Connect with us

Технологија

Поранешниот шеф на Гугл со предупредување до сите држави во светот: “Овие чекори мора веднаш да ги превземете”

Published

on

Ерик Шмит со предупредување до светот поврзано со развојот на вештачката интелигенција.

Ерик Шмит, поранешниот извршен директор на Google, изрази сериозна загриженост за ризиците поврзани со развојот и злоупотребата на вештачката интелигенција (ВИ) од земји кои претставуваат значителни безбедносни закани.

Според него, земји како Северна Кореја, Иран и Русија можат да користат технологии со вештачка интелигенција за да развијат биолошко оружје или да ги искористат за други опасни намери.

Шмит ја нагласи потребата од внимателен владин надзор над технолошките компании кои развиваат напредни модели на ВИ, но исто така предупреди дека прекумерната регулација може да го забави напредокот на иновациите во овој сектор. Тој ја поддржа политиката на САД за контрола на извозот на моќни микрочипови, кои се основа за многу системи за ВИ, за да се спречи брзиот напредок на ривалските земји во оваа област.

Еден од најголемите ризици што Шмит ги посочи е можноста за „биолошки напад од злонамерни актери“, кои можат да злоупотребат ВИ за да создадат катастрофални последици. Тој изрази загриженост дека ВИ би можела да биде користена од страна на „злонамерни личности“ за да им наштетат на невини луѓе, на што се потсети на нападите на 11 септември и терористичките акции на Осама бин Ладен.

Иако Шмит е за регулирање на ВИ, тој нагласи дека важно е да се најде баланс помеѓу владината контрола и поддршката на иновациите. Според него, приватните компании играат клучна улога во развојот на ВИ, а владите мора да разберат што прават овие компании без да ги оптоваруваат со прекумерни регулативи.

Тој исто така предупреди дека премногу регулација, особено во Европа, може да го успори напредокот на технологијата која, според него, претставува најважната револуција по откривањето на електричната енергија. Шмит заврши со напомена дека, иако технолошките компании разбрале влијанието на ВИ, нивната проценка на вредностите може да се разликува од онаа на владите.

Технологија

Нокиа ја доби битката против Амазон: Гигантот од Финска продолжува да победува

Published

on

Nokia продолжува да победува во судски постапки и тужби кои ги поднела против бројни компании.

Amazon се согласи да ги лиценцира технологиите на Nokia за своите сервиси и уреди за стриминг на видеа.

На овој начин се реши и заврши судската парница која во 2023 година ја покрена поранешниот технолошки гигант од Финска.

Ова не е изненадување, бидејќи низ сличен процес (на овој или оној начин) поминаа и други компании, меѓу кои Apple, Oppo, Reddit, HTC и други.

Nokia е еден од лидерите во светот на мултимедиските технологии, вклучувајќи компресија на видео, испорака и препорака на содржина, како и аспекти во сегментот на хардвер.

Во текот на последните 25 години, Nokia создала речиси 5.000 изуми кои ги поддржуваат мултимедиските производи и услуги, додека истовремено продолжува да игра водечка улога во стандардизацијата и истражувањето на полето на мултимедија.

Continue Reading

Технологија

Експерименталниот AI модел на Google, Gemini 2.5 Pro достапен бесплатно за корисниците

Published

on

Корисниците на AI моделот Gemini, кои не ја плаќаат услугата, отсега можат бесплатно да ја користат експерименталната верзија на Gemini 2.5 Pro.

Google соопшти дека Gemini 2.5 Pro стана бесплатен за сите корисници, иако доаѓа со построги ограничувања за оние што не се претплатници. Google го претстави Gemini 2.5 Pro минатата недела и го нарече „најинтелигентниот AI модел досега“, а прво го добија корисниците на Gemini Advanced. Сепак, сега е достапен во Google AI Studio и во апликацијата Gemini.

Иако корисниците можат бесплатно да го испробаат експерименталниот модел, од Google додаваат дека „корисниците на Gemini Advanced имаат проширен пристап и значително поголем контекстуален прозорец“. Експерименталниот Gemini 2.5 Pro е првиот од моделите Gemini 2.5 на Google што „размислуваат“. Во блогот, компанијата објасни дека тоа се однесува на способноста за анализирање информации, извлекување логички заклучоци, вклучување контекст и препознавање и интерпретација на суптилни разлики во значењето на зборови, фрази или реченици, како и донесување информирани одлуки.

Continue Reading

Технологија

„Wuling Hongguang Mini EV“: Најпродаван електричен автомобил за само 5.900 евра

Published

on

Малиот и пристапен електричен автомобил „Wuling Hongguang Mini EV“ го зазеде првото место по продажба во февруари, со продадени 31.222 примероци. Ова урбано возило, создадено во партнерство меѓу General Motors, SAIC и Wuling, се издвојува по својата практичност, компактни димензии и ниска цена од само 5.900 евра.

Со должина од 307 см, овој минијатурен автомобил може да прими четири патници, а неговиот електромотор од 20 КС му овозможува брзина од 90 km/h. Батеријата од 17 kWh му нуди досег од 215 километри, што го прави идеален избор за градска мобилност.

Моделот неодамна доби целосно обновување, а успехот на пазарот го докажува неговата доминација пред конкурентите како што се „BYD Seagull“ (28.223 продадени примероци) и „Geely Geome Xingyuan“ (24.831 примерок). Популарноста на „Wuling Mini EV“ покажува дека електричната мобилност станува сè подостапна за пошироката јавност.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк