Connect with us

Магазин

Струмичанец бил патријарх на Ерусалим во 12 век

Published

on

Во ова житие читаме дека Лав се родил во семејство на благочестиви христијани во Струмица. Кога научил да чита и да пишува почнал да ги проучува тајните на Светото писмо и во душата му се родила желбата да стане монах. По смртта на своите родители, заминал во некоја шума за да се подвизува. По извесно време отишол во Цариград во манастирот „Пресвета Богородица“ каде се замонашил.

За да го зајакне својот дух честопати излегувал по улиците на Цариград, правејќи се дека е луд. Мнозина го навредувале, па дури и го тепале, а тој го издржал сето тоа со големо смирение. По некое време во Цариград стигнал архиерејот од Тиверијада, кому Лав почнал да му служи. Потоа заедно заминале за Ерусалим. По смртта на тамошниот игумен, тој бил избран за нов игумен. За неговите особини набргу разбрал византискиот цар Манојло Комнен (1143 – 1180 год.) и по негова желба Лав бил избран за патријарх на Ерусалим. Но, тогаш со Ерусалим владееле Латините и тие не му дозволувале на овој православен патријарх да богослужи на Светиот господов гроб во храмот на Христовото Воскресение. Дури подготвувале и негово убиство. Заради тоа, по наредба на царот Манојло Комнен, свети Лав се вратил во Цариград, каде починал во 1190 година. Неговите мошти биле положени во храмот посветен на свети Архангел Михаил.

Во времето кога живеел свети Лав (12 век) Македонија била под византиска власт, но оваа држава била прилично ослабната од претходните навлегувања на крстоносците на Балканот, кои притоа ја пустошеле и Македонија. Тоа е време и кога богомилската ерес била прилично раширена во нашата земја. Но, свети Лав најмногу време поминал во Цариград, а видовме дека бил хиротонисан за Ерусалимски патријарх, но дека не можел слободно да седне на патријаршискиот престол затоа што Ерусалим тогаш се наоѓал под власта на Латините. Познато е дека Ерусалим бил освоен од Турците селџуци во 637 година. За време на Првата крстоносна војна, во 1099 година, Ерусалим паднал под власта на Французинот Годфри де Булоњ, кој бил главен војсководител на крстоносците. Муслиманите повторно го зазеле Ерусалим дури во 1187 година. Ова значи дека во времето, кога свети Лав бил назначен за Ерусалимски патријарх, и навистина со овој град владееле Латините (Французите). Тие, пак, секако дека предност давале на својата католичка вероисповед, па затоа не му дозволувале на свети Лав слободно да ја врши богослужбата поради што тој се вратил во Цариград. Три години пред смртта на свети Лав, Ерусалим бил повторно заземен од муслиманите.

Свети Лав е еден од ретките Македонци кои ја носеле титулата патријарх. Посебно важно е што тој бил патријарх токму во светиот град Ерусалим. Нашата наука треба да посвети поголемо внимание на овој наш познат сонародник, кој денес е признат како светител од православните цркви вклучително и од МПЦ и е познат под името Свети Лав втори ерусалимски, а неговиот празник е на 14 мај (стар стил), т.е. на 27 мај (нов стил).

Aлександар Донски

Извор: mkd.mk

Магазин

Најмалку населените држави и територии во светот: Светиот Престол со само 501 жител

Published

on

Најмалку населените држави и територии во светот: Светиот Престол со само 501 жител

Според најновите податоци, неколку островски држави и територии се издвојуваат како најмалку населените места на планетата. На самиот врв на листата се наоѓа Светиот Престол (Ватикан), со едвај 501 жител.

Во продолжение е листата на десетте држави и територии со најмал број на население:

Светиот Престол (Ватикан) – 501 жител

Ниуе – 1.800 жители

Токелау – 2.600 жители

Фолкландски Острови – 3.500 жители

Монсерат – 4.400 жители

Света Елена – 5.200 жители

Сен Пјер и Микелон – 5.600 жители

Тувалу – 9.600 жители

Острови Волис и Футуна – 11.200 жители

Сен Бартоломеј – 11.300 жители

Иако се со мал број на жители, овие држави и територии се карактеризираат со богата култура, уникатна историја и специфична географска положба, што ги прави посебни на светската мапа.

Continue Reading

Магазин

„ПАРКЕТИ“ ГО НАЈАВИ СВОЈОТ НАЈГОЛЕМ КОНЦЕРТ ДОСЕГА НА 26 АПРИЛ ВО СКОПЈЕ

Published

on

Битолскиот рокенрол бенд „Паркети“ го најави најголемиот концерт во своето долгогодишно постоење, што ќе се одржи во Младински културен центар во Скопје на 26 април. 

На концертот насловен „Паркети и пријатели“ ќе има и бројни гости, што ги вклучува Димиш, „Д Далтонс“, Зоки Агресор, Сеад Хаџиќ-Сецко, Сашо Поповски, Донплеја, Александар Ристовски-Принц и други.

„Поентата на овој единствен концерт е чисто пријателство и љубов кон рокенролот. Многу музика и многу легенди на едно место“, најави Сашо Паркет, фронтменот на бендот кој постои повеќе од три децении.

Картите се продаваат по цена од 400 денари. 

(Фото: Фејсбук)

Continue Reading

Магазин

ТРАМП СЕ РАСПРАШУВАЛ ЗА АНА ИВАНОВИЌ Претседателот на САД е маѓепсан од Србинката, тврди дека е најубавата жена на светот

Published

on

Оваа необична анегдота, која датира од 2013 година, се случи во Њујорк кога Трамп се сретна со тогашниот српски премиер Ивица Дачиќ. За време на таа средба, Трамп зборувал за Ана 15 минути, не криејќи ја својата фасцинација од нејзиниот изглед.

Во време кога јавноста се занимава со наводниот крај на бракот меѓу Ана Ивановиќ и Бастијан Швајнштајгер, повторно се појавува стара приказна која никогаш не престана да интригира – изјавата на Доналд Трамп дека српската тенисерка е „најубавата жена што ја видел“.

Оваа необична анегдота, која датира од 2013 година, се случи во Њујорк кога Трамп се сретна со тогашниот српски премиер Ивица Дачиќ. За време на таа средба, Трамп зборувал за Ана 15 минути, не криејќи ја својата фасцинација од нејзиниот изглед.

– Таа е најубавата жена што сум ја видел во животот – рекол Трамп, а се зборува дека подоцна, во неколку наврати, прашувал за неа, дури и кога веќе била во брак.

Ана Ивановиќ лично го запозна Трамп една година подоцна, што беше снимено на заедничка фотографија. Иако никогаш не ги коментираше неговите зборови, тенисерката во тоа време веќе беше во врска со германскиот фудбалер, за кој набрзо се омажи.

„Средба со шефот“, напиша тогаш Ана Ивановиќ во описот на фотографијата со Трамп.

Како што растат шпекулациите за разводот на Ана Ивановиќ и Бастијан Швајнштајгер, вниманието повторно е свртено кон изјавата на Доналд Трамп, кој еднаш рече дека Ана е најубавата жена што ја видел.

Ана остави голема трага во светот на тенисот, освои бројни награди и признанија. Но, нејзината убавина и харизма не застанаа само на теренот. Таа ги освои срцата на публиката, модните брендови, па дури и на светските лидери.

Ана мами воздишки и од теренот, а нејзината природна убавина го маѓепса Доналд Трамп.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк