Connect with us

Скопје

Герасимовски: Младите вандали ќе фарбаат клупи, менуваат лулашки и ќе купуваат опрема

Published

on

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски во гостувањето во емисијата „Во живо – Програма на градови” на МРТ1 информираше дека иницијативата за општо корисна работа на малолетници кои вандализираат урбана опрема во Центар предвидува фарбање на клупи, менување лулашки, но и купување на опремата којашто ја имаат оштетено. 

„Преку општествено корисна работа, малолетните деликвенти, односно оние што имаат уништено дел од урбаната опрема, заедно со родителите да фарбаат клупи, менуваат лулашки, да си ја купат опремата којашто ја оштетиле. Зошто да трпат сите граѓани? Ни се трошат општински средства, односно граѓански средства за постојана реконструкција на неколку месеци и обновување на детски катчиња, кога може да го наплатиме од оние коишто го уништуваат истото. Што се должни останатите жители да трпат ваков вандалски однос на дел од малолетниците и не е само уништувањето, туку и нарушувањето на јавниот ред и мир во ноќните часови во одредени маала. Постојано повикуваме до МВР да има што поголем број на полициски контроли за сето тоа да го стопираме”, вели Герасимовски. 

Герасимовски, истакнува дека соработката на Управниот одбор на ЗЕЛС е одлична со сите градоначалници без разлика на политичка партија. 

„Доколку ние меѓусебно не се поддржуваме и не соработуваме на крај страдаат граѓаните. Нас ни е целта и за тоа сме избрани да направиме што подобри услови за живот на нашите жители”, рече Герасимовски. 

По низата случаи со украдениот багер и уништено возило во Капишец, уништени детски и спортски игралишта, како и крадење на опремата на хигиеничарите во општината, Општина Центар достави иницијатива до ЗЕЛС која беше едногласно прифатена за вршење општокорисна работа на малолетните деликвенти кои вандализираат во Центар. 

„Потребни се неколку законски измени за истата да профункционира, но одлично пројде во јавноста и верувам дека преку ЗЕЛС и Владата ќе ја вметне во нови законски измени коишто за брзо време ќе бидат спроведени”, порача Герасимовски.

Скопје

Скандал во Скопје: Дрифт собир со 300 возила за време на ден на жалост!

Published

on

Додека цела земја тагува по трагедијата во Кочани, група несовесни граѓани организирале дрифт настан со над 300 возила на паркингот на СЦ „Борис Трајковски“, притоа пријавувајќи „снимање спот“. Настанот резултирал со десетина судари и материјална штета.

Директорот на спортскиот центар, Данијел Апостолоски, жестоко реагираше, истакнувајќи дека не дал дозвола за ваков настан и дека вакво нешто никогаш нема да дозволи. Благодарение на брзата интервенција на МВР и ПС Карпош, собирот бил прекинат.

„Апелирам до сите граѓани да ги почитуваме деновите на жалост и да покажеме човечност. Жртвите и нивните семејства заслужуваат спокој и почит“, напиша Апостолоски во својата објава.

Видеото може да го погледнете тука

Continue Reading

Скопје

Додека копале темели за нова зграда во Скопје, ја забетонирале и канализацијата !!!

Published

on

На улицата Мирче Оровчанец во центарот на Скопје, во близина на Универзална сала, затната е фекалната канализација бидејќи градежник додека градел зграда ја забетонирал цевката за фекалии. Градежникот додека ја правел јамата и копал за поставување на армирано бетонски колови, т.н. шипови, ја погодил цевката за канализација. Потоа додека полнеле со бетон, ја наполниле и цевката и таа е забетонирана. Сега фекалиите од останатите згради и куќи на улицата не можат да течат низ цевката и преку клозетските шолји ќе им се враќаат во домовите.
Сдк.Мк

Continue Reading

Скопје

Ѓорѓиевски: Поддршка за бизнисот и инвестициите низ целата држава

Published

on

Градоначалникот на општина Кисела Вода и претседател на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски, денес оствари средба со претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески. На средбата се разговараше за клучни теми како децентрализацијата, инвестиционата активност на општините и поддршката на бизнисот.

„Стопанската комора на Македонија ќе ги поддржи сите интенции на Владата кои одат во насока на остварување на раст од 4%, градењето на правна држава и почитувањето на принципите на пазарната економија,“ истакна Азески.

Ѓорѓиевски го информираше претседателот за активностите на општината, при што беше нагласена важноста на создавање поволна бизнис-клима, елиминирање на пречките за инвеститорите и поддршка на компаниите кои отвораат нови работни места и водат сметка за еколошките стандарди.

„Продолжуваме со активности за економски раст, подобрување на условите за бизнисите и развој на општините,“ порача Ѓорѓиевски.

 

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк