Connect with us

Република

38-годишен ресенчанец излажал дека ќе продаде 20 тона јаболка – ги зел пари и го снемало

Published

on

СВР Битола поднесе кривична пријава против 38-годишниот У.А. од Ресен поради сторено кривично дело измама.

„На 18.01.2025 пријавениот довел во заблуда едно лице дека ќе му продаде 20 тона јаболка за 183.000 денари, но откако ги зел парите ја прекинал комуникацијата со оштетениот“, информираат од МВР.

Република

Повеќе тетовски села и делови од Тетово утре без струја поради планирани прекини

Published

on

Повеќе села во тетовскиот регион, како и одредени делови од Тетово, утре ќе останат без електрична енергија поради планирани прекини, соопштија од електродистрибутивната мрежа.

Според објавениот распоред, селата Гургурница, Мерово, Седларево, Копачин Дол, Ново Село, Луковица, Групчин, Церово, Рогле и Желино ќе бидат без струја во периодот од 06:00 до 06:45 часот.

Дополнително, во села Цепчище и Беловиште прекинот ќе трае од 09:00 до 14:00 часот.

Во градот Тетово, електрична енергија нема да има во фабриката за алуминиум од 11:00 до 13:30, како и во детската градинка „Реа“ од 12:00 до 13:00 часот.

Од надлежните апелираат граѓаните да ги прилагодат своите активности согласно овие прекини.

Continue Reading

Република

Покренати постапки од градежниот инспектор за три објекти во Битола, за четврт во тек е проверка на документацијата

Published

on

При инспекциски надзор од страна на одделението за градежна инспекција при Општина Битола, за три објекти утврдени се неправилности и преземени се соодветни мерки. Два од објектите се наоѓаат на патот за Ниже поле, а еден кај населбата Довлеџик.

Кај последниот објект констатирани се работни активности за монтажа на настрешница – челична конструкција, без претходно обезбедено одобрение за монтажа од Општина Битола. Изготвен е записник за констатираната состојба, а градбата е стопирана.

На патот за Ниже поле, при вчерашниот вонреден инспекциски надзор, констатирано е дека се гради објект од челични профили и покривка од панели, а исто така на друг дел од парцелата се изведува конструкција од бетонски столбови, кровна конструкција од челични профили и покривка од панели, без претходно прибавено одобрение за градење издадено од градоначалникот на Општина Битола. Од страна на субјектот на надзор укажано е дека освен приложениот имотен лист, не поседува никаква друга документација за градбите. Врз основа на констатираното, согласно изготвниот записник, за нелегалните градби ќе следува решение за рушење.

И кај другиот објект на излезот од Битола, согласно инспекцискиот надзор, ќе бидат преземени истите мерки. Во овој случај, констатирано е дека објектот е дивоградба, а истиот бил изграден пред десетина години, како хала од челична конструкција покриен со панели и приклучен на електрична мрежа.

Од страна на градежната инспекција, извршен е увид на уште еден објект во КО Дихово, за кој во тек е прибирање на потребната документација за постапување, согласно законските надлежности.

Во изминатите три години, општинскиот инспекторат, бележи значително зголемен број на постапувања на терен, вклучувајќи ги и постапувањата при отстранувањето на нелегално поставените објекти – диви гаражи и хаварисани возила на јавни површини.

Покрај ваквото делување, во 2022 година, во Сектор општински инспекторат е постапувано по вкупно 1751 претставки, пријави и барања и тоа: во одделението за комунална инспекција, инспекција за животна средина и инспекција за домување, постапувано е по 1178 предмети, градежна инспекција, инспекција за патен сообраќај и патишта, постапувано е по 450 предмети, претставки дописи и слично, а во одделението за инспекција за приходи, туризам, угостителство, образование и спорт, постапувано е по 123 предмети.

Во 2023 година, постапено е по 1870 претставки, пријави и барања од кои: одделението за комунална инспекција и инспекција за животна средина имало 1285 предмети, градежна инспекција, инспекција за патен сообраќај и патишта 503, а инспекцијата за туризам, угостителство, образование и спорт, постапила по 82 предмети.

Во 2024 година, Секторот општински инспекторат постапил по вкупно 1559 претставки и барања, од кои: одделението за комунална инспекција и инспекција за животна средина постапило по 1038 предмети, градежна инспекција, инспекција за патен сообраќај и патишта по 347, а инспекцијата за приходи, туризам, угостителство, образование и спорт по 174 предмети.

Зголемените контроли, продолжуваат и оваа година, со зголемена транспарентност и информирање на граѓаните за случаите од јавен интерес, во согласност со важечките закони од соодветните области на делување за кои е надлежен општинскиот инспекторат.

Continue Reading

Република

Држилово и Патишка отсечени од поплавите, без струја повеќе од 24 часа

Published

on

Селата Држилово и Патишка, кои се наоѓаат во општина Сопиште, претрпеа значителни штети од надојдените води на Патишка Река. Како резултат на поплавите, двата населени места беа целосно отсечени од градот повеќе од 24 часа, а жителите останаа без електрична енергија.

Жителите изразуваат загриженост за евентуални нови врнежи и бараат итна интервенција за трајно решавање на проблемите со реката, која и во минатото предизвикувала слични поплави.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк