Sunday, January 18, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Коњановски: Градежните активности за влезот во Битола се одвиваат според планот

by Уредник
10.02.2025
in Uncategorized

Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, денеска изврши увид во градежните активности на влезот во Битола од страната на Прилеп, каде што во тек е реконструкцијата на улицата „8 Септември“. Заедно со него беа и советникот Бојан Бојкоски и претставници од општинската администрација, кои го следат напредокот на проектот.

„Работите се одвиваат според планот и договорената динамика. Во моментот се изведува реконструкција со дислокација на мешовитата канализација, од која веќе се завршени 550 метри. Паралелно, се работи на изградба на армиранобетонски потпорен ѕид, со што ќе се зајакне инфраструктурата на овој важен патен правец“, изјави Коњановски.

Досега се реализирани околу 20% од вкупниот проект, вклучувајќи изградба на атмосферска канализација во должина од 735 метри, мешовита канализација од 550 метри, водоводна мрежа од 270 метри, како и 8,5% од предвидените коловозни работи.

Според предвидениот рок, до средината на летото ќе се заврши асфалтирањето на левата коловозна лента, по што сообраќајот ќе се пренасочи на новоасфалтираната површина. Ова ќе овозможи побезбедно и поефикасно изведување на работите на десната лента, без да се попречи нормалното движење на возилата.

„Целта ни е овој проект да биде завршен квалитетно и во предвидениот рок, за да добиеме модерен и функционален влез во градот“, нагласи Коњановски.

Проектот е дел од пошироката стратегија на општина Битола за подобрување на патната инфраструктура и зголемување на безбедноста во сообраќајот.

Next Post

Божиновска: Италијанските компании сакаат да инвестираат во македонската енергетика

Момче заврши на Клиника – на излез од ноќен клуб во Скопје му ги украле патиките и јакната

Препорачани Вести

policija apsenje

10 килограми чист кокаин запленети во БМВ во Горно Количани

2 weeks ago

Божиновска: Германија останува клучен партнер во енергетската транзиција на Македонија

6 months ago

Популарни Вести

  • ГОЛЕМА ПОБЕДА:Тина Русева е прва во Европа!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зимска анализа: Со што е најевтино да се загрева домот и каде се трошат најмногу пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хенли индекс 2026: Сингапур на врвот, македонскиот пасош бележи значителен напредок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Остров нуди работа од бајките: Плата од 15 евра на час и бесплатно сместување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Само еден ден е доволен: Овие европски метрополи се совршени за краток излет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.