Thursday, January 29, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Милошоски ја правда потребата од нов државен грб: Македoнија не треба да остане во друштво со Белорусија, Таџикистан и Ангола

by Уредник
17.02.2025
in Uncategorized

Прашањето за менување на државниот грб не е поврзано со никакви избори, истакнува пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски.

Ги отфрли констатациите дека отворањето на дебатата е заради дефокусирање од економската криза.

Милошоски оценува дека Македонија не треба да остане во друштво на Белорусија, Таџикистан или Ангола, кои како што рече, имаат советска симболика по однос на државните грбови.

„Ако зборуваме на современи државни обележја, тогаш навистина не сметам дека Македонија би требало да остане во друштво со Белорусија, Таџикистан и со Ангола. Тоа се едни од ретките земји во светот кои имаат советска симболика по однос на државните грбови. Македонија има и добро историско наследство кое може да ги поврзе и АСНОМ и Илинденскиот период и претходните периоди и тоа да се отслика во современ државен грб кој би бил подобар и би ги одразувал на поквалитетен начин определбите на Македонија и во таа симболика да биде дел од европското друштво на држави“.

Појаснува дека ова е иницијатива која треба да отвори дијалог за да се стаса до одреден консензус.

Милошоски додава дека нема ограничување дали тоа ќе се случи за месец, три месеци или девет месеци од денес, но заклучува дека е добро да се разговара на темата и да биде поткрепена со објективни аргументи.

Next Post

Трговците доставија до Владата листа со производи за намалување на маржата

Европа се буди? Макрон ги собра поголемиот дел од европските лидери, откриено е и што планираат следно

Европа се буди? Макрон ги собра поголемиот дел од европските лидери, откриено е и што планираат следно

Препорачани Вести

Три физички напади пријавени во Скопје – едно од жртвите малолетно лице

7 months ago
cisterna

Блокада на магистралниот пат Струга – граничен премин „Ќафасан“

1 month ago

Популарни Вести

  • Божиновска: Меѓународните партнерства клучни за одржлива енергетска транзиција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Уставни измени нема да има без гаранции за правата на Македонците во Бугарија и за ослободување од ново вето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЕУ испраќа итна помош за Украина и Молдавија од 153 милиони евра

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Николоски со убави вести за македонските професионални возачи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Полска масовно купува злато и покрај растот на цените

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.