Saturday, January 17, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Сиљановска Давкова со поддршка за младите балерини од „Булфрогс Балет“

by Уредник
12.02.2025
in Uncategorized

Претседателката на Република Македонија, Гордана Сиљановска Давкова, оствари средба со младите балерини од балетското училиште „Булфрогс Балет“, како и со неговата уметничка директорка и основачка, Александра Никифоровски.

На средбата, таа беше запознаена со успесите на ова уникатно интернационално приватно балетско училиште, кое со посветеност и професионализам создава квалитетни млади уметници. Голем повод за гордост е нивниот изборен пласман во финалето на Младинското американско Гран-при, кое ќе се одржи во април годинава во Тампа, Флорида. Ова е исклучителен успех за македонскиот балет, бидејќи станува збор за најголемиот балетски натпревар во светот и еден од трите најпрестижни глобални натпревари.

Претседателката Сиљановска Давкова изрази надеж дека ќе се најде решение за овие 18 талентирани балерини да ја претставуваат Македонија со својата изведба на „Сон на летната ноќ“. Таа нагласи дека оваа шанса не смее да се пропушти и дека учеството на ваква сцена ќе биде огромен чекор за нивната кариера и афирмација на македонската балетска уметност.

На средбата се разговараше и за пошироките предизвици на македонската и светската балетска сцена, за значењето на уметноста во физичкиот и емоционалниот развој на младите, како и за нивната успешна интеграција во општеството преку културата.

Сиљановска Давкова им вети поддршка и најави дека наскоро ќе биде организиран настан во Македонија, каде што овие талентирани балерини ќе можат да го претстават својот талент пред домашната публика.

„Со нетрпение очекувам да ги гледаме на сцена, горди на нивниот успех и талент“, порача претседателката.

Next Post

Доживотна казна затвор за Фадил Зејнелов за убиството на Емилија Пешева

КОЦЕВСКИ САМ СИ ЈА ЗАПЕЧАТИ КАРИЕРАТА Хајрулахи вели дека „канцерот СЈО“ го зафатил и Советот за јавни обвинители

Препорачани Вести

Меџити: Со електрични возила до почист воздух и слободни улици

8 months ago

Директорот на НАЕОПМ, д-р Петар Богојески, донесе одлука за раскинување на договорите со тројца евалуатори

9 months ago

Популарни Вести

  • Божиновска за Бизнис Вести: Годинава ја поставивме основата за зелена енергетска иднина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како го криеја тинејџерот бегалец од правдата: Обвинение за помагачите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лишени од слобода возачи во Валандово, Гевгелија и велешко затоа што управувале возила под дејство на алкохол, возачот во велешко излетал од патот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Балканска земја испраќа војници на Гренланд!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Тетово уапсен криминалец баран со потерница

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.