Connect with us

Македонија

Се забрануваат посети во болници

Комисијата за заразни болести препорача мерки за да се спречи ширењето на грипот, поради што Министерството за здравство ги задолжи јавните здравствени установи да ги почитуваат.

Мерките подразбираат забрана на посети на хоспитализирани пациенти за да се спречи заразата од грип во болнички услови; строго да се почитува редот во здравствените установи, особено во користењето лична заштита – носење заштитни маски, како и дезинфекција на рацете и одржување физичка дистанца секаде каде што е зможно.

-Мерките се од исклучителна важност за здравјето на пациентите и здравствените работници, согласно актуелните епидемиолошки податоци кои укажуваат на пик на сезонскиот грип. Комисијата за заразни болести продолжува да ја следи епидемиолошката состојба во државата, се вели во соопштението од Министерството за здравство.

Како што е објавено на веб-страницата на Институтот за јавно здравје – Скопје, од трети до деветти февруари 2025 година во земјава се пријавени 2.880 случаи на групни пријави за заболени од грип/заболувања слични на грип, што е за 5,1 отсто помалку во споредба со претходната недела.

Од пријавените, 1.552 лица се на возраст од 15-64 години, 685 кај деца на возраст од пет до 14 години, 371 кај деца на возраст од 0-4 години и 272 се регистрирани кај лица на возраст над 65 години. Највисока инциденца се регистрира кај децата на возраст од 0-4 години.

Во Скопје се пријавени 692 заболени, во Струмица – 333, во Битола – 304, во Свети Николе – 158, во Охрид – 141, во Велес – 140, во Радовиш – 122, а во Кавадарци и во Куманово по 109 заболени.

Advertisement

Македонија

Божиновска: Св. Климент Охридски е темелот на нашата духовност, писменост и водилка на нашето образование

По повод големиот христијански празник посветен на Свети Климент Охридски, министерката Божиновска упати честитка, истакнувајќи го неговото огромно значење за македонската духовна, културна и образовна историја.

Во пораката, Божиновска потсетува дека го прославуваме творецот на прочуената Охридска книжевна школа, еден од најзначајните средновековни писатели, педагози и духовници, чие дело оставило длабок белег во развојот на словенската писменост.

„Свети Климент Охридски со својата неуморна просветителска работа, со своите дела и со својата посветеност стана заслужен не само за македонскиот народ, туку и за целиот христијански свет,“ истакнува министерката.

Таа додава дека наследството на Св. Климент и денес е темел врз кој се градат современото образование, духовност и културен идентитет, потсетувајќи дека неговата мисија продолжува да инспирира генерации ученици, наставници, научници и духовни водачи.

Министерката ја заврши честитката со порака за единство и напредок:

„Да го чуваме и надградуваме она што го создаде големиот просветител. Делото на Св. Климент нека нè води кон мудрост, знаење и човечност.“

Continue Reading

Македонија

Проданоски: Св. Климент Охридски е светилник на нашето образование и традиција

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, упати честитка до православните верници и до сите сограѓани по повод големиот христијански празник посветен на Свети Климент Охридски, истакнувајќи го неговото исклучително значење за македонската духовна, културна и просветителска традиција.

„Денес го славиме споменот на еден од најважните духовници, учители и просветители во македонската историја – светителот кој ги постави темелите на словенската писменост, ја создаде Охридската книжевна школа и го зацврсти македонскиот духовен и културен идентитет,“ истакна Проданоски.

Тој нагласи дека богатото наследство на Св. Климент и денес е силен столб врз кој почиваат нашите образовни и духовни вредности, потсетувајќи дека неговото дело продолжува да инспирира генерации ученици, наставници и интелектуалци.

„Нека делото на Свети Климент не води кон мудрост, добрина и човечност. Нека празникот ни донесе мир, здравје и благосостојба,“ порача градоначалникот, завршувајќи со традиционалната честитка:

„За многу години!“

Continue Reading

Македонија

Коњановски со честитка: Светиклиментовата мудрост да нè води кон подобро општество

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, упати честитка до граѓаните по повод големиот државен и христијански празник Свети Климент Охридски, истакнувајќи го неговото огромно значење за македонската духовна и културна традиција.

Во својата порака, Коњановски нагласи дека Македонската православна црква со особена почит го одбележува денот на својот патрон, нарекувајќи го Св. Климент „чудотворец, просветител и столб на македонската духовност“.

„Првиот македонски архиепископ и творец на Охридската книжевна школа остави длабока трага во просветителството, книжевноста и црковниот живот. Неговото дело е значајно не само за македонскиот народ, туку и за целиот христијански свет“, истакна градоначалникот.

Коњановски потсети дека Свети Климент со своето неуморно просветителско дело го образувал, просветлувал и облагородувал народот, поставувајќи силни темели на духовниот и културниот развој.

„Да продолжиме да делуваме во духот на хуманоста, разбирањето и меѓусебната почит. Светиклиментовото дело нека биде наша водилка во стремежите за создавање подобра иднина за нас и за генерациите што доаѓаат“, порача тој, истакнувајќи ја и важната улога на битолските образовни институции кои го носат името на големиот просветител.

Градоначалникот ја заврши честитката со традиционалната порака:

„Нека е честит и вековит празникот Свети Климент Охридски.“

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг