Sunday, January 18, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Шеф на нарко-мафија од Македонија уапсен на аеродромот во Женева

by Уредник
14.02.2025
in Uncategorized

30 годишен нарко-шеф од Македонија баран по потерница од ЕУ распишана 2022 година бил уапсен на аеродромот во Женева, Швајцарија, по што бил екстрадиран во Австрија, објави германскиот портал Блик.цх.

Како што пишува порталот, Македонец, кој важи за водечки член на нарко-мафија ширум Европа, е уапсен на аеродромот во Женева. Тој од 2022 година се барал по потерница на ЕУ со налог за негово апсење.

Според информациите на порталот, Јавното обвинителство во Линц, Австрија го сомничи дека, меѓу другото, стои зад шверцот на четири килограми хероин и 1,5 килограми кристал мет.

Се претпоставува дека уапсениот Македонец, за да ги прикрие трагите го сменил името и досега успешно се криел надевајќи се дека швајцарската полиција нема да го препознае. Сепак тој бил уапсен на 29 јануари годинава на аеродромот во Женева.

Откако истражните органи го откриле тоа, налогот за апсење бил променет, а осомничениот Македонец уапсен.

По апсењето, осомничениот нарко-шеф бил екстрадиран во Австрија и во моментов се наоѓа во затвор во градот Линц.

Според „Кронен цајтунг“, уапсени се и други мажи кои се поврзани со шефот на мафијата.

Next Post

Работиме на долгорочни решенија кои ќе стават крај на загадувањето изјави првиот вицепремиер, Изет Меџити

И ГРАДЕЖНИЦИТЕ СТАНУВААТ ЗАВИСНИ ОД ГЕРМАНИЈА Вредноста на завршените работи таму е намалена за 17,8%

Препорачани Вести

СКАНДАЛ СО ВЛАДИНАТА ФАСАДА Петмина обвинети за злоупотреба, штета од милиони денари

11 months ago

Синот на херојот Кире Костадиновски, по цели 24 години, стапна на светата земја кај Вејце – местото каде што неговиот татко го даде својот живот за Македонија

9 months ago

Популарни Вести

  • ГОЛЕМА ПОБЕДА:Тина Русева е прва во Европа!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зимска анализа: Со што е најевтино да се загрева домот и каде се трошат најмногу пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хенли индекс 2026: Сингапур на врвот, македонскиот пасош бележи значителен напредок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Остров нуди работа од бајките: Плата од 15 евра на час и бесплатно сместување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Само еден ден е доволен: Овие европски метрополи се совршени за краток излет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.