Thursday, January 29, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Првиот човек на НАТО го предизвика Путин, дали рускиот претседател ќе возврати?

by Уредник
16.02.2025
in Uncategorized
Првиот човек на НАТО го предизвика Путин, дали рускиот претседател ќе возврати?

Марк Руте, генералниот секретар на Алијансата на Минхенската безбедносна конференција изјави дека рускиот претседател Владимир Путин не би се осмелил да нападне земја-членка на НАТО.

Генералниот секретар рече дека е оптимист за односите меѓу Европа и САД. Тој исто така изјави дека не верува оти Русија ќе нападне земја од НАТО, но предупреди дека доколку се осмели да го стори тоа, НАТО ќе одговори со сета своја цврстина и сила. Подвлече и дека САД и Европа остануваат на истите позиции за иднината на Украина.

„Имаме јасен заеднички став дека Украина треба да ја има најдобрата можна почетна позиција во мировните преговори, дека треба да продолжи испораката на оружје и обуката на украинските војници, но и дека исходот од мировните преговори треба да биде дека Украина е суверена држава која никогаш повеќе нема да биде нападната од Русија, од Владимир Путин“, рече генералниот секретар на НАТО.

Во исто време, британскиот министер за надворешни работи Дејвид Лами рече дека ќе ги охрабри американскиот претседател Доналд Трамп и украинскиот претседател Володимир Зеленски да го продлабочат своето партнерство во иднина.

Лами рече дека најдобрата гаранција за безбедноста на Украина од идната руска агресија е вклучувањето на американската индустрија, бизнис и одбранбените капацитети во нејзината иднина.

Next Post
Ова не и се свиѓа на Европа: Откриено е кога ќе прекине војната помеѓу Русија и Украина?

Ова не и се свиѓа на Европа: Откриено е кога ќе прекине војната помеѓу Русија и Украина?

Едноставни навики на најбогатите луѓе, кои ќе ве направат поуспешна и побогата личност

Едноставни навики на најбогатите луѓе, кои ќе ве направат поуспешна и побогата личност

Препорачани Вести

Експлозија во Москва, има мртви и повредени [ВИДЕО]

Експлозија во Москва, има мртви и повредени [ВИДЕО]

9 months ago

Потопеното село во Турција повторно се појави по пресушување на езеро

2 months ago

Популарни Вести

  • Битола воведува електронско гласање во Советот – прв пример во Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Слукан: Западен Балкан е еден од најдинамичните пазари со висок раст за Binance

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Николоски: Хрватска е силен поддржувач на македонската европска перспектива

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ски сезоната на Копанки започнува оваа недела

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Платите лани се покачија за 9,2% – Славески вели дека околу растот на платите треба одговорно планирање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.