Connect with us

Црна Хроника

Викендов ограбена аптека во Аеродром

Во саботата во 17.05 часот во СВР Скопје било пријавено дека во аптека на подрачјето на општина Аеродром, едно машко лице со закана од вработената одзело пари од дневниот промет, соопштија од полицијата. 

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.   

Advertisement

Црна Хроника

Запленети повеќе од 4.300 петарди и огномети – уапсено едно лице

На 08.12.2025 во 20:15 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишија од слобода М.Н.(47) од Штип. 

При преглед на неговата тезга на плоштад „Слобода“ во Штип, полициските службеници пронајдоа и одзедоа 1340 парчиња разновидни пиротехнички средства. 

Подоцна, со судска наредба, извршен е и претрес во неговиот дом, при што се пронајдени уште 2993 парчиња различни пиротехнички средства.

Лицето е задржано во полициска станица и за настанот е известен јавен обвинител. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава по член 396 од Кривичниот законик.

Continue Reading

Црна Хроника

Жена преживеала голгота во Скопје: Се понудил да ја носи дома, но цела ноќ ја шетал по различни места, и се заканувал, ја силувал и снимал

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице од Неготино, со живеалиште во Германија, кој е осомничен за кривични дела – Полов напад и силување од член 186 и Уцена од член 259 од Кривичниот законик.

Осомничениот 29-годишник, на 2 декември, заедно со неговата сопруга и уште една пријателка, излегле во ресторан во Скопје. Таму пиел алкохол и консумирал дрога, па бидејќи по вербална расправија неговата сопруга заминала сама, тој се понудил да ја врати дома пријателката. Но, наместо кон нејзиниот дом, цела ноќ ја возел на различни локации во Скопје, обидувајќи се да ја принуди на сексуални односи.

Жената не се согласувала, меѓутоа тој и се заканил дека ќе ја убие и ја присилил да влезе во апартман во Центар. Таму со физичка сила и закани со нож ја принудил на други полови дејствија, а целиот настан го снимал.

Додека биле во апартманот, се јавувал со видео повик кај сопругата и кај други лица и барал од нив да му донесат кокаин за да не ја убие оштетената.

Три дена подоцна, осомничениот и го пратил видео клипот со експлицитна содржина на оштетената со закани дека ќе го објави секаде ако не му даде 2.500 евра. Жртвата ги пријавила уцените, по што било организирано симулирано примопредавање на обележани парични средства. Откако ги презел парите од жената, осомничениот веднаш бил приведен.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот. Притворот се бара имајќи предвид дека постои реална опасност од бегство, а осомничениот има отпуст од македонско државјанство и постојан престој и работа во Германија. Исто така, постои ризик осомничениот да го повтори делото кое претставува нарушување на јавниот ред, но и на половата слобода и половиот морал. Судијата го прифати предлогот и ја определи притворската мерка.

Извор: 4news.mk

Continue Reading

Црна Хроника

Девојка летала со Ауди 174 километри на час на автопатот Тетово – Гостивар

На 08.12.2025 во 15:45 часот, полициски службеници од Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово кај наплатна станица Тетово на патот Гостивар-Тетово ја лишија од слобода С.А.(35) од Гостивар. При контрола во сообраќајот со радар, констатирано е дека управувала патничко возило ,,ауди“ со гостиварски регистарски таблички со брзина од 174 километри на час на место каде со сообраќаен знак максималната дозволена брзина е ограничена на 80 километри на час. Таа е задржана во полициска станица и против неа ќе следува пријава по член 297-а, „безобѕирно управување со моторно возило“.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг