Sunday, January 18, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Музичарите од Македонија, Бугарија и Грција заедно на иста сцена: Моќната „Кармина Бурана“- уникатен настан кој ветува возбудливо искуство за публиката

by Уредник
16.02.2025
in Uncategorized

Софија – Во сала 1 на НДК (Национален дворец на културата) во Софија во тек е проба на Македонската филхармонија, Државниот симфониски оркестар од Солун, како и Националниот филхармонски хор и Софиската филхармонија.

Македонската филхармонија, заедно со Софиската и Солунската филхармонија, на 17 февруари во салата на НДК во Софија, ќе ја изведе сценската кантата „Кармина Бурана“ од Карл Орф, под диригентската палка на маестро Најден Тодоров.

Овој проект беше договорен кон средината на минатата година по иницијатива на маестро Тодоров, како своевиден симбол на културната соработка во регионот. На концертот на 17 февруари, сцената ќе ја делат музичари и солисти од трите земји, а првичната идеја е овој концерт да се повтори и во Скопје и во Солун. 

Како солистка ќе настапи нашата сопранистка со интернационалната кариера – блескавата Ана Дурловски, грчкиот тенор Николас Спанос и бугарскиот баритон Иво Јорданов (Бугарија).

„Кармина Бурана“ е едно од најголемите музички дела што се претвори во „бестселер“ на 20 век. Со своето извонредно влијание врз слушателите, „Кармина Бурана“ ги освои срцата на генерации. Композиторот Карл Орф го создаде ова иконично дело, инспирирано од средновековната поетска антологија Codex Buranus. Премиерата во 1937 година во Германија предизвика сензација и го означи почетокот на светскиот триумф на кантатата, велат од Софиската филхармонија.

Ова е уникатен настан кој соединува три оркестри од Бугарија, Македонија и Грција. Концертот е симбол на културната соработка во регионот и ветува дека ќе биде возбудливо искуство за публиката.

Next Post
Имала 21 година: Оливија мислела дека има срцев удар, но не се надевала на ова: “Внимавајте посебно на овие симптоми”

Имала 21 година: Оливија мислела дека има срцев удар, но не се надевала на ова: "Внимавајте посебно на овие симптоми"

Русите напaднаа топлана во Украина: 100.000 луѓе оставени без греење на минусни температури

Русите напaднаа топлана во Украина: 100.000 луѓе оставени без греење на минусни температури

Препорачани Вести

Приведен возач од липковско, управувал возило под дејство на алкохол

Приведен возач од липковско, управувал возило под дејство на алкохол

4 months ago

Хамас го менува ставот: Ќе ги ослободи сите израелски заложници, но го одбива ултиматумот на Трамп

4 months ago

Популарни Вести

  • ГОЛЕМА ПОБЕДА:Тина Русева е прва во Европа!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зимска анализа: Со што е најевтино да се загрева домот и каде се трошат најмногу пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хенли индекс 2026: Сингапур на врвот, македонскиот пасош бележи значителен напредок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Остров нуди работа од бајките: Плата од 15 евра на час и бесплатно сместување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Само еден ден е доволен: Овие европски метрополи се совршени за краток излет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.