Connect with us

Црна Хроника

Нова жртва на патиштата во Македонија: Прегазен пешак

Published

on

Пешак вчеравечер бил усмртен на магистралниот пат Гостивар – Кичево, на крстосницата за с.Колибари, Кичевско.

Од МВР информираат дека автомобил „рено меган“ со кичевски регистарски ознаки, управуван од Р.И.(66) од село Горно Строгомиште, Кичевско, синоќа околу 23:15 часот удрил во пешак И.А.(66) од с.Колибари.

-Од здобиените повреди, пешакот И.А. починал на местото, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт – велат од полицијата.

Увид извршила екипа од ОВР Кичево и по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.

Црна Хроника

Вака изгледа излезот од дискотеката „Пулс“ во Кочани

Published

on

Мала врата од каде требало да излезат над 500 млади посетители.Вака изгледа излезот од дискотеката „Пулс“ во Кочани каде вчера се случи трагедија на концерот на групата ДНК. Објектот изгледа целосно запуштен и допрва ќе се испитува дали ги задоволувал стандардите за концерти и настани. Владата веќе најави инспекција на сите вакви објекти.

денешен.мк

Continue Reading

Црна Хроника

ВИДЕО: Последната снимка на членовите од бендот „ДНК“ Ѓорги Ѓорѓиев и Филип Стевановски

Published

on

Меѓу жртвите во трагичниот пожар во дискотеката во Кочани се и Филип Стевановски, директор на Центарот за култура „Ацо Шопов“ во Штип, и Ѓорѓи Ѓорѓиев, редовен член на бендот „ДНК“.

Стевановски беше избран за нов директор на Центарот за култура „Ацо Шопов“ на 24 јануари оваа година.

Пред почетокот на настапот синоќа, двојцата објавија последно видео на социјалните мрежи.

Погледнете го видеото

Continue Reading

Црна Хроника

Таткото кој трагаше по ќерките низ болниците едната ја најде меѓу повредените, другата меѓу починатите

Published

on

Во пожарот што избувна во дискотеката во Кочани, загина и Лепа Тасева, на 25-годишна возраст.

Нејзиниот татко, Бобан Тасев, претходно трагајќи по неа и нејзината сестра Марија, изјави: „Дојдовме тука да ја бараме, во Кочани ја нема, во Скопје ќе ја бараме“.

Таткото сведочи дека ја нашол Марија, која е хоспитализирана поради повреди што ги задобила при падот за време на евакуацијата. За жал, при паничната ситуација, врз неа газеле други луѓе кои се обидувале да се спасат.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк