Saturday, January 17, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

КУЌИ ВО СТРУГА, СКОПЈЕ И НЕГОТИНО „НА РАСПРОДАЖБА“ – различни имоти може да се купат преку банките, дел се целосно завршени, дел во изградба

by Уредник
10.02.2025
in Uncategorized

Куќи, станови, делови од куќи, земјиште, како и многу деловни објекти се на листите на продажба кои ги нудат комерцијалните банки во Македонија, како крајно решение за наплата на нефункционалните кредити, или поточно кредити кои корисниците од одредени причини не успеваат да ги вратат.

Ако се погледнат имотите во дел од банките во Македонија, кои се нудат на продажба ќе се видат бројни куќи, од кои голем дел големи објекти, на два ката, но и многу недовршени објекти, започнати градби, чија замисла не била до крај реализирана. 

Така на пример, еден објект кој се продава преку комерцијалните банки е дел од куќа во Скопје, со посебен влез, поткровје со стан со површина од 97 метри квадратни и тераси од 10 метри квадратни. Станот има отворена дневна со кујна, две спални и една бања, но овој имот нема упис во катастарот, и цената за него не е дефинирана. 

Истата банка нуди уште една куќа во Скопје со површина над 100 метри квадратни, како и стан во Скопје во населбата Кисела вода, но и овие два објекти се без имотен лист. 

Една од другите големи комерцијални банки во Македонија нуди куќа во скопската населба Кисела Вода која има површина од 122 метри квадратни, со дворно место од 66 метри квадратни, како и гаража од 15 метри квадратни, и која се продава преку извршител.

Преку истата банка се продава и куќа во Охрид, на улицата Македонска Ударна Бригада составена од два објекти. Објект еден има приземје и два ката со површина од 436 метри квадратни, додека вториот објект има површина од 42 метри квадратни и земјиште со површина од 447 метри квадратни.

Преку извршител се продава и стан во Струмица на улицата Крушевска Република со површина од 128 метри квадратни и 1/3 од идеален дел од земјиште со право на користење 265метри квадратни.

Еден примамлив објект кој се нуди преку комерцијалните банки е куќа во населбата Сингелиќ на улицата Сава Михајлов, со Имотен лист, со вкупна површина од 276 метри квадратни и дворно место со површина од 177 метри квадратни. Објектот е изграден 1998 година. 

Истата банка нуди и објект во Струга, станува збор за куќа во селото Октиси со имотен лист и вкупна изградена површина 396 метри квадратни и двор од 567 метри квадратни. Куќата е градена во осумдесетите години. 

Се продава и семејна куќа во Неготино која зафаќа 67 метри квадратни и 3 метри квадратни помошни простории, со имотен лист. 

Прегледот на понудата на банките покажува дека има голем избор на објекти, иако доминираат деловни објекти кои се нудат на продажба. Кога станува збор за станови, а особено куќи кои се на продажба преку банките, истите чекаат подолг период. Дали станува збор за проблеми со имотните листови, или пак, за друг тип на проблеми, како што се големината објектот и неговата цена. 

Сепак, од цените на објектите кои се на продажба, може да се забележи дека цените се многу помали отколку на новите објекти и цената за метар квадратен во главниот град. 

Банките се одлучуваат да стават имоти на продажба само како крајно решение. Најчесто тоа е резултат на неможноста на сопствениците навреме да ги вратат земените кредити во банката, кои потоа се одземени поради ненаплатени кредити и сега се нудат на продажба. 

Недвижностите кои се продаваат од страна на банките во нашата земја според упатените не спаѓаат во имот кој лесно се продава. Се случува дел од објектите да чекаат години додека да добијат нови газди, па имотите стојат на списоците на банките подолг период.За оние кои сакаат да купат имот или деловен објект по пониска цена, ќе мора да се потрудат во пребарувањето. Секоја банка на својата веб страна има список или листа од недвижнини кои ги продава.

Извор: faktor.mk

Next Post

„ОДНОСИТЕ НИКОГАШ НЕ БИЛЕ ПОНИСКИ“: Гренел за односите на САД и Косово постот го започна со „ЗАБЛУДА“

Утрово земјотрес во Хрватска

Препорачани Вести

Дневен хороскоп за вторник – 27 мај: Еден знак денес не треба да презема никакви обврски!

Дневен хороскоп за вторник – 27 мај: Еден знак денес не треба да презема никакви обврски!

8 months ago

Заменик министерот поднесе неотповиклива оставка

8 months ago

Популарни Вести

  • Лажни апартмани, вистинска штета: „Тијана“ и „Жаклина“ измамиле шест семејства за летување во Грција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Исчезнат индонезиски авион со 11 лица

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дефект на топловодната мрежа остави без парно делови од Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Идентификувано лице кое ги загадуваше улиците на Тетово

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Меџити: Солидарноста е мерка за успешна општина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.