Connect with us

Македонија

УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ кои чекаат поврат

Во системот на Управа за јавни приходи, за четвртиот квартал од 2024 година за 5,157 кориснички профили нема точни или ажурирани податоци со што не можат да им бидат исплатени средствата, инфомираше УЈП.

„Корисниците на МојДДВ кои немаат исплата насредства за претходни тримесечје, треба да проверат дали во апликацијата имаат оставени точни податоци за трансакциска сметка на нивно име за да може системот на УЈП да ја изврши исплатата.“, стои во соопштението од каде укажуваат на најчести грешки кои го одложуваат процесот на исплата:погрешно внесена трансакциска сметка, внесена трансакциска сметкана друго лице, наместо трансакциска сметка внесен број на платежна картичка, внесена трансакциска сметка која непостои или е згасната.

Во системот на Управа за јавни приходи, за четвртиот квартал од 2024 година за 5,157 кориснички профили нема точни или ажурирани податоци со што не можат да им бидат исплатени средствата, инфомираше УЈП.

„Корисниците на МојДДВ кои немаат исплата насредства за претходни тримесечје, треба да проверат дали во апликацијата имаат оставени точни податоци за трансакциска сметка на нивно име за да може системот на УЈП да ја изврши исплатата.“, стои во соопштението од каде укажуваат на најчести грешки кои го одложуваат процесот на исплата:погрешно внесена трансакциска сметка, внесена трансакциска сметкана друго лице, наместо трансакциска сметка внесен број на платежна картичка, внесена трансакциска сметка која непостои или е згасната.

УЈП додава дека во тек е исплатата на средствата за скенираните сметки во период октомври – декември кон 496,543 корисници. Според пресметките по основ на МојДДВ.ќе бидат исплатени над 870 милиони денари. Законскиот рок за исплата на повратот за четвртиот квартал е до 28.02.2025 година.

Откако ќе заврши реализацијата на редовниот поврат (четврт квартал), УЈП ќе отпочне и со реализација на средствата за корисниците кои имале неажурирани податоци и немало можност да се исплатат средствата во минатите квартали.

Advertisement

Македонија

Пролетни температури во декември: Сончевото топло време во текот на целата седмица

Продолжува доминацијата на високиот воздушен притисок, односно Антициклонот, кој и оваа седмица ни носи пролетно време.

Заборавете на студената зимска идила – времето останува стабилно и суво, а деновите ќе бидат натпросечно топли, иако утрата ќе бидат спартански ладни. Термометрите на повеќе места наутро ќе се спуштаат до минусни температури, што налага внимателно облекување пред изгрејсонце.

Сепак, не секаде ќе биде сончево. По котлините и речните долини, особено во текот на ноќта и утрото, маглата и ниската облачност ќе создаваат густа завеса. Овој феномен нема да ја заобиколи ниту Скопската котлина, каде што во утринските часови се очекуваат значително отежнати услови за сообраќај.

Дневните температури се вистински шок за декември. На повеќе места тие упорно ќе надминуваат 10 степени, додека во југоисточните предели живата може да скокне и до околу 15 степени. Ова значи само едно: невообичаено високите температури за овој период од годината продолжуваат да го одбележуваат целиот работен и празничен дел од седмицата.

Меѓутоа, оваа стабилна доминација се чини дека ќе биде прекината кон крајот на седмицата. Во сабота, на 20 декември, се очекува позначителна облачност и појава на повремен локален дожд. Подгответе се за мала промена на плановите за викендот.

Continue Reading

Македонија

Кадровски „ресет“ во СДСМ: Утре се избира новото партиско раководство

СДСМ утре ќе го официјализира новото партиско раководство, по турбулентниот почеток на декември кога, на барање на претседателот Венко Филипче, целото раководство поднесе оставка. Потег што од партијата го опишаа како „одговорен и морален“, а кој отвори простор за темелно кадровско рестартирање.

Филипче најави дека списокот со новите потпретседатели и членовите на Извршниот одбор е веќе затворен и дека јавноста утре ќе дознае кои лица ќе ја водат партијата во наредниот период. Според него, станува збор за внимателно избалансирана комбинација од искусни партиски кадри и млади луѓе со нова енергија.

„Се избира ново раководство – нови потпретседатели и нов Извршен одбор. Практично, нова сила во партијата, спој на искуството и младоста“, изјави Филипче во централниот дневник на „Сител“.

Лидерот на СДСМ најави и поширока офанзива надвор од партиските рамки – отворен фронт со граѓаните, политичките актери и граѓанскиот сектор, со цел, како што рече, да се стави крај на криминалната власт во државата.

Потсетуваме, на 2 декември, по иницијатива на Филипче, целото раководство на СДСМ поднесе оставка, со што започна процес на внатрешна реорганизација. Од партијата тогаш порачаа дека следува период на кадровско освежување, организациско зајакнување и вклучување на нови лица.

Утрешниот ден, според најавите, треба да ја покаже новата слика на СДСМ – со нови луѓе, нова поставеност и амбиција партијата повторно да се позиционира како силен политички играч на сцената.

Continue Reading

Македонија

Новогодишното украсување на Општина Тетово за 25.000 евра

Со мнозинство во Советот на Општина Тетово, на вонредна седница одржана онлајн доцна вчера попладне, се изгласа мнозинство иницијативата за празнично украсување на градот, одвојувајќи дарежливи 1.500.000 денари или речиси 25.000 евра за таа цел.

Оваа одлука, која претставува измена и дополнување на Програмата за активности во областа на културата за 2025 година, стави крај на долгогодишната „суша“ на новогодишна декорација.

Програмата беше изгласана со силната поддршка на советничкото мнозинство, составено од Коалицијата Вреди и ВМРО-ДПМНЕ.

„За оваа програма ‘за’ гласаше советничкото мнозинство составено од Коалицијата Вреди и ВМРО-ДПМНЕ… Со оваа одлука, Општина Тетово ја потврдува намерата градот да добие празничен сјај за крајот на 2025 година“, ентузијастички информираше претседателот на Советот, Јусуф Абдули.

Сепак, одлуката не помина без отпор. Против гласаа советниците од коалицијата НАИ, додека воздржани останаа советниците од Подобро за Тетово, Левица и СДСМ, потенцирајќи ја политичката поделба околу приоритетите.

Оваа одлука е особено значајна, бидејќи доаѓа по цели години во кои улиците и градскиот плоштад остануваа мрачни за време на празниците.

Во последните години од вториот мандат на поранешната градоначалничка Теута Арифи, и за време на целиот прв мандат на актуелниот градоначалник Билал Касами, официјалното образложение беше идентично: дека општината немала пари за новогодишни украси. Сега, со обезбедените 25.000 евра, градот е подготвен да ја прекине оваа непразнична традиција и да ја врати магијата на улиците.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг