Connect with us

Црна Хроника

Детали од МВР: Едно лице убиено, двајца повредени, четворица уапсени

Published

on

Вооружена пресметка синоќа во скопската општина Чаир заврши со еден загинат, тројца повредени и четири лица лишени од слобода.

Според официјалните информации од Министерството за внатрешни работи, инцидентот бил пријавен на 11 февруари 2025 година, во 00:06 часот, од Градската општа болница „Свети Наум Охридски“, каде биле донесени двајца мажи со прострелни рани – Х.Б. (35) и А.Д. (35), двајцата од Скопје. Лекарите потврдиле дека Х.Б. починал од здобиените повреди, додека А.Д. бил подложен на хируршка интервенција и задржан на лекување.

Дополнително, од престрелката со повреди завршил и Н.Д. (22), кој бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

По преземените истражни мерки, СВР Скопје приведе четири лица под сомнение дека учествувале во престрелката. Околу 01:40 часот, во болницата бил уапсен Б.Б. (39) од Скопје, додека на подрачјето на Чаир бил приведен Н.Д. (22). Подоцна, полицијата ги пронашла и привела и Р.Р. (41) и К.Т. (28), двајцата од Скопје.

Сите уапсени се задржани во полициска станица, а надлежните служби продолжуваат со истрагата. По целосно расчистување и документирање на случајот, против инволвираните ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави, информираат од МВР.

Црна Хроника

Павел четири пати се вратил да спасува другари, во целиот хаос не се заштитил сам

Published

on

Павел Христов, роден 2004 година, е уште еден херој од трагедијата во Кочани за кој треба многу погласно да се зборува. Ова младо момче четирипати влегло во опожарената дискотека, без да се повлече, за да помогне и спаси свои врсници.

Во целиот хаос не се заштитил сам, преовладувала неговата хуманост, не штедејќи се себеси, и сѐ што може да се случи, раскажуваат неговите другари, вели мајката на настраданиот Павел за „Нетпрес“.

При четвртото влегување, Павел веќе почнал да ги чувствува последиците од чадот и се гушел.

Болката што ја чувствувам како родител е голема, како и кај сите други родители, бидејќи тие деца си имаа избрано пат. Некои се имаа определно да учат за доктори, други за инженери, трети да се посветат на занает, и сите си ја сакаа Македонија. Поради нечии пропусти останавме без децата, без нашите ангели. Тие ни беа светлост и надеж. Се прашувам Гоподи, зошто ги земаш добрите?, вели Христова.

Нејзината болка е уште поголема, бидејќи и ќерката Марија била присутна во дискотеката и е повредена. Марија се лекува во Шпанија, а семејството со нетрпение го чека нејзиното враќање.

Следниот ден по трагедијата, семејството требало да замине за Скопје за да купат венчален фустан за ќерката.

После сѐ што се случи, после трагичната загуба на татко му, на само 17 години Павел застанува како столб во фамилијата. Остана разумен, одговорен и хуман кон општеството, ја ширеше својата ведрина кон своите најблиски и спрема секого, со убав збор и добри дела со намера оваа година да се запише на факултет и да си го работи занаетот како бербер, пишува во емотивната објава на истиот портал.

Continue Reading

Црна Хроника

Ќерката на газдата на ,,Дискотеката на смртта” ја подигнала лажната лиценца, уапсена е и сопругата

Published

on

Сопругата и ќерката на сопственикот на дискотеката „Пулс“, Дејан Јованов – Деко, синоќа се приведени, неофицијално објавуваат повеќе медиуми.

Во акцијата при приведувањето одземени се пет телефони, а тие сѐ уште се наоѓаат во полиција.

Според информациите, фалсификуваната лиценца за работа на дискотеката која што е издадена во времето на министерот за економија Крешник Бектеши, ја земала ќерката на Јованов.

Полицијата врши претреси во другиот објект сопственост на газдата на дискотеката „Пулс“ и влезе за претрес во службените простории на Државен пазарен инспекторат во Кочани.

Дејан Јованов-Деко, кој сега е притвор, беше закупец на дискотеката Пулс во која во пожарот животот го загубија 59 млади лица. Тој го управуваше и кафулето „Класик“ во трговскиот центар во Кочани, како и со подружницата на Карго експрес за Кочани и Виница.

Извор: expres.mk

Continue Reading

Црна Хроника

Шокантната вест се прошири пред малку: Притворен Дени Масев!

Published

on

Поранешниот македонски репрезентивец Дени Масев пред една недела завршил во притвор, информира „Слободен печат“.

Извори за „Слободен печат“ потврдуваат дека Масев во моментов се наоѓа во притвор, а според неофицијалните информации, тој се поврзува со групата на Раде Трајковски – Штекли, кој беше уапсен на почетокот на годинава под сомнение за трговија со дрога.

Масев беше разрешен од ФФМ во октомври минатата година од страна на претходното раководство, но на почетокот од јануари оваа година повторно беше именуван за директор на А-репрезентацијата на Македонија. Сепак, по акцијата на МВР во која бил притворен, како што дознаваме, Масев сега повторно е разрешен од функцијата спортски директор на А-репрезентацијата, воопшто не приклучувајќи се ниту на актуелниот собир на националниот тим.

Како што пренесува „Слободен печат, засега нема официјални информации од Обвинителството за што точно е осомничен Дени Масев.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк