Connect with us

Спорт

Тренерот на Торино: Елмас е одличен фудбалер!

Published

on

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас синоќа го запиша својот прв гол во дресот на Торино, но неговиот тим претрпе тесен пораз од Болоња со 2-3. И покрај неповолниот исход, тренерот Паоло Ваноли изрази задоволство од настапот на Елмас, нагласувајќи ја неговата вредност за тимот.

Елмас се најде на теренот во 62. минута, а веќе по само три минути успеа маестрално да ја затресе мрежата на противникот, демонстрирајќи го својот инстинкт за гол и технички квалитет.

„Жал ни е што не успеавме да извлечеме подобар резултат, но Елмас е играч кој носи дополнителен квалитет. Тој веќе покажа што може во Неапол, а сега го прави истото и кај нас“, изјави Ваноли.

Спорт

Тоа е љубов: Салах одбил половина милијарда евра само за да остане на „Енфилд“

Published

on

Подолго време статусот на Мохамед Салах е една од главните теми во англискиот фудбал. Потпишувањето на новиот договор со Ливерпул стави крај на бројните шпекулации.

Египќанецот ќе остане на „Енфилд“ до 2027 година, стои во писмото од новиот договор. И под условите што тој ги сакаше, со оглед на тоа што големите тимови ретко им даваат на играчите во 30-тите ист или посилен договор отколку што е случајот со претходниот.

Британски Би-Би-Си ги објави деталите од преговорите меѓу Ливерпул и Салах, нагласувајќи дека во март се случил клучен пробив, а се е завршено пред неколку дена.

Салах ќе заработува околу 400.000 фунти неделно (околу 460.000 евра). Ваков луксуз ретко се дава на играчи на таа возраст, но Ливерпул процени дека ќе биде многу тешко да се најде замена на тоа ниво за Египќанецот.

Факт е дека Трент Александер-Арнолд најверојатно на лето ќе премине во Реал Мадрид, што ќе им ја олесни сметката за плати на „црвените“. Како што сега стојат работите, Ливерпул ќе има простор да го задржи Вирџил ван Дајк во клубот, покрај Салах, кој се очекува наскоро да потпише нов договор.

Би-би-си понатаму во истиот текст пишува дека Салах имал далеку подарежлива понуда. Се разбира од Саудиска Арабија.

Про лигата му понуди астрономски 500 милиони фунти (околу 575 милиони евра), а самата идеја еден од најпознатите Арапи да дојде да игра на Блискиот Исток изгледаше како совршена деловна можност за секого. Но, парите очигледно не биле приоритет за Салах.

Салах има спортски мотиви за останување во Ливерпул, сака со овој клуб да ја освои својата 20-та титула во Англија, но и повторно да ја нападне Лигата на шампионите. Египќанецот никогаш не криел дека негова цел е и „Златната топка“, а досега двапати беше петти – во 2019 и 2022 година.

Секако, клучно било и семејството, откако неговата сопруга Меги и ќерките Мака и Кајан, според информациите, уживаат во животот во Ливерпул

Continue Reading

Спорт

Македонија загуби од Полска, Светското првенство остана желба

Published

on

Македонските ракометарки загубија од Полска со 21-23 во реваншот од плејофот за пласман на Светското првенство (СП), откако и во првиот меч беа поразени со 18-22.

Полска го отвори мечот со мини-серија од 2-0, по што Македонија го возврати ударот (3-3). Жестоката борба продолжи и во останатиот дел од првото полувреме, а македонските ракометарки успеаја и да поведат со 8-7, по што се играше гол за гол до 10-10.

Гостинските ракометарки постојано го одржуваа водството во второто полувреме од еден гол, додека Македонија успеа да израмни неколку пати, но пропушти шанса повторно да го преземе водството.

Македонија во финишот пропушти неколку шанси, кои знаеше да ги казни Полска и да слави на крајот со 23-21. Најефикасна во македонскиот состав беше Катерина Дамјановска со пет голови, додека Балсам запиша седум погодоци за Полска.

Македонската женска репрезентација последен пат на Мундијал настапи во далечната 2007 година во Франција.

Фото: РФМ

Continue Reading

Спорт

Пјастри му ја украде пол-позицијата на Расел во последна секунда!

Published

on

Возачот на Мекларен, Оскар Пјастри, ја освои пол-позицијата пред Големата награда на Бахреин, четвртата трка од овогодинешниот шампионат во Формула 1.

Австралиецот до втората пол-позиција сезонава и кариера на патеката „Сакир“ стигна со време од 1:29.841 минути, со десети и пол предност пред Џорџ Расел во Мерцедес.

Најблиску до двајцата беше возачот на Ферари, Шарл Леклер, додека лидерот во генералниот пласман заостана – Ландо Норис ќе го заземе шестото место, додека бранителот на титулата Макс Верстапен ќе биде зад него, во четвртиот стартен ред.

Четвртата квалификациска сесија сезонава беше одбележана со прекин во второто полувреме, кога возачот на Хаса, Естебан Окон, го уништи својот болид откако помина преку тротоарот и удри во оградата.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк