата најави дека ќе почне робусна акција на проверка на сите документи во угостителските објекти, по страотниот пожар во дискотека во Кочани, во кој досега загинаа 59 лица, а 155 се повредени.

-Почнува робусна акција во насока на проверка на сите документи, сите лиценци, сите дозволи за градба, сите дозволи за употреба, дозволи за работа, и убеден сум дека ќе најдеме стотици, десетици… Милиметар да недостасува ќе бидат затворени, тука нема да има милост кон никого, рече Мицкоски.

Истакна дека објектот каде што се случи пожарот имал фалсификувана лиценца за работа од датум 13 март 2024 година, потпишана од тогашната државна секретарка во Министерството за економија Размена Чекиќ Дуровиќ.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк