Connect with us

Технологија

ГРОК 3 ИМА „ГОЛЕМ МОЗОК“ СО КОЈ РАЗМИСЛУВА ЛОГИЧНО И НОСИ СЛОЖЕНИ ЗАКЛУЧОЦИ Илон Маск го промовираше унапредениот модел на вештачка интелигенција на Икс АИ

Покрај моделот Грок 3, компанијата на Илон Маск, Икс АИ работи и на други проекти, вклучително и на развој на игри со интегрирана вештачка интелигенција.

Илон Маск и неговиот тим од компанијата Икс АИ  го претставија Грок 3, нов модел со вештачка интелигенција, за кој велат дека е најпаметен во светот.

Овој модел има значителен скок во способностите во однос на неговиот претходник, Грок 2, со дури 10 до 15 пати поголема моќност. Исто така, Икс АИ тврди дека Грок 3 ги надминува конкурентите како што се Дипсик и Гугл џеминај.

Од првиот модел на Грок, до Грок 3 поминаа само 17 месеци.

Развојот на моделот Грок 3 траеше неколку месеци. На промоцијата тимот на Маск нагласи дека покрај тоа што е силен, ќе биде и „многу, многу смешен“.

Грок 3 е успешно тестиран на различни академски предизвици, вклучувајќи сложени математички и логички задачи. Моделот постигна одлични резултати на тестовите за вештачка интелигенција, како што се MMLU (Massive multitask language understanding) и HumanEval, што укажува на неговата способност да обработува сложени податоци и кодови.

За време на презентацијата, тимот покажа дека Грок 3 може да ја пресмета траекторијата на вселенската мисија до Марс и назад, земајќи ги предвид гравитациските сили и потрошувачката на гориво. Моделот покажа дека може да креира игра која комбинира елементи на тетрис и биџулд, со користење напредни генераторски способности за вештачка интелигенција. Грок 3 демонстрираше и анализа на економските и пазарните трендови и направи предвидувања врз основа на историски податоци. Програмата, исто така, извршува сложени програмски задачи и пишува ефикасен код на неколку различни програмски јазици.

Во моделот е воведена и нова функција, наречена „Голем мозок“, која му овозможува на Грок 3 да размислува подлабоко и логично кога обработува барања. Овој режим користи дополнителни ресурси за да може моделот со вештачка интелигенција подобро да ги поврзува информациите и да донесува посложени заклучоци.

Покрај Грок 3, Икс АИ работи и на други проекти, вклучително и на студио за игри со интегрирана вештачка интелигенција. Компанијата развива и „deep search“, сопствена верзија на агенти за вештачка интелигенција што треба да му овозможи на Грок да работи автономно и да извршува задачи во име на корисниците.

Маск нагласи дека Грок напредувал за кратко време. Тој госпореди неговиот развој од некој што едвај решава задачи во средно училиште до некој што е подготвен за колеџ.

Грок 3 е достапен за претплатниците на Иск премиум, а се нуди и претплата на СуперГрок, која нуди уште подобар пристап до моделот и дополнителни функции.

Икс АИ предупредува дека Грок 3  уште се смета за бета верзија и дека корисниците треба да бидат свесни за можните грешки.

Грок 2 ќе стане отворен код штом Грок 3 ќе биде доволно зрел и стабилен.

Advertisement

Технологија

Google ја укинува омилената апликација – еве со што ќе биде заменета

Google ќе го укине Google Assistant на повеќето Android уреди почнувајќи од почетокот на следната година, како дел од планот за замена на гласовниот помошник со новата вештачка интелигенција Gemini.

Google Assistant, лансиран во 2016 како конкурент на Apple Siri и Amazon Alexa, ќе биде надграден со Gemini, кој ќе се користи и на таблети, автомобили, слушалки, часовници и паметни куќни уреди. Новиот систем ќе овозможува природно гласовно управување и исти команди како претходниот помошник.

Google исто така претстави Gemini Home AI за паметни куќни уреди, а новиот Google Home Speaker се очекува во пролет 2026. Google Assistant ќе остане активен до март 2026, по што корисниците ќе бидат целосно префрлени на Gemini.

Претходно услугата се викала Bard, но беше ребрендирана во Gemini почетокот на 2024, кој сега покрива и AI модели и домашни уреди.

Continue Reading

Технологија

На ChatGPT и требаат 200 милијарди долари да продолжи со операциите

Според најново истражување на HSBC, OpenAI, сопственикот на ChatGPT, би можел до 2030 година да треба да обезбеди околу 207 милијарди долари за продолжување на своето работење, поради растечките трошоци за компјутерска инфраструктура и глобалната трка во областа на вештачка интелигенција.

Приходите се очекува да достигнат околу 129 милијарди долари, додека трошоците за cloud инфраструктура би можеле да достигнат 800 милијарди долари. ChatGPT би можел да достигне три милијарди редовни корисници, споредено со 800 милиони минатиот месец.

OpenAI во последните три години привлече големи инвестиции, а во октомври стана највредната приватна компанија во светот, проценета на околу 500 милијарди долари. Трошоците за раст се зголемуваат побрзо од приходите, што претставува ризик за компанијата и за технолошките партнери како Microsoft, Amazon и Oracle.

Continue Reading

Технологија

Еве што најмногу ја троши батеријата на вашиот телефон

И покрај поефикасните процесори, подобрените батерии и напредните системи за управување со енергијата, батеријата на смартфоните и понатаму брзо се празни – најчесто поради начинот на кој ги користиме уредите.

Апликации во позадина

Најголеми „скриени“ потрошувачи се апликациите што работат во позадина – социјални мрежи, фитнес-тракери, па дури и тастатури. Проверете во Поставки > Батерија кои апликации трошат најмногу енергија и ограничете ја нивната позадинска активност. Намалете ја и автоматската синхронизација кај мејлови, календари и облак-сервиси.

Екранoт – најголемиот потрошувач

Осветлувањето и високата стапка на освежување значително го скратуваат траењето на батеријата. Користете адаптивна светлина наместо рачна и ограничете го освежувањето на 60Hz кога не играте игри. Темниот режим е особено ефикасен кај OLED екрани, бидејќи исклучува дел од пикселите и штеди енергија.

Паметно полнење

Современите телефони нудат функции за заштита на батеријата кои го забавуваат полнењето над 80% за да се намали долгорочното оштетување – вклучете ја оваа опција. Користете полнење со кабел кога можете и избегнувајте честo брзо полнење, освен кога сте во итност.

Со внимателни поставки и неколку навики, батеријата може да трае значително подолго без разлика на моделот на телефонот.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг