Connect with us

Црна Хроника

СЕ РАСПАЃА МРЕЖАТА НА ШТЕКЛИ Уапсен важен член на кланот

Во скопските кругови, Дарко Голубовски важи за контроверзна фигура која редовно се движи во криминални друштва, пишува Радио Лидер.

Дарко Голубовски – Кнеле, препознатлив по своето појавување во спотот за песната „Алал Вера“ на Слаткаристика и како гостин во Лазаров Подкаст, од вчера се наоѓа во притвор под сомнение дека бил вклучен во трговија со дрога за познатиот нарко бос Раде Трајковски – Штекли, открива Радио Лидер.

Во полициската акција се запленети околу четири и пол килограми кокаин, а како еден од осомничените е идентификуван токму Голубовски, жител на Керамидница, познат во скопските кругови како Кнеле.

Директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, објави дека со оваа акција, групата околу Штекли се проширила со уште двајца нови членови, кои сега се наоѓаат во притвор во Шутка.

– Одземени се над 4 килограми кокаин од групата на Штекли. Упорноста и професионализмот се клучни за успешната истражна работа. Во координација со Јавниот обвинител, продолжуваме со активностите против оваа криминална група. По само нецел месец од претходната акција, повторно запленивме значителна количина дрога од истата банда. Борбата против недозволената трговија продолжува – нема непобедливи криминални структури – изјави Јанев.

Според информациите од ОЈО Скопје, по анализа на материјалните и видео докази собрани при претресите на 18 и 19 јануари, од слобода биле лишени две лица, меѓу кои и Голубовски.

Истражителите од Лабораторијата за дигитална форензика откриле дека првоосомничениот, приведен во Гевгелија, сокрил 3,5 килограми кокаин во бункер на патничко возило.

„При дополнителни претреси во домовите на приведените, пронајден е уште еден килограм кокаин. Обвинителството издаде наредба за истрага и побара притворски мерки од судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд – Скопје“, информираат од ОЈО.

Во скопските кругови, Дарко Голубовски важи за контроверзна фигура која редовно се движи во криминални друштва.

Ако го отворите неговиот Фејсбук профил, таму ќе забележите фотографии со членови на скопското подземје. Освен во близина на Раде Штекли, како и со познати скопски угостители, но и со јавни личности.

Самиот Голубовски сведочеше во Лазаров Подкаст дека прекарот Кнеле сам си го доделил, бидејќи бил импресиониран од српскиот дизелаш Александар Кнежевиќ – Кнеле, кој беше убиен во 1992 година.

Освен тоа, јавноста го памети и како херој во спотот за песната „Алал Вера“ на раперот Марко Маринковиќ – Слаткаристика.

Advertisement

Црна Хроника

Автомобил со американски таблички излетал од коловозот кај Кичево: една жена тешко повредена

Рано утрово, околу 03 часот, на магистралниот пат Гостивар–Кичево, во близина на селото Трапчин Дол, патничко возило „Волво“ со американски регистарски ознаки излетало од коловозот, информираа од ОВР Кичево.

Возилото го управувал Ф.А. (32) од Кичево, кој во несреќата се здобил со телесни повреди. Сериозно повредена е сопатничката А.З. (25) од Кичево, кај која биле констатирани тешки телесни повреди во Медицинскиот центар Кичево.

На местото на настанот извршен е увид од увидна екипа на ОВР Кичево, а причините за сообраќајката дополнително се утврдуваат.

Continue Reading

Црна Хроника

Тројца приведени по физички напад во Тетовско

На 07.12.2025 во 04:00 часот во с.Желино, полициски службеници од ПО Групчин и ПС Тетово, ги лишија од слобода А.Ф.(37) и Ќ.Б.(33), двајцата од с.Желино и С.И.(46) од с.Требош, кои биле пријавени од И.К.(37) од с.Прељубиште дека во угостителски објект во с.Желино физички го нападнале. Исто така, според пријавеното, И.К. на паркингот на објектот оштетил две паркирани возила. По документирање на случајот ќе биде изготвен соодветен поднесок. 

Continue Reading

Црна Хроника

Со пиштол ограбена обложувалница – МВР со детали

На 06.12.2025  во 20:40 часот, во ОВР Струга е пријавено дека во обложувалница во Струга едно лице со закана со пиштол, од вработената одзело пари. 

Се преземаат мерки за расветлување на настанот, по што против сторителот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг