Connect with us

Црна Хроника

Момче заврши на Клиника – на излез од ноќен клуб во Скопје му ги украле патиките и јакната

Тинејџер заврши на комплексот клиники во Скопје по инцидент што се случил синоќа по полноќ.

Според пријавата на мајката, момчето излегло од ноќен клуб на подрачјето на Центар, и му биле одземени патиките и јакната.

Од МВР велат дека тој бил однесен во Комплексот клини „Мајка Тереза“ кадешто му била укажана помош, иако нема посочено детали дали му биле нанесени повреди и од каква природа.

Се работи на расчистување на случајот, додаваат од полицијата.

Advertisement

Црна Хроника

Во Тетово уаспени 3 лица – Полицијата со детали

На 04.12.2025 во 16:45 часот на регионален пат Тетово-с.Волковија, полициски службеници од СВР Тетово ги лишија од слобода В.Т.(41) од Тетово, Ј.А.(41) и Џ.А.(28), двајцата од Дебар, затоа што кај нив е пронајдена и одземена бела прашкаста материја. Тие се задржани во полициска станица и по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Continue Reading

Црна Хроника

Трагедија во Огњанци: 19-годишно момче пронајдено починато во својот дом

Вчера попладне беше пронајдено безживотно тело на 19-годишен млад човек во неговиот семеен дом.

Министерството за внатрешни работи (МВР) информира дека веста за трагедијата е пријавена во СВР Скопје околу 15:38 часот. Засега неразјаснетите околности доведоа до ненадејна смрт на младиот Р.О. од скопското село Огњанци.

Веднаш по пријавата, на местото на настанот пристигнала екипа на Итна медицинска помош. Според полицискиот извештај, лекарот можел само да констатира смрт.

„По извршениот увид и укажаната лекарска интервенција, констатирана е смрт без видливи повреди, а по наредба на јавен обвинител телото е предадено на обдукција,“ соопштија кратко од МВР, додавајќи мистерија на случајот.

Иако на телото не биле забележани траги од насилство, јавниот обвинител наредил обдукција за да се расветлат причините за овој трагичен крај.

Случајот останува отворен и интензивно се истражува со цел да се добие одговори на прашањето што го згасна животот на 19-годишникот во семејниот дом.

Continue Reading

Црна Хроника

Кривична пријава против директорка – МВР со детали

СВР Штип – ОВР Делчево, до Основното јавно обвинителство Делчево, поднесе кривична пријава против Д.Ц.(53) од Делчево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“ по член 378 од Кривичниот законик. Пријавената, на 01.06.2023 набавила фалсификуван тест за познавање на аглиски јазик од Бугарија и на 29.06.2023 го доставила во прилог на документите по јавниот оглас за избор на директор на средното училиште „Методи Митевски Брицо“ во Делчево.

Врз основа на приложените документи, комисијата констатирала дека Д.Ц. ги исполнува условите предвидени во јавниот оглас, а по изготвениот записник бил доставен предлог до градоначалникот на општина Делчево таа да биде избрана за директор. Врз основа на доставениот предлог, на 12.07.2023 градоначалникот на општина Делчево изготвил решение со кое пријавената била избрана за директор на училиштето.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг