Connect with us

Македонија

Проданоски: После седум години девастиран систем, СДС глуми загриженост и продава демагогии, ВМРО-ДПМНЕ работи на зголемување на животниот стандард

Published

on

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Дејан Проданоски, во Клан дебата на истоимената телевизија, истакна дека економијата за разлика од пред седум години, се обновува и се оди кон зголемување на економскиот раст, меѓутоа го потенцираше фактот дека седумгодишното упропастување на системите довело до сето ова денес повторно да се обновува.

„После седум години девастирана држава, упропастени сите системи кои што беа воспоставени претходно и навистина е тешко да се направи еден таков брз старт како што очекуваат граѓаните, меѓутоа сите овие политики кои што се спроведуваат во последните месеци од кога ВМРО-ДПМНЕ ја има власта, покажуваат резултати“, изјави Проданоски во контекст на економијата и додаде дека мерките преку кошничките што ги презема Владата, дале придонес до некоја мера.

Проданоски исто така додаде дека дотолку бил уништуван економскиот систем во државата со тоа што немало ниту пари за плати, а Буџетот бил направен од тогашната власт, за да се издржи само 6 месеци, односно како да знаеле дека толку ќе бидат на власт.

„Наследивме девастиран Буџет, прогнозиран односно проектиран само за 6 месеци во 2024 година, како да знаеа владејачкото тогаш мнозинство од СДС, дека до 6ти месец завршува нивната сага, односно нивното уништување на Македонија и се пристапни кон ребаланс на Буџетот за да може да се преживее“, посочи пратеникот.

Проданоски напомена во делот на енергетиката дека ќе има нова инвестиција во вредност од 500 милиони евра.

„Сведоци сме дека нашиот премиер кажа дека во скоро време почнува најголемата инвестиција во енергетиката, а тоа се пола милијарда евра за обновлива енергија“, потенцираше Проданоски.

Проданоски нагласи дека е срамно тоа што СДС после 7 години власт, не успеа ништо да направи на полето енергетика, а уште помалку и за стандардот на граѓаните. Тој вели дека доколку сакале да им помогнат на граѓаните, можеле да го направат тоа.

„Жално е да СДС предлага мерки за задржување на стандардот на граѓаните, а истите тие работеа 7 години на уништување на стандардот на граѓаните и ова што се случува сега, не се случи за еден месец“, потенцираше Проданоски и заклучи:

„При висока инфлација се полнеше сериозно Буџетот од даноците и се поставува прашањето, каде се сега тие средства со кои што се полнеше Буџетот, а сите добро знаеме дека завршија во џебовите на тогашните функционери на СДС“.

Македонија

Директорката на клиниката за пластична хирургија низ солзи им се заблагодари на странските доктори за помошта по трагедијата во Кочани

Published

on

Д-р Јасмина Ѓоргиевска Павловска, директорката на Универзитетска клиника за пластична и реконструктивна хирургија низ солзи се заблагодари на докторите од Израел, Чешка и Србија кои дојдоа во земјава за да им помогнат на нашите доктори по големата трагедија во Кочани.

„Сакам да ви се заблагодарам на сите што сте тука и ни помагате во оваа ситуација. Завршивте одлична работа. Ни го дадовте патот по кој треба да одиме, за да го направиме најдоброто за овие млади души и да им дадеме шанса да го видат светот“, вели Ѓоргиевска Павловска.

Емотивното видео го објави Sheba Medical Center Global Impact, еден од водечките светски медицински центри, со седиште во Израел. Нивниот тим изведе 35 процедури на пациенти во четири различни болници во Македонија.

Continue Reading

Македонија

Ослободена мечка фатена во стапица

Published

on

Регионалниот ЦУК Битола, известува дека преку Единствениот број за итни случаи 112 во ЦУК е добиена пријава за заробено диво животно како последица од поставена криволовна замка во атарот на помеѓу селата Љубојно и Брајчино (Општина Ресен).

Пријавителот претпоставил во пријавата дека најверојатно се работи за мечка поради гласното рикање што се слушало во непосредна близина на мостот на Брајчинска Река.

За оваа ситуација, од страна на ЦУК веднаш е известена Гранична полиција Маркова Нога, Полициска станица Ресен, Концесионерот – ловното друштво и други субјекти за понатамошно постапување.

По интервенцијата на надлежните служби од Концесионерот -Ловното друштво, со присутен ветринар, од НП „Пелистер“ и од полицајци од МВР мечката е успиена и безбедно ослободена.

Continue Reading

Македонија

Детална временска прогноза за утре: Еве какво време ја очекува Македонија

Published

on

Утре (6 април недела) поради продор на многу ладен бран директно од Сибир кон нашата Република Македонија, ќе дојде до формирање на секундарен снежен циклон, а температурите ќе опаднат за 10 до 15 степени во однос на оние кои ги имаме денес (5 април сабота).

Токму овој циклон ќе условува пообилни врнежи кои освен на повисоките населени места и на планините, како и на Скијачките центри, да преминуваат во врнежи од снег во повеќето пониски места (градови). Сето ова ќе биде проследено со повремено силен ветер од северен правец (над 65 км/час).

На планините и на Скијачките центри ќе се формира снежна покривка од 10 до 20 cм, во делови од овие места таа ќе биде со висина дури и од над 30 cм. Што се однесува до градовите, снежната покривка особено во западната половина од нашата Република Македонија ќе биде со висина од 5 до 10 cм, во делови од градовите таа би можела да биде и малку поголема. Во останатите делови од Македонија снежната поркивка ќе биде многу мала, а особено во Повардарието и во југоисточните предели таа речиси и дека ќе ја нема.

Што се однесува до времето во Скопје, утре (6 април недела) ќе има врнежи, кои на околните планини, а потоа и во повисоките предели од котлината ќе бидат од снег и ќе се формира снежна покривка, особено на околните планини. Слабо провејување на снег би можело да има и во делови од пониските делови од котлината. И во Скопскиот регион повремено ќе дува силен северен ветер (над 60 км/час).

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк