Connect with us

Магазин

Без гладување: Тврди дека со оваа диета изгубила 25 килограми: На ден внесувам пет илјади калории

Редовно јаде јајца и месо, а тврди дека токму ваквиот начин на прехрана е заслужен за нејзината физичка трансформација и подобрена здравствена состојба.

Месната исхрана или диета станува се попопуларна, а се темели на конзумирање исклучиво животински производи, како месо, јајца и млечни производи.

Американката која веќе со години ја практикува месната диета, откри како изгледаат нејзините оброци од пет илјади калории, поради кои, како што тврди, изгубила околу 25 килограми.

Рејчел Ашби тврди дека благодарение на месната диета, ја подобрила општата состојба на нејзиното здравје, после долгогодишна борба со вишокот килограми.

На својот ТикТок профил Рејчел ја покажа својата трансформација, притоа откривајќи дневно мени кое се состои од пет оброци. За појадок најчесто јаде јајца со соја, додека повремено конзумира и путер. Потоа избира јагнешко месо, додека за третиот оброк конзумира пржени и посолени пилешки крилца. На крајот од денот избира говедско месо подготвено во путер.

“Буквално јадам путер поради вкусот, па кога маснотијата ќе престане да има добар вкус, тогаш прекинувам да јадам и знам дека на моето тело му е доволно”, објаснува Рејчел. Нејзините деца, буквално ја имаат истата исхрана како и нивната мајка.

“Не сум постела и никогаш не сум го ограничувала внесот на калории. Едноставно јадев кога бев гладна, се додека не станам целосно сита”, објаснува таа.

Иако Рејчел тврди дека нејзиното здравје е подобрено благодарение на месната исхрана, експертите изразуваат загриженост поради ваквиот начин на прехрана.

Диеталната терапевтка Џилиан Кубала објасни дека прехраната со мала количина јаглехидрати може да има бенефиции кај здравјето на одредени луѓе, како оние кои боледуваат од тип два дијабетис. Сепак, предупредува дека постојат “ограничени докази” за бенефициите од месната прехрана.

“Прехраната со мали количини зеленчук е поврзана со постојаниот зголемен ризик од неколку болести, вклучувајќи рак и болести на срцето, како и зголемен ризик од прерана смрт”, открива таа за магазинот Health, додавајќи дека експертите веќе долго време го поврзуваат преработеното црвено месо со појавата на ракот.

@carnivore.fitness I lost 4 stone and regained my health by eating fatty meat when I’m hungry until I’m full following the carnivore diet. I did not fast, I did not restrict, I just ate when hungry until I was absolutely full. My 5 meals I ate on repeat were -Eggs and salt (butter when I crave it) -Leg or shoulder of lamb, butter and salt -Air fried and salted chicken wings -Ribeyes -Beef brisket, butter and salt . #carnivorediet . https://instagram.com/carnivore.fitness?igshid=YmMyMTA2M2Y= . . . . . . #carnivorecoach #shawnbaker #sugarfee #carnivore #carnivoreaf #carnivorelifestyle #zerocarbs #carnivoreketo #yes2meat #meatheals #eatanimalfoods #ketocarnivore #ketogenic #primal #carnivorefitness #ketofam #lowcarbhighfat #ketolifestyle #fatadapted #humanfood #transformation #highfat #eatfatlosefat #lowcarblifestyle #eatclean #ukcarnivorecrew #vegan #veganism ♬ original sound – Rachel – carnivore diet coach

Advertisement

Магазин

Македонците потрошиле скоро 3 милиони долари на Onlyfans

Македонските корисници во 2025 година потрошиле речиси 3 милиони долари односно вкупно 2.869.784,63 долари на платформата за креирање содржини за возрасни – Onlyfans. 

Иако сумата изгледа висока, сепак таа останува занемарлива во глобалните рамки каде прометот се мери во милијарди, но Македонија и натаму е меѓу државите со најниска просечна потрошувачка во регионот.

На глобалната листа на приходи на Onlyfans за 2025 година, земјава е позиционирана на 86-тото место од вкупно 188 држави. Оваа година потрошувачката е повисока за речиси 370.000 долари во однос на 2024-та година, што претставува пораст од околу 14,82 проценти.

Анализите според потрошувачката усогласена по глава на жител покажуваат нешто подобар пласман односно 64-то место со просек од 12.877 долари на 10.000 жители.

Разликите меѓу земјите се значителни. Словенија е убедливо пред сите со просечни 6,8 долари по жител, следат Хрватска и Грција со по 4,6 долари, Србија со 2,6 долари и Црна Гора со 2 долари. Под Македонија се само Бугарија и Албанија, чија просечна потрошувачка не достигнува ни еден американски долар по жител.

Извор: 4news.mk

Continue Reading

Магазин

Ако го видите овој знак на патот, тргнете се веднаш: Казните се до 200 евра!

Европските земји постепено воведуваат нови сообраќајни правила, а еден знак веќе привлече големо внимание кај возачите. Станува збор за син сообраќаен знак со бел дијамант, чие игнорирање може да биде скапо – во Франција казната е 135 евра, додека во Шпанија е дури 200 евра.

Овој знак означува посебна лента која е наменета само за одредени категории возила. Во Франција, веќе може да се види во поголемите градови како што се Лион, Гренобл и Стразбур, а властите најавија дека ќе биде проширена на целата земја во наредниот период.

Лентата означена со бел дијамант не е достапна за сите. Дозволено е да се вози само со возила со најмалку двајца патници, автомобили со ознака за нулта емисија, такси – дури и кога не превезуваат патници – и јавен превоз. Другите возачи кои ќе се најдат во оваа лента ризикуваат казна.

Специјалните ленти најчесто се наоѓаат во левата лента на автопатите и експресните патишта, особено во областите каде што често се случуваат сообраќајни метежи, како што се приближувањата кон градовите или излезите од автопатите. Во некои случаи, овие правила важат само во одредени периоди од денот, што дополнително е означено со семафори или самиот дијамантски знак.

Целта на воведувањето на овој знак и посебните ленти е да се олесни сообраќајот и да се намали загадувањето. Со поттикнување на заедничкото возење и употребата на еколошки возила, властите сакаат да го намалат бројот на автомобили на патиштата и да го забрзаат протокот на сообраќај, особено во шпицот.

За возачите, ова значи едно – тие треба да обрнат дополнително внимание на сообраќајните сигнали, особено кога возат во странство. Незнаењето на ова правило не ги ослободува од одговорност, а казните можат да бидат сериозен удар за домашниот буџет.

Извор: 4news.mk

Continue Reading

Магазин

Ова се најевтини земји за живеење

Индија, Пакистан и Авганистан се меѓу најдостапните земји во светот кога станува збор за месечните трошоци за живот, покажуваат најновите податоци.

Индија нуди просечна месечна цена на живот од околу 423 американски долари, додека нејзиниот сосед Пакистан е уште поевтин со околу 370 долари месечно. На врвот на листата се наоѓа Авганистан, каде што просечните месечни трошоци изнесуваат околу 354 долари.

Иако овие земји се издвојуваат со ниски цени, експертите предупредуваат дека тоа често оди рака под рака со проблеми со безбедноста, а разликите во трошоците меѓу урбаните и руралните средини можат да бидат значителни.

Други достапни дестинации

Меѓу земјите со ниски животни трошоци се споменуваат и Непал и Бутан, кои се познати по прифатливите дневни трошоци. Во Африка, Бурунди се издвојува како една од најевтините држави.

Виетнам, пак, важи за омилен избор меѓу иселениците благодарение на ниските цени на храна, сместување и секојдневни услуги, наведува CNBC.

Најповолни земји за патување

Лаос, Индија, Тајланд и Филипини се меѓу најевтините дестинации за патници, главно поради евтината локална храна и транспортните услуги.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг