Thursday, January 29, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Комбинацијата од овие суплементи може да го намали ризикот од рак и да го успори стареењето

by Уредник
16.02.2025
in Uncategorized
Комбинацијата од овие суплементи може да го намали ризикот од рак и да го успори стареењето

Како одредени витамини и масни киселини во комбинација со редовни физички активности можат да го променат вашиот живот?

Истражувањата покажуваат дека едноставна комбинација од клучни витамини и редовни физички активности може да помогне во одржување на долг живот и млад изглед.

Како што телото старее, доаѓа до намалување на еластичноста на кожата, губење енергија и зголемена чувствителност на болести. Научниците веќе потврдија дека со намален внес на калории, може да се успори процесот на стареење, додека масните киселини од витаминот Д и омега-3 покажале огромен потенцијал во одложувањето на биолошкото стареење во експериментите врз животни.

Тим истражување од Универзитетот во Цирих, спровел истражување за да се утврдат ефектите од оваа комбинација на човековото тело кога се зема во комбинација со редовно вежбање. Според истражувачите, комбинација од витаминот Д, омега-3 масни киселини и редовни физички активности се намалува ризикот од инфекции, но може да помогне и во превенција на ракот или прерана слабост.

Истражувањето DO-HEALTH било првото, во кое се користени епигенетички часовници, техника со која се мерат хемиските промени во ДНК-та, за споредување на биолошката и хронолошката старост.

Најдобрите резултати се постигнати со комбинација на омега-3 масни киселини, витамин Д и редовна физичка активност.

Истражувањето опфатило 777 луѓе постари од 70 години кои конзумирале 2.000 интернационални единици од витаминот Д и/или еден грам омега-3 масни киселини од алги, заедно со 30 минутен тренинг три пати неделно, во текот на три години.

Анализата на примероците на крв покажала дека внесот на омега-3 масни киселини го успорило биолошкото стареење за цели четири месеци, без оглед на годините, полот или индексот на телесна тежина. Уште подобри резултати се постигнати со комбинација на омега-3, витаминот Д и вежбање, што е потврдено со еден од епигенетските методи на мерење.

“Овие резултати ги прошируваат нашите поранешни резултати од истражувањето DO-HEALTH, каде овие три компоненти заедно покажаа најголем ефект во намалувањето на ризикот од рак, спречување прерано слабеење и успорување на биолошкото стареење. Нашето истражување сугерира мал, но значаен заштитен ефект од омега-3 масните киселини кои помагаат во успорувањето на биолошкото стареење, додека комбинацијата на омега-3, витамин Д и вежбање овозможува дополнителна заштита”, заклучи Бишоф-Ферари, еден од истражувачите.

Next Post

НАМЕСТО МИНЕРАЛИ ТРАМП МОЖЕ ДА ДОБИЕ ЈАЈЦА? Украина размислува како да ја добие поддршката на САД

Радев: Бугарија не прифаќа промени на договорите со Македонија

Препорачани Вести

Буџетска поддршка за фирмите: Исплатена нова транша од Министерството за финансии

2 months ago
Дневен хороскоп за понеделник – 21 април: Еден хороскопски знак го очекува одличен почеток на неделата

Дневен хороскоп за понеделник – 21 април: Еден хороскопски знак го очекува одличен почеток на неделата

9 months ago

Популарни Вести

  • fondacija frosina kulakova

    Донаторска уметничка вечер го најавува почетокот на фондацијата „Фросина Кулакова“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нестабилно облачно време, локален дожд и снег на повисоките предели

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Без струја денес делови од Кисела Вода и Чаир

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Прекин на водоснабдувањето во Маџир Маало од 9:30 часот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пронајден мртов политичар во Приштина, полицијата започна истрага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.