Thursday, January 29, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Заев обвинет дека гради кула од 82 ката во Дубаи

by Уредник
14.02.2025
in Uncategorized

Поранешниот премиер Зоран Заев започнува изградба на кула од 82 ката во Дубаи, инвестиција вредна повеќе од 600 милиони евра, тврди неговиот претходник Никола Груевски.

Груевски на Фејсбук објави дека најголемиот дел од парите за оваа инвестиција се проневерени и пренесени со приватен авион во Дубаи, па ставени на банкарска сметка.

„Тој веројатно во моментот е многу горд на себе во овие денови кога според информациите започнува изградба на кула од 82 ката во Дубаи, инвестиција од над 600 милиони евра. Најголем дел од парите за оваа инвестиција се проневерени преку масовниот рекет како никогаш во постоењето на Македонија и со злоупотребата на власта во времето на неговото владење, пари во готовина и потоа пренесени со приватен авион во Дубаи и ставени на банкарска сметка. Истовремено се подготвува и за нова голема инвестиција во една друга земја во Азија, охрабрен од помислата дека ги решил сите прашања за негова неказнивост по сите можни основи. Но, овој лажен верник, зол и алчен за пари човек, треба да знае дека носи на душа многу луѓе, меѓу кои и Игор Југ, дека злото што го направи во Македонија и на Македонците за да дојде до тие милиони и милијарди евра, мнозинството од граѓаните на Република Македонија никогаш нема да му ги заборават и ќе бараат одговорност за предавствата на националните интереси и организираниот криминал поврзан со канабис, тендери во енергетиката, во РЕК Битола, во фармацијата за време на ковид кризата и воопшто за масовно раширената корупција и масовен рекет како никогаш во историјата од осамостојувањето на Македонија, како и за бруталниот политички прогон на политичките не истомисленици“, напиша, меѓу другото, Груевски на Фејсбук.

Next Post

МАКЕДОНСКИ ШЕФ НА ЕВРОПСКА НАРКО-МАФИЈА Ѝ ПАДНАЛ ВО РАЦЕ НА ПОЛИЦИЈАТА ВО ЖЕНЕВА: Го сменил името и се надевал дека нема да го фатат

ЌЕ СЕ ГРАДИ НОВ ГРАНИЧЕН ПРЕМИН КОН ГРЦИЈА

Препорачани Вести

Од 12 октомври: Македониците ќе користат киоск автомат за влез во Грција

4 months ago

Јапонски „Nissan“ затвора седум фабрики и 20.000 работни места ширум светот

9 months ago

Популарни Вести

  • Пронајден мртов политичар во Приштина, полицијата започна истрага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Меџити: Целта на „Безбеден град“ не е казнување, туку спасување животи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Техеран порачува: Отворени сме за разговори, но подготвени и за одбрана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Суспензија за агентите вмешани во убиството на Алекс Прети

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уставниот суд во Црна Гора ја укина забраната за работа на продавниците во недела

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.