Connect with us

Магазин

НАСА: Ова се земјите кои би можеле да бидат погодени од најопасниот астероид во 2032 година

Американската НАСА и Европската вселенска агенција (ЕСА) активно го следат движењето на астероидот YR4, кој е наречен „убиец на градот“, откако процени дека шансите да удри во Земјата се удвоени.

За потсетување, научниците открија дека процентот на веројатност скокнал од 1,2 на 2,2, додека Меѓународната астрономска унија (IAU) го прогласи астероидот за „ниво 3“ на скалата на опасност во Торино, што го прави единствениот чие ниво е над нулата.

“Процентот ќе варира”

Се проценува дека YR4 би ослободил енергија од неколку милиони тони ТНТ, а ударот би бил 150 пати помоќен од атомската бомба фрлена врз Хирошима, според Телеграф.

Иако пресметките изгледаат алармантно, астрономот и професор по планетарни науки Ричард Бинзел од Технолошкиот институт во Масачусетс верува дека нема причина за загриженост.

„Можеме да очекуваме процентот на веројатност да варира. Едноставно вака функционираат мерењата на научните податоци“, рече тој.

Други експерти истакнуваат дека 2,3 отсто шанси за удар значи дека има и 97,9 отсто шанси YR4 целосно да ја пропушти Земјата.

Додека софистицираната технологија внимателно го следи движењето на најопасниот астероид, се огласи Дејвид Ранкин, инженер на НАСА на проектот Catalina Sky Survey, презентирајќи проекција на потенцијално загрозени области.

Ако YR4 не ја пропушти нашата планета, таа би била во појас од северна Јужна Америка преку Тихиот Океан до Јужна Азија, Арапското Море и Африка.

Со други зборови, земји како Индија, Пакистан, Бангладеш, Етиопија, Судан, Нигерија, Колумбија, Венецуела и Еквадор би биле во потенцијална опасност, пишува Yahoo.com.

НАСА објаснува дека континуираните набљудувања на орбитата на астероидот ќе го подобрат разбирањето на неговата „веројатност на удар“.

Се споменува и можноста YR4 да биде отстранет од листата на опасни астероиди, како што беше случај со другите „вселенски карпи“ во минатото.

Кога астероидот ќе ни се приближи во 2032 година, ќе биде на околу 106.000 километри од Земјата, што дава многу простор да се избегне најлошото сценарио, велат експертите.

Се проценува дека YR4 е широк до 90 метри. Ваквите „вселенски карпи“ ја погодуваат нашата планета во просек еднаш на неколку илјади години, тие можат да предизвикаат значителна штета, но не толку уништување како во ерата на диносаурусите.

Advertisement

Магазин

Откажан концертот на големата српска ѕвезда во Македонија

Концертот на Наташа Беквалац, кој требаше да се одржи во Штип во Спортската сала Тошо Арсов на 27-ми декември, е одложен. Информацијата ја соопшти организаторот, кабаре Клик, а во појаснувањето кое објавија наведуваат дека не сакале да бидат дел од политички наративи и дебати, кои не биле во нивниот домен.

-Во изминативе денови околу планираниот концерт на Наташа Беквалац се создадоа дискусии и толкувања кои ја надминуваат рамката на она што ние како организатори го работиме – музика, забава и искуство за публиката.

Нашата визија никогаш не била да бидеме дел од политички наративи, анализи или дебати кои не се во нашиот домен. И токму затоа, со целосна почит кон сите страни и со желба се да остане во духот на позитивната енергија, донесовме одлука концертот да го одложиме, искатнуваат од организацијата.

Од таму додаваат дека сакаат настанот да се случи во време и услови кога единствен фокус ќе биде уметноста, емоцијата и атмосферата, а не теми кои не припаѓаат на светот на забавата.

-Нашата публика заслужува чисто и убаво искуство – без врева, без превирања и без дополнителни толкувања. Оваа одлука ја носиме зрело и одговорно, со желба да создадеме вечер што ќе биде паметена по музика, а не по околностите, порачаа од кабарето.

Инаку, на концертот на Беквалац беа најавени и музичките гости Жаре Бербер и диџеј Нело.

Continue Reading

Магазин

Астролозите шокираат: Овие пет хороскопски знаци се „предодредени“ за богатство – дали сте меѓу нив?

Астролозите сè почесто тврдат дека постојат луѓе кај кои просперитетот буквално е врежан во моментот на нивното раѓање. Според нив, одредени хороскопски знаци носат природни карактеристики што функционираат како магнет за пари — дисциплина, интуиција, храброст за ризик или ненадминлива амбиција.

Според овој астролошки поглед, токму овие пет знаци имаат најсилен „код за богатство“:

БИК – аналитичарот кој гради империи полека, но сигурно

Под владеење на Венера, Биковите се родени за стабилност и материјален напредок. Нивната сила е упорноста и способноста да штедат и да инвестираат паметно. Не бркаат брзи победи, туку создаваат недвижнини, уметнички колекции и долготрајна финансиска сигурност.

ШКОРПИЈА – мајсторот на трансформација и профит од ризик

Поврзани со осмата куќа, Шкорпиите имаат природна моќ да откријат профит таму каде што другите гледаат проблем. Управуваат со ризик, влегуваат во храбри инвестиции и често се успешни во финансии, банкарство и фондови. Вистински гении за скриени можности.

ЈАРЕЦ – стратегот кој чекор по чекор стигнува до врвот

Со Сатурн како владетел, Јарците се дефиниција за дисциплина и кариера. Тие се качуваат по хиерархијата сè додека не станат директори, успешни претприемачи или лидери во својата област. За нив, богатството е резултат на години посветена работа.

ЛАВ – родени за успех, видливост и изобилство

Лавовите блескаат каде и да се појават. Под владеење на Сонцето, тие природно привлекуваат внимание — а со тоа и пари. Креативноста, самодовербата и силната самопромоција ги водат до деловни успеси, брендирани бизниси или јавни професии.

РИБИ – мистичните среќници со интуиција за добивка

Често изненадување на листите на богаташи, Рибите со поддршка на Јупитер уживаат неверојатна среќа. Успеваат преку уметност, хуманитарна работа, креативност или необични извори на приходи. Нивниот пат до пари често е неочекуван, но успешен.

А што ако вашиот знак не е меѓу овие пет?

Астролозите додаваат дека секој знак има свој пат до стабилност:

Овен, Близнаци, Стрелец, Водолија: иновации, мрежи, брзи идеи, онлајн-проекти. Рак и Девица: семејни бизниси, услуги, прецизност и доверливост. Вага: партнерства, правни договори, соработка – никогаш соло.

Дали вашата финансиска судбина навистина е запишана во ѕвездите? Астролозите велат – многу поверојатно отколку што мислите.

Continue Reading

Магазин

Netflix со историска зделка: го презема стриминг-бизнисот на HBO Max за 72 милијарди долари

Netflix ќе го купи филмскиот и стриминг-секторот на Warner Bros Discovery за 72 милијарди долари, пренесува BBC. Со оваа мегазделка, која ги опфаќа франшизите „Хари Потер“ и „Игра на тронови“, како и платформата HBO Max, американската медиумска индустрија се соочува со најголемата трансформација во последната деценија.

Според извештаите, Netflix поднел највисока понуда – 28 долари по акција, надминувајќи ги Comcaste и Paramount Skydance. Paramount претходно понуди 24 долари по акција за преземање на целата компанија, вклучително и кабелските мрежи како CNN, но Warner Bros ја одби понудата. Новата понуда на Paramount, блиску до 27 долари по акција, дојде заедно со остри критики дека процесот на продажба е „скроен“ во корист на Netflix.

Експертите предупредуваат дека зделката ќе се соочи со сериозни предизвици од американските регулатори за пазарна конкуренција. Аналитичарката Ема Вол објаснува дека Netflix купува само делови од бизнисот што функционираат добро, за разлика од Paramount, чии понуди опфаќаа и „непрофитабилни сегменти“. Според неа, обвинувањата на Paramount кон Warner Bros ја ослабуваат нивната позиција: „Ако се карате за процесот, всушност ја поткопувате сопствената понуда“.

Доколку биде одобрена, аквизицијата би имала големи последици за Холивуд. Том Харингтон од „Ендерс Анализа“ вели дека спојувањето би предизвикало промена на индустриската динамика, бидејќи Netflix – платформа што минимално се потпира на кино-прикажување – ќе преземе бренд кој традиционално се темели на филмската продукција. Тој очекува значителни кратења во производството, што би можело да предизвика незадоволство кај синдикатите. Особено ранлива, според него, би била HBO, „креативниот бисер“ на Warner Bros.

За гледачите, последиците веројатно ќе се почувствуваат преку повисоки претплати. Харингтон предвидува дека Netflix ќе стане уште поскап, а со евентуално затворање или сведување на HBO Max, платформата ќе го зацврсти доминантното место на пазарот.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг