Connect with us

Црна Хроника

Украдена „Опел Астра“ во Тетовско

Published

on

policija tetovo

На 12.02.2025 на регионалниот пат Тетово-с.Брвеница, полициски службеници од СВР Тетово со оштетувања го пронашле патничкото возило „опел астра“ со тетовски регистарски таблички, а за кое претходно З.Р.(44) од с.Горно Седларце во Полициското одделение Камењане пријави дека му било одземено на паркинг простор во с.Пирок на регионалниот пат Тетово – с.Пирок. Извршен бил увид и возилото му било вратено на сопственикот.  

Црна Хроника

Излегол со пријателите да го прослави раѓањето на синот и го загубил животот во пожарот во „Пулс“

Published

on

Триесетгодишниот Тоше Богданов е еден од 59 загинати во пожарот во кочанската дискотека „Пулс“. Како што пренесува српски Телеграф, Богданов излегол со своите пријатели заеднички да го прослават раѓањето на својот син.

Богданов кој бил од Облешево, работел како автомеханичар и живеел со сопругата, која според неофицијални информации се породила неколку дена пред трагедијата.

Во пожарот во дискотеката „Пулс“ загинаа 59 лица а над 150 се повредени. Најмладата жртва имала само 14 години.

Маркукуле.мк

Continue Reading

Црна Хроника

Доктор Џунејд Адеми со скршено срце раскажува за своите искуства во Кочани

Published

on

Пишува Доктор Џунејд Адеми

Денес, како лекар во итната помош,се упатив кон болницата во Штип,блиску до градот каде што се случи трагедијата – пожарот во Кочани.Слики што не можат да се опишат со зборови.Болка, тишина и плач што ја потресуваат душата.

Меѓу таа темнина,пренесовме две млади лица–едно момче и една девојка со тешки изгореници, но со очи полни со живот и надеж.Додека ги одржував свесни на пат кон болницата,ми ги раскажаа своите соништа и желби… и таму,срцето ми се скрши.

Во итната служба не сретнаа родители, со солзи и страв во очите,чекајќи вести за своите деца.Еден татко ми се приближи со треперлив глас,прашувајќи за ќерка си, која не можеше да ја најде никаде… и до ден денес не можам да ги опишам тие секунди што ги почувствував.Заедно со еден пријател, еден чесен човек,баравме и ја делевме болката што нè натера да разбереме колку сме мали пред вакви трагедии.

Денес повторно научив дека кога животот тежи и боли,не е важно од каде доаѓаме, што зборуваме или во што веруваме. Важно е да сме еден до друг,да бидеме човечни.

Заедно можеме да ги надминеме и најтешките трагедии.Само кога ќе ги споиме рацете, срцата и силите–ќе бидеме посилни од секоја болка.
#Кочани💔

Извор: zoom.mk

Continue Reading

Црна Хроника

Лазаров не е единствениот- меѓу загинатите во пожарот се уште двајца млади спортисти

Published

on

Фудбалерот Андреј Лазаров не е единствениот спортист кој загина во пожарот во дискотеката во Кочани.

Локалната телевизија М Нет јави дека меѓу жртвите е и 18-годишниот голман Дамјан Танески од Штип.

„Низ својата млада кариера која доправа требаше да се развива и да го чува голот, настапуваше за Мал Ајакс од Штип, беше во младинските категории на скопски Вардар, потоа беше дел од Брегалница и Кит Го од Пехчево“, информира телевизијата.

Меѓу загинатите е и 20-годишниот кошаркар Петар Ивановски. Трагичната вест ја потврдија од неговиот матичен клуб.

„Со голема тага ја примивме веста каде што нашиот соиграч Петар Ивановски е една од жртвите во синоќешната трагедија.

Тој беше голем човек со големо срце, беше голем борец и беше МВП на турнир М-14. Тагата е преголема, сочувство до семејството“, напишаа од Дино баскет.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк