Connect with us

Црна Хроника

Хаос во Тетово: Агресивен маж приведен на булевар „Маршал Тито“!

Published

on

На 16.02.2025 во 16.00 часот на булевар „Маршал Тито“ во Тетово, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово го привеле А.Х.(32) од Тетово затоа што агресивно се однесувал кон нив и не почитувал нивна наредба при извршување на службени дејствија. Тој бил задржан во полициска станица и по документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок.

Црна Хроника

Полициска акција приведен екс-градоначалник

Published

on

Eкс градоначалникот на Лозово Ацо Велковски се соочува со нова кривична откако беше осуден на затворска казна од 1 година и шест месеци – бидејќи платил за 381 метар квадратен бекатон плочки, а пешачката патека била многу помала.

Пријава има и за уште двајца скопјани. Тројцата се сомничат за злоупотреба на службената положба и овластување со што го оштетиле буџетот за повеќе од 200 илјади денари.

Пријавени се:

– А.В. (48) од Лозово, во својство на поранешен градоначалник,

– Т.Г. (51) од Скопје, назначен како управител на градбата,

– Л.Л. (68) од Скопје, кој бил ангажиран како надзорен орган на проектот.

Во ноември 2018 година, тогашниот градоначалник  донел одлука за јавна набавка за изградба на пешачка патека во Лозово. Најповолна понуда дало правно лице од село Студеничани, кое го назначило Т.Г. како управител на градбата, информираа од МВР.

Градежните работи биле завршени во март 2019 година и во градежната книга и градежниот дневник биле внесени невистинити податоци дека се ставени 381 метар квадратен бекатон плочки во вредност од 205.800 денари. На документите потпис ставиле второпријавениот и третопријавениот. Велковски иако знаел дека сумата за наплата не е вистинита, дозволил да бидат исплатени парите.

Вкупната вредност на фиктивно извршените работи изнесувала 205.800 денари, кои, иако знаел дека не се реално изработени, А.В дозволил да бидат исплатени – со што директно ја оштетил општинската каса, велат од МВР.

Ова не е прв скандал кој се поврзува со Велковски. Тој неодмана беше осуден на казна затвор во траење од година и шест месеци за „несовесно работење во службата“ и оштетување на буџетот на локалната власт. Судот на 4 март годинава одлучи покрај затворската казна, да плати повеќе од два милиони денари, како оштета на општината.

Исто така, неговото име беше спомнувано во случаи на мобинг и насилство врз вработени во општината и во основното училиште во Лозово.

Continue Reading

Црна Хроника

Пожар во куќа во Кавадарци, пронајдено тело на машко лице кое најверојатно се задушило

Published

on

Вчера во Кавадарци избувнал пожар во една куќа на улицата „Страшо Пинџур“. Според информациите од Центарот за управување со кризи (ЦУК), за жал, во пожарот беше пронајдено тело на машко лице, за кое се претпоставува дека се задушило.

Регионалниот центар за управување со кризи од Велес извести дека двајца пожарникари со едно возило интервенирале и гаснеле запалена плинска боца во куќата. На лице место била и екипа од Итна медицинска помош, која само можела да ја констатира смртта на мажот, кој бил на 78-годишна возраст.

Continue Reading

Црна Хроника

Апсење во Скопје: Приведени тројца разбојници

Published

on

-На 16.04.2025 околу 23.30 часот на подрачјето на Бит Пазар во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода С.А.(19) од с.Кондово, скопско, М.И.(22) и Р.Ф.(20), двајцата од Скопје. Тие се сомничат дека околу 22.25 часот на автобуска постојка на подрачјето на Бит Пазар со закана одзеле пари од пет малолетници од с.Кучевиште, скопско, а откако го напуштиле местото пресретнале други двајца малолетници од скопските села Идризово и Трубарево, соопшти МВР.

-По целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава по брза постапка, информира полицијата.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк