Connect with us

Скопје

Орце Ѓорѓиевски го менува ликот на Кисела Вода: По 30 години, конечно започна реконструкцијата на „Румена Хаџипанзова“!

Published

on

Градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, продолжува со силно темпо во реализацијата на капитални инфраструктурни проекти, докажувајќи дека ветувањата не остануваат само на зборови, туку стануваат реалност. Денеска започна долгоочекуваната реконструкција на улицата „Румена Хаџипанзова“ во Драчево, проект кој граѓаните го чекаа цели три децении.

Оваа инвестиција опфаќа 6500 квадратни метри, односно 1500 метри должина, каде што дел од улицата ќе биде целосно реконструиран, а друг дел ќе биде изградена сосема нова сообраќајница. Со ова, жителите на Драчево конечно ќе добијат модерен и безбеден пристап, подобрувајќи го квалитетот на живот во оваа населба.

Реконструкцијата на оваа улица е дел од пошироката стратегија на Ѓорѓиевски за целосна инфраструктурна обнова на Кисела Вода, со цел сите населени места да добијат еднаков третман и современи услови за живот. Со посветеност и ефикасност, локалната самоуправа покажува дека работи со план и визија, носејќи конкретни резултати за граѓаните.

„Продолжуваме со силно темпо, затоа што секој дел од општината заслужува подеднакво внимание и развој,“ порача градоначалникот Ѓорѓиевски, најавувајќи уште многу нови проекти што ќе го подобрат животот на жителите на Кисела Вода.

Скопје

ВИДЕО: Судир во Кисела Вода Автомобил удрил во возило на Брза помош

Published

on

Сообраќајна несреќа во Кисела Вода – возило удри во Брза помош

Попладнево во скопската населба Кисела Вода се случи сообраќајна несреќа во која, според очевидци, патничко возило удрило во возило на Брза помош.

Видеото од лице место ја прикажува ситуацијата веднаш по инцидентот. Засега нема официјални информации за причините и евентуалните повредени лица.

Очекуваме повеќе детали од надлежните институции и ќе информираме веднаш штом ги добиеме.

Видеото може да го погледнете тука

Continue Reading

Скопје

(Видео) Граѓани со часови се заглавени во подземниот паркинг на ГТЦ оти автоматите за наплата не работат, а службите се отстутни

Published

on

Вистински хаос се случува попладнево во подземниот паркинг на ГТЦ. Вознемирени граѓани кои се обратија до нашата редакција велат дека два часа се „заробени“ на паркингот, откако паркоматите престанале да работат, а службата за наплата била отсутна.

На шалтерите каде досега рачно се плаќаше паркингот, сега има залепено листови на кои пишува дека наплатата се извршува на автоматите. 

Но, граѓаните кои се таму велат дека работел само еден автомат, но бил многу бавен, па се создала целата колона.

Дел од граѓаните се со мали деца, дел, пак, коментирале дека брзаат за на аеродром и ќе го испуштат летот.

Како што ни рекоа сведоци, по некое време рампите биле кренати и сега возилата излегуваат бесплатно. Тоа, сепак, ќе потрае со оглед на тоа што има голем број возила внатре на паркингот, а надвор има семафор.

Од ГТЦ сè уште нема официјално соопштение за причините за дефектот.

Лани во февруари поскапе паркирањето во ГТЦ и наместо 50, чини 70 денари.

Continue Reading

Скопје

Филмски грабеж во Скопје: Разбојник под закана со пиштол украл милион

Published

on

– На 11.04.2025 година во 06.55 часот во СВР Скопје било пријавено дека во казино на подрачјето на Чаир, едно машко лице со закана со пиштол кон вработено лице одзело 1.460.856,00 денари, стои во денешениот полициски билтен.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк