Connect with us

Спорт

Шкендија на врвот, Вардар на дното – драматичен старт на пролетната сезона!

Published

on

Првата македонска фудбалска лига се врати со вистинска драма! Шкендија со триумф од 2:1 во Скопје го „турна“ Вардар на последното место, а Струга разочара во Гостивар со пораз во 96. минута.

Во дербито во Скопје, Вардар успеа да израмни преку Закариќ (67’), но Шкендија со гол на Тамба (76’) си замина со трите бода и ја презеде лидерската позиција. Шкупи без проблеми го совлада Работнички (2:0), додека Силекс не успеа да го задржи водството против Тиквеш (1:1).

Голем шок доживеа Струга – Гостивар ги урна шампионските амбиции на гостите со пенал во 96. минута!

Резултати од 19. коло:

⚽ Гостивар – Струга 1:0 (Потук 96’ п.)

⚽ Пелистер – АП Брера 0:0

⚽ Силекс – Тиквеш 1:1 (Алиќ 30’ – Садик 77’ п.)

⚽ Воска Спорт – Беса 2:0 (Зуљ 73’, Осеи 77’)

⚽ Шкупи – Работнички 2:0 (Аворнио 29’, Имери 75’)

⚽ Вардар – Шкендија 1:2 (Закариќ 67’ п. – Ибраими 54’, Тамба 76’)

Дали Вардар ќе се спаси од дното? Може ли Шкендија да го задржи врвот? Останете со нас за сите најнови вести од ПМФЛ!

Спорт

Игор Стефановски Иџе на подиумот во Австрија

Published

on

Игор Стефановски Иџе трката во Австрија од ФИА Европскиот шампионат на ридски патеки (еHC), ја заврши на подиум. Иџе го освои третото место во генерален пласман од сите натпреварувачи на легендарната патека Рехбер

Летечкиот Македонец, Игор Стефановски Иџе изминатиов викенд во новиот ФИА Европскиот шампионат на ридски патеки (еHC), ја возеше втората трка во Австрија. Легендарната патеката Рехберт важи за една од најценетите и најстари патеки во Европа. Иџе во првото возење беше четврти, во втората трка направи второ најдобро време на патеката, а овој резултат му обезбеди трето место во генералниот пласман.

„Трето место во генерален пласман од сите натпреварувачи на легендарната патека Рехбер во Австрија, во конкуренција со над 250 натпреварувачи од цела Европа. Ова е силен успех. Успеавме да се искачиме на подиум во исклучително моќна конкуренција. Благодарен сум на целиот тим и особено на тимот на Ферари, кои со своите нагодувања го направија мојот автомобил перфектен за оваа трка. Тешко е навистина да се натпреварувате против возачи чии возила имаат повеќе од 1.000 кс и погон на сите 4 тркала. Секако, искуството кое го стекнав низ годините во кои се натпреварувам, ми овозможи да им парирам на овие „тркачки ѓавол и секогаш да се борам за висок пласман. Благодарност до моите спонзори и Министерството за спорт за несебичната поддршка на патот кон големите успеси, како за мене, така и во претставувањето на нашата земја“, изјави Стефановски.

Стефановски и годинава се трка со автомобилскиот ѕвер од Ферари 488 B8, специјално дизајниран за овие патеки. Стефановски е победник во Европскиот шампионат на ридски патеки, во група 1. ФИА Европскиот шампионат на ридски патеки, годинава има 11 трки, од кои две се завршени.

Тимот на Видеолотарија Касинос Австрија му го честита успехот и на оваа неверојатна трка. И во следните 9 трки од ФИА Европскиот шампионат на ридски патеки (еHC), ќе бидеме дел од неговиот тим. Ние сме горди што повеќе од една деценија заедно навиваме за Иџе и Македонија.

Continue Reading

Спорт

На четири кола пред крајот Ливерпул ја освои 20-та титулата во Англија

Published

on

Фудбалерите на Ливерпул ја освоија својата 20-та титула во англискиот шампионат откако го победија Тотенхем со 5:1 на домашен терен во 34-то. коло од Премиер лигата.

Гостите од Лондон поведоа во 12. минута преку Доминик Соланке, но само четири минути подоцна Луис Дијаз израмни за тимот од „Енфилд“. Ливерпул поведе во 24. минута со голот на Алексис Мекалистер, а потоа следеа головите на Коди Гакпо во 34. минута и Мохамед Салах во 63. минута. Конечниот резултат беше поставен во 69. минута, кога автогол постигна Дестини Удоји.

На четири кола пред крајот на тековната сезона во Премиер лигата, Ливерпул има недостижни 15 бода предност во однос на второпласираниот Арсенал. Ова е прва титула за Ливерпул во Премиер лигата од 2020 година, со која се израмнија со Манчестер Јунајтед со по 20 титули, кој претходно во неделата во судиското продолжение од мечот се спаси од пораз на гостувањето кај Борнмаут.

Домашните поведоа во 23 минута кога Еванилсон луцидно го проигра Антоан Семенјо во гостинскиот шестанесетник а овој лесно го матираше Онана. Бонрамут го одржуваше водството, но во 69 минута, остана без Еванилсон, кој беше исклучен откако судијата Питер Бејнск беше повикан од ВАР-от да ја прегледа снимката, по што тој ја промени својата претходна одлука и жолтиот картон доделен поради груба игра на Бразилецот ја промени во директен црвен картон. Со играч повеќе на теренот „Црвените ѓаволи“ безуспешно насојува да дојда до брз погодок и евентуален пресврт, но успеаја да дојдат барем до бод дури во 96. минута. Во судииското продолжение кое траеше дури 11 минути, Расмус Хојлунд успеа да се снајде и да погоди за 1:1. И овој момент беше прегледуван за евентуална офсајд позиција во акцијата, но се покажа дека еден од домашните дефанзивци бил поблиску до својот голман.

Тотенхем по високиот пораз во Ливепрул остана на 37 бодови и разочарувачкото 16-то место но бодовно е безбеден и не му се заканува опасност да падне во зоната на испаѓање. Ништо не подобра и состојбата на Манчестер Јунејтед сезонава, кој сега со 39 бодови е 14-ти. Борнмаут пропушти шанса со победа да се пробие до осмата позиција на табелата и да се надева до крајот на првенството да избори место во Европа следната сезона. Сега со 50 бодови е десетти на табелата, седум бодови помалку од позицијата којашто веројатно ќе обезбеди пласман во Конференциската лига.

Continue Reading

Спорт

Галевски е јунакот на Алкалоид: „Шпага“ за спас, па одбрана на три пенали! (ВИДЕО)

Published

on

Алкалоид обезбеди место во финалето на Европскиот Куп на ЕХФ со победа по изведување на пенали над Рунар Сандефјорд од Норвешка. Македонскиот тим загуби со пет гола на гостувањето (29-34), но заради победата од пет гола во Скопје, мечот го решија седмерци.

Херој на македонскиот клуб е Иван Галевски. Голманот прво пред крајот одбрани шут за плус шест на Норвежаните со „шпага“. А, потоа, следеше шоу во пенал-серијата и три одбранети удари од седум метри.

Алкалоид во финалето на Европскиот Куп на ЕХФ ќе игра против АЕК Атина од Грција. Ќе се игра дома-гости, а кој ќе биде домаќин на првата средба, ќе се утврди со ждрепка.

Извор: Гол.мк

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк