Saturday, January 17, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

НОВИОТ ЗАКОН ЗА ЕНЕРГЕТИКА – КЛУЧЕН ЧЕКОР КОН СТАБИЛНА И ОДРЖЛИВА ИДНИНА

by Уредник
18.02.2025
in Uncategorized

Живееме во време кога глобалните предизвици во енергетскиот сектор стануваат сè поголеми. Токму затоа, Македонија треба и мора да одговори со јасна стратегија и стабилна правна рамка. 

Покрај значењето на нормативен акт, новиот Законот за енергетика кој го подготви Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини е и темел за долгорочна енергетска стабилност и одржлив развој на нашата земја. 

Со овој закон, Македонија во целост ќе го усогласи своето законодавство со европските директиви и дополнително ќе воспостави нови механизми за зајакнување на енергетската безбедност, привлекување инвестиции и подобрување на условите за граѓаните и стопанството. 

Подготовката на Предлог – законот се спроведе во инклузивен процес со учество на државните институции, енергетските компании, стопанствениците, експертите и граѓанскиот сектор. Процесот траеше повеќе месеци, а фокусот беше на создавање флексибилна, предвидлива и правично регулирана енергетска рамка. Организацијата и реализацијата на пишувањето на текстот на законот во ваква форма, како модел и добар пример, кој низ досегашната пракса на пишување на закони од областа на енергетиката не е применуван и познат, наиде на општа прифатеност и се воспостави како можност за размена и усогласување на ставови, потреби и интереси на сите чинители. Овој приод како новина преставуваше вистинска алатка за транспарентност и учество на заинтересирани субјекти, слободно кажано изградивме консензуален модел за соработка, кој ќе даде добар пример и во други области. 

Во последните две децении, енергетските пакети на Европската унија претставуваат основа за модернизација и интеграција на енергетските пазари во Европа. Четвртиот енергетски пакет – „Чиста енергија за сите Европејци“ носи низа регулаторни механизми кои го поттикнуваат развојот на обновливите извори, подобрувањето на енергетската ефикасност и јакнењето на пазарната конкурентност. Со неговото транспонирање, Македонија не само што ги усвојува европските стандарди, туку и воспоставува поодржлив, транспарентен и интегриран енергетски систем. 

Енергетска безбедност и стабилен пазар 

Една од клучните цели на новиот закон е да обезбеди сигурност и стабилност во снабдувањето со електрична енергија. Со јасни регулативи за инвестиции во нови енергетски капацитети, вклучително и складирање на електрична енергија, овој закон ќе овозможи поефикасно управување со производството и потрошувачката. Балансирањето на енергетскиот систем и развојот на инфраструктурата за пренос и дистрибуција ќе гарантираат стабилни и конкурентни цени на електричната енергија за домаќинствата и индустријата. 

Дополнително, Законот овозможува зголемена регионална соработка, подобро управување со енергијата и поволни услови за инвестиции, што ќе придонесе за стабилни цени и поголема сигурност во снабдувањето со електрична енергија. Со ова, Македонија добива стабилен и усогласен систем и отвора можности за побрзо вклучување во регионалниот електроенергетски пазар преку механизми како „market coupling“ односно, пазарно спојување. 

Зголемената поврзаност со регионалните и европските енергетски пазари ќе ја зголеми конкурентноста и ќе создаде поволни услови за граѓаните и стопанството, преку стабилни и предвидливи цени на електричната енергија. Дополнително, пазарното спојување е важен чекор кон исполнување на обврските поврзани со воведувањето на Механизмот за јаглеродна гранична корекција (CBAM). CBAM е механизам кој има за цел поттикнување на користење поеколошки извори преку воведување дополнителни трошоци за електрична енергија што се произведува од јаглен. Со вклучувањето на Македонија во “market coupling“ со Грција, државата ќе може полесно да го исполни овој услов и да ги минимизира економските ризици што би произлегле од воведувањето на CBAM. 

Повеќе инвестиции во обновливи извори на енергија 

Новиот Закон за енергетика создава подобри услови за инвестиции во обновливи извори на енергија, соларни, ветерни и хидро електрани. Ова ќе овозможи искористување на огромниот потенцијал кој Македонија го има во производството на чиста енергија. 

Во оваа насока е и воведувањето на граѓанските енергетски заедници, во кои граѓаните ќе можат да се здружуваат каде што ќе произведуваат, споделуваат и користат електрична енергија. Овој модел е особено корисен за локалните заедници, кои преку ваквите иницијативи ќе можат да ги намалат трошоците за електрична енергија и да учествуваат во енергетскиот сектор. Енергијата повеќе нема да биде само трошок за граѓаните, туку и можност за дополнителен приход. 

Со Законот се воведува и концептот на просјумери т.е. потрошувачи кои истовремено произведуваат и трошат електрична енергија. Ова ќе им овозможи на домаќинствата и компаниите не само да трошат, туку и да го продаваат вишокот на електрична енергија, со што ќе ја зголемат својата енергетска независност. 

Законот за првпат детално ја регулира областа на складирањето на електрична енергија како посебна енергетска дејност. Складирањето ќе овозможи подобро управување со флуктуациите во производството од обновливи извори, зголемување на стабилноста на мрежата и намалување на зависноста од увоз на електрична енергија во периоди на висока потрошувачка. 

МЕПСО преминува во надлежност на Министерство за енергетика 

Една од позначајните новини која се воведува со измените во Законот за енергетика е тоа што операторот на електропреносниот систем, МЕПСО, ќе премине под надлежност на Министерството за енергетика, рударство и минерални ресурси. 

Оваа промена има за цел да создаде посилен институционален капацитет за управување со електропреносната мрежа, да ја зголеми ефикасноста на мрежата и да ги забрза сите неопходни реформи. Со интеграција на МЕПСО во Министерството, државата ќе има поголема контрола врз стратешките проекти и нивната имплементација, како што е модернизацијата на далекуводите и подобрување на интерконекциите со соседните земји. 

Воедно, со овој потег се создаваат поголеми можности за подобрување на процесот на дигитализација и автоматизација на енергетскиот систем, што ќе придонесе за побрзо откривање на проблеми, намалување на загубите во преносот и подобра услуга за крајните корисници. 

Спроведување на енергетската политикаЕнергетската политика на државата ќе се спроведува преку имплементација на Стратегијата за развој на енергетиката, Интегрираниот национален план за енергија и клима и други стратешки документи кои се во согласност со долгорочните климатски и економски цели на државата. Во оваа насока е и законската обврска на Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини за годишното планирање на енергетските објекти. Врз основа на овој план, ќе се издаваат овластувања за изградба на нови електроенергетски капацитети, со што ќе се обезбеди контролирано и одржливо проширување на енергетската инфраструктура.

Заклучок Со новиот Законот за енергетика, Македонија добива сигурна и современа енергетска рамка, која ќе овозможи стабилност, поголеми инвестиции во обновливи извори, енергетска независност и заштита на потрошувачите, особено на ранливите.

Со ова законско решение ја градиме иднината заснована на сигурна, достапна, одржлива и зелена енергија, амбиент во кој граѓаните и стопанството ќе можат да ја почувствуваат придобивката од модерната енергетска политика.

Сања Божоновска, министерка за енергетика

Next Post

Сиљановска-Давкова: Поддршка за промоцијата на македонскиот јазик

Стентон Градба успешно ја заврши изградбата на Lidl маркет во Битола

Препорачани Вести

Тајниот син на Пути за прв пат виден во јавност: Исплива фотографија која Русија не сака да ја видите [ФОТО]

Тајниот син на Пути за прв пат виден во јавност: Исплива фотографија која Русија не сака да ја видите [ФОТО]

9 months ago

Шок во Нови Сад: Полицаец удри девојка по глава за време на студентски протест

2 months ago

Популарни Вести

  • Коњановски: Средбата со „Avilo“ отвора нови можности за локалниот бизнис

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Макрон со очила за сонце на состанок – Ова е причината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Инцидент на Попова Шапка – МВР до детали од настанот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Божиновска за Бизнис Вести: Годинава ја поставивме основата за зелена енергетска иднина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како го криеја тинејџерот бегалец од правдата: Обвинение за помагачите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.