Connect with us

Европа

Продолжува расцепот во ЕУ, и Орбан удри по ,,Стара Европа”

Унгарската влада го критикуваше денешниот состанок во Париз на кој ќе се соберат десетина лидери од Европската Унија, Велика Британија и НАТО за да се договорат како да реагираат на американскиот план за крај на војната во Украина во кој нема учество на Европската Унија.

„Денес во Париз, фрустрираните европски лидери, кои се за војна и против Трамп, се собираат за да спречат мировен договор за Украина“, изјавил унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто на маргините на прес-конференција во Казахстан, што ја објави на својот фејсбук профил.

„За разлика од нив, ние ги поддржуваме амбициите на Доналд Трамп и за разлика од нив ги поддржуваме преговорите меѓу Русија и САД“, додаде Сијарто.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан е еден од ретките лидери на ЕУ кој јавно демонстрира блискост со американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин.

Орбан постојано постојано се залага за прекин на огнот во Украина и почеток на мировни преговори и одбива да испрати воена помош за Киев.

Од враќањето на Трамп во Белата куќа, Орбан верува дека има поддршка за неговите ставови и ја критикува „неспособноста“ на ЕУ да организира преговори за Украина.

Францускиот претседател Емануел Макрон за денеска (17 феврауари) во Париз закажа неформален состанок на европските лидери на кој ќе присуствуваат шефовите на владите на Германија, Велика Британија, Италија, Полска, Шпанија, Холандија и Данска, како и претседателот на Европскиот совет, претседателот на Европската комисија и генералниот секретар на НАТО.

Од сите присутни само Полска е дел од таканаречената,,Нова Европа” а сите други се од основачите или првите членки на ЕУ и НАТО.

Состанокот на европските лидери доаѓа неколку дена по телефонскиот разговор меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и неговиот руски колега Владимир Путин и нивната одлука директно да разговараат за Украина на самитот во Саудиска Арабија. 

Трамп вчера изјави дека наскоро би можел да има средба со Путин а државниот секретар Марко Рубио веќе денска е на пат за Ријад каде патува и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

Преходно ,,Стара Европа +” беше критикувана и од Софија и од Љубљана 

Судир меѓу членките на ЕУ или ,,Пуче пушка ……”

Advertisement

Европа

Западните сили намерно разгоруваат кавга меѓу словенските народи – тврди Лукашенко

Белорускиот претседател Александар Лукашенко обвини дека конфликтот меѓу словенските народи во Украина е резултат на вмешаност на Западот. Во нацрт-обраќањето до народот и парламентот, тој истакна дека „Западот ни наметна меѓусловенски конфликт што се претвори во војна во Украина“.

Лукашенко, кој говореше на 18 декември, подвлече дека Белорусија останува отворена за украинските граѓани: „Вие не сте странци. Ние, Белорусите, изградивме државност со различни народи – прво во семејството на словенските народи, а потоа и со народите на големиот Советски Сојуз. Кој и да ни дојде од поранешните републики на СССР, е пречекан тука како првороден. Нашите врски се повеќе од пријателство“.

Говорот, кој беше значително скратен, денес го објави белоруската новинска агенција Белта, откривајќи делови од изјавата кои претходно не беа достапн

Continue Reading

Европа

Два милиони прашања за Путин: Русите ја очекуваат годишната прес-конференција

Владимир Путин денеска ќе застане пред микрофоните во Москва за својата традиционална годишна прес-конференција, соочувајќи се со низа прашања од домашни и странски новинари. Настанот, кој обично трае часови, ќе биде следен внимателно, додека рускиот лидер одговара на најразлични теми, од внатрешната политика до меѓународните односи, јавува ДПА.

Оваа година медиумскиот спектакл повторно ќе биде комбиниран со ТВ-емисијата „Директна линија“, во која граѓаните на Русија имаат можност директно да се обратат до шефот на Кремљ, да ги изложат своите проблеми и да побараат конкретни решенија. Руски државни медиуми најавуваат дека однапред пристигнале над два милиони прашања.

Прес-секретарот на Кремљ, Дмитриј Песков, посочи дека Путин од средата се подготвува за големиот настан. На дневен ред ќе бидат многуте предизвици со кои се соочува земјата – сиромаштијата, социјалните тешкотии, поплаките за здравствениот систем и лошата инфраструктура. Настанот ќе се пренесува низ цела Русија, како на телевизија, така и преку интернет платформи.

Неизбежно, во фокусот ќе биде и војната во Украина, односно руската инвазија започната на 24 февруари 2022 година. Путин традиционално го користи овој телевизиски настан за да се прикаже како грижлив лидер и решавач на проблеми. Минатата година, прес-конференцијата траеше речиси четири и пол часа.

Continue Reading

Европа

Автомобил се судри со авионот на премиерот на Словачка

fico

Инцидент ја потресе словачката делегација на аеродромот во Брисел: Во сообраќајна незгода на пистата, авионот на премиерот Роберт Фицо беше озбилно оштетен, предизвикувајќи хаос во нивната агенда.

Патничко возило кое се користи за качување и слетување на патници од авиони се судри со авионот на пистата, додека се изведувале редовните операции, соопштија официјални извори. Судирот предизвика значителна материјална штета на каросеријата, толку сериозна што авионот повеќе не е употреблив.

„Овој инцидент се случи токму на почетокот на важен и исцрпувачки самит во Брисел“, напиша Фицо на социјалните мрежи, нагласувајќи дека штетата е толку сериозна што делегацијата беше принудена да го напушти авионот на аеродромот.

Случајот веќе отвори сериозни прашања за безбедноста и процедурите на аеродромот, додека надлежните власти најавуваат истрага за да утврдат како дошло до несреќата и кој е одговорен.

Сè уште нема информации за тоа кога и како словачкиот премиер и неговиот тим ќе се вратат дома, ниту дали ќе им биде обезбеден алтернативен авион. Дотогаш, словачката делегација останува блокирана на белгискиот аеродром, со неизвесна судбина пред дипломатските преговори.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг