Connect with us

Европа

КОШМАР ВРЕДЕН 55 МИЛИЈАРДИ ЕВРА: Овде се гради најскапата нуклеарна централа во историјата

Обединетото Кралство со децении нема изградено нова нуклеарна централа, а сега се соочува со еден од најголемите инфраструктурни предизвици во својата историја – проектот „Хинкли Поинт Ц“ Сместена на јужниот брег на каналот Бристол, во Сомерсет, ќе биде најскапата нуклеарна централа во историјата.

Проектот е погоден од бројни проблеми – од огромни доцнења и регулаторни пречки до зголемени трошоци и спорови за животната средина – што го прави Hinkley Point C „кошмар“ за ОК.

Проект кој трае со децении

Британската нуклеарна индустрија имаше силен почеток уште во 1950-тите, кога Калдер Хол стана првата нуклеарна централа која комерцијално произведуваше електрична енергија. Но, последната нуклеарна централа во земјата е изградена уште во 1980-тите, а многу постоечки реактори сега се при крај на својот животен век.

Бидејќи Обединетото Кралство се соочува со енергетски предизвици и транзиција кон поодржливи извори, владата донесе одлука за изградба на нуклеарната централа „Хинкли Поинт Ц“, која ќе обезбедува седум отсто од вкупната електрична енергија во Британија и ќе снабдува шест милиони домови, пишува градежниот портал „Б1М“.

Проектот уште од самиот почеток наиде на бројни пречки. Договорот беше потпишан во 2016 година, а проценетите трошоци тогаш беа 18 милијарди фунти, а завршувањето се очекува до 2025 година. Сепак, поради сложеноста на изградбата, построгите британски регулаторни барања и непредвидените тешкотии, трошоците се искачија на 46 милијарди фунти (55 милијарди евра), а завршувањето сега се очекува само во 203 година.

Нови реактори, стари пречки

Hinkley Point C е првиот британски проект кој користи EPR (European Pressurized Reactor), реакторска технологија развиена од француската енергетска компанија EDF, која е и главен изведувач на проектот. Овие напредни реактори трошат 17 проценти помалку ураниум од претходните генерации и се опремени со четири безбедносни системи кои штитат од потенцијални катастрофи. Иако тие веќе се користеа во Франција и Финска, нивната имплементација во ОК бараше 7.000 регулаторни прилагодувања, што ја забави работата.

Изградбата на ваков комплексен објект бараше распоредување на повеќе од 50 кранови, вклучувајќи го и Биг Карл, најголемиот земјен кран во светот. Само за темелите на еден реактор се употребени 9.000 кубни метри бетон, вкупно 25 отсто повеќе бетон, како и 35 отсто повеќе челик отколку во споредливи европски проекти.

Еколошки предизвици и отпор на локалната заедница

Иако нуклеарните централи често се предмет на контроверзии поради нивниот отпад, една од најголемите еколошки грижи на проектот Hinkley Point C е всушност рибата. Нуклеарните централи бараат огромни количества вода за ладење на реакторите, а за Hinkley Point C се изградени тунели долги осум километри кои ќе црпат до 120.000 литри вода во секунда од Бристолскиот канал. Експертите предупредуваат дека може да се вшмукаат голем број риби, поради што ЕДФ планира систем за нивно ловење и враќање.

Британските регулатори повикаа и на инсталирање на акустични уреди за одбивање риби со звук, но EDF сега ја оспорува таа одлука, тврдејќи дека технологијата е „непрактична и недокажана“. Наместо тоа, се предлага да се создадат нови мочуришта за да се компензира штетата направена врз екосистемот, што предизвика отпор кај локалните земјоделци и совети бидејќи ќе бара потопување на стотици хектари обработливо земјиште.

Што носи иднината?

И покрај сите проблеми, британската влада не се откажа од нуклеарната енергија и планира да изгради уште осум нови реактори до 2050 година, а Hinkley Point C ќе служи како модел за идните проекти, вклучувајќи го и Sizewell C, планиран како нејзина точна копија.ЕДФ тврди дека се научени вредни лекции и дека изградбата на втор реактор во Хинкли ќе биде 20-30 проценти поефикасно. Еден од клучните предизвици беше недостатокот на квалификувана работна сила – по децении без изградба на нуклеарни централи, беше потребно долго време да се обучат работниците и да се обезбедат синџири на снабдување. Сега се очекува дека овој процес ќе се забрза.

Тпортал.рс

Advertisement

Европа

Орбан категорично против заедничко финансирање на Украина: „Нема шанси предлогот да помине“

orban

По пристигнувањето на самитот на Европската Унија, унгарскиот премиер Виктор Орбан повторно го изнесе својот тврд став: Унгарија нема да поддржи финансирање на Украина преку заедничкиот кредит на ЕУ.

„Сметам дека ова прашање е мртво. Можеби ќе се обидат повторно, но нема шанси предлогот да добие мнозинство. За нас, тоа е надвор од дневниот ред“, изјави Орбан, додавајќи дека целата дебата треба да започне одново и да се преиспитаат идните чекори.

Премиерот потсети дека унгарскиот Устав јасно ги ограничува овластувањата на Владата: позајмувањето на пари што создаваат обврска за државата е можно само со одобрение од парламентот. „Јас немам такво овластување и не верувам дека кој било премиер некогаш ќе добие зелено светло од парламентот да ја задолжи Унгарија. Затоа, за Унгарија, патот на финансирање на Украина од заеднички кредит е апсолутно невозможен“, нагласи Орбан.

Во исто време, тој ја потенцираше својата цел на самитот: „Ние сме тука за чекори кон мир, а не кон војна.“

Европската Унија, од своја страна, планира да искористи 210 милијарди евра од замрзнат руски имот како основа за заем за Украина. Без ваква финансиска помош, Украина би можела да остане без средства веќе во вториот квартал од следната година, што би ја ставило во сериозна опасност во конфликтот со Русија – сценарио кое предизвикува загриженост во ЕУ за можна руска агресија врз Унијата.

Continue Reading

Европа

Кошта: Време е Западен Балкан да ја избере Европа

Земјите од Западниот Балкан стојат пред судбоносна одлука: продолжување по патот на старите поделби или храбар исчекор кон заедничка европска иднина. Оваа силна порака ја упати претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, по завршувањето на самитот ЕУ–Западен Балкан, нагласувајќи дека регионот повеќе нема простор за одлагање и двоумење.

„Покрај сите технички аспекти на процесот, суштината е во еден длабок политички избор – избор помеѓу минатото и иднината, помеѓу поделбите и помирувањето, помеѓу изолацијата и соработката. Токму овие вредности се темелите врз кои е изградена Европската Унија“, порача Коста во официјалното соопштение.

Тој нагласи дека процесот на проширување во моментов се движи со динамика каква што не била видена во последните 15 години и дека регионот мора да ја искористи оваа ретка можност. Проширувањето, подвлече Коста, не е трка меѓу земјите кандидати, туку процес заснован на индивидуални заслуги и реформи.

И претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, оцени дека проширувањето повторно е на агендата на Унијата. „За првпат по повеќе од една деценија, проширувањето стана реална и опиплива перспектива“, изјави таа, пофалувајќи го „импресивниот напредок“ на Црна Гора и Албанија, кои, според неа, стануваат позитивен пример за целиот регион.

Во своето обраќање, Кошта ги спомена сите земји од Западен Балкан, со исклучок на Србија, откако нејзиниот претседател Александар Вучиќ одлучи да не присуствува на самитот.

Тој повторно го нагласи забрзаниот напредок на Црна Гора и Албанија и изрази очекување дека Македонија би можела да направи значаен исчекор веќе следната година. За Босна и Херцеговина, Коста оцени дека усвојувањето на реформската агенда оваа година е клучен сигнал и неопходен предуслов за вклучување во Планот за раст, што би ѝ овозможило на земјата целосно да ја искористи поддршката од ЕУ и постепено да се интегрира во европските политики.

Што се однесува до Косово, Коста ги поздрави чекорите за градење доверба меѓу заедниците, истакнувајќи дека претстојните парламентарни избори ќе бидат пресуден момент – не само за зацврстување на реформите, туку и за посериозен и поконструктивен ангажман на европскиот пат.

Continue Reading

Европа

ЕУ ги заострува правилата: Нов режим за депортација на азиланти во трети земји

Европската Унија направи значаен чекор кон построга миграциска политика. Претставниците на земјите-членки и Европскиот парламент рано утринава постигнаа политички договор за нов сет правила со кои драстично се проширува можноста барателите на азил да бидат упатувани во таканаречени „безбедни трети земји“.

Со договорот им се отвора пат на земјите-членки да депортираат баратели на азил во држави надвор од ЕУ што се сметаат за безбедни – дури и во случаи кога лицата немаат никаква претходна поврзаност со тие земји. Доволно ќе биде да постои договор или друг формален аранжман меѓу конкретната членка на ЕУ и третата земја.

Досега, европските правила бараа барателот на азил да има „тесна врска“ со земјата во која се испраќа, како семејни односи или подолг престој во минатото. Со новите правила, таа обврска се укинува за повеќето случаи, што значи дека луѓето може да бидат испратени во држави во кои никогаш не биле и со кои немаат културни, социјални или семејни врски.

Исклучок остануваат малолетниците без придружба. За нив, условот за постоење реална врска со земјата во која би биле депортирани ќе продолжи да важи, како што бараа земјите-членки.

Иако договорот сè уште треба формално да биде усвоен за да стапи на сила, тоа се смета за чиста процедура, бидејќи преговарачите веќе постигнале компромис, наведува ДПА.

Европскиот парламент го расчисти патот за преговори вчера, откако предлогот доби поддршка од десничарско мнозинство. Клучните гласови „за“ дојдоа од пратениците на десниот центар и од крајната десница.

Прашањето дали е потребна лична или правна врска со „безбедна трета земја“ беше тема и во минатогодишните преговори за реформата на Заедничкиот европски систем за азил (CEAS). Тогаш беше договорено условот да остане, но и да биде преиспитан по одреден временски период.

Данскиот министер за имиграција, Расмус Стоклунд, ја оправда потребата од построги мерки со хуманитарни аргументи. „Илјадници мигранти се дават во Средоземното Море или стануваат жртви на шверцери на луѓе кои се богатат на нивна мака“, изјави тој. „Од суштинско значење е да се справиме со факторите што го поттикнуваат овој нездрав и нехуман систем“, пренесе ДПА.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг