Thursday, January 29, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Дали граѓаните можат да очекуваат добри вести? Конечната одлука се очекува во понеделник, еве што предлагаат трговците

by Уредник
15.02.2025
in Uncategorized
Дали граѓаните можат да очекуваат добри вести? Конечната одлука се очекува во понеделник, еве што предлагаат трговците

Каков е предлогот на трговците во врска со високите цени?

Наместо ограничена маржа на 10 отсто за над 1.000 продукти, да се состави листа од 100, 200 производи кои граѓаните секојдневно ги купуваат и нивните цени да се намалат.

Ова е предлогот на трговците и дистрибутерите до Владата кои сметаат дека ќе помогне да се ублажи скапотијата.

Нивните проценки се дека со владината одлука за ограничување се опфатени многу производи и дека некој треба да бидат изземени.  Во понеделник треба да добијат одговор дали нивниот предлог се прифаќа или не.

Над 1.000 производи во секојдневната контрола е многу напорно и не може да се постигне бидејќи се случува, ги вадат картончињата затоа и имаме голем ризик фактор да дојде инспекција и да не биде обележана цената. Има многу труд и ресурси, а резулатот- не може да постигне да се спуштат што подолу цените, за да бидат подостапни за граѓаните, вели Даница Блажевска, претставник од Комората на трговци

На состанокот во Министерството за економија присуствувале и од Комисијата за заштита на конкуренцијата и од пазарна.

Реакцијата од трговците и дистрибутерите дојде откако Владата одлучи да ги ограничи маржите на дел од прехрамбените и непрехрамебените производи, по анализите од пазарна која покажа дека кај некои производи маржата достигнува и до 70 отсто. Со одлуката за ограничување освен оние 73 производи од есенската кошничка,  влегуваат и гелови за туширање, хигиенските влошки, пелени, храна за бебиња, прашоци.

Оваа мерка не се воведува прв пат. И претходната влада ја практикуваше, но, често беше критикувана.

Трговците и дистрибутерите бараат и да бидат вклучени во креирањето на синдикалната кошничка, за која се бара нов начин на пресметка, затоа што според премиерот Мицкоски во нејзе има чудни производи.

Next Post
Постојат огромни шанси: Овие пет градови во Европа можат да исчезнат во наредните 10 години

Постојат огромни шанси: Овие пет градови во Европа можат да исчезнат во наредните 10 години

Овие три хороскопски знаци живеат најдолго

Овие три хороскопски знаци живеат најдолго

Препорачани Вести

ЌЕ ДУВА СИЛЕН ВЕТЕР Температурата ќе се искачи до 20 степени

10 months ago
Албанската полиција уништи 22 илјади стебла марихуана

Албанската полиција уништи 22 илјади стебла марихуана

5 months ago

Популарни Вести

  • Божиновска: Меѓународните партнерства клучни за одржлива енергетска транзиција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Уставни измени нема да има без гаранции за правата на Македонците во Бугарија и за ослободување од ново вето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЕУ испраќа итна помош за Украина и Молдавија од 153 милиони евра

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Николоски со убави вести за македонските професионални возачи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Полска масовно купува злато и покрај растот на цените

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.