Saturday, January 17, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

4iG ги зајакнува врските со водечките американски вселенски и технолошки фирми во Вашингтон

by Уредник
19.02.2025
in Uncategorized

 Претседателот на Групацијата 4iG, Гелерт Јасаи, одржа состанок со директори од SpaceX и со водечки американски компании за вселенска и енергетска технологија, сигнализирајќи голем чекор кон подлабока трансатлантска соработка во иновациите, одбраната и истражувањето на вселената.

Јасаи оствари средба со Тим Хјуз, виш потпретседател за глобален бизнис и владини прашања во SpaceX, а на состанокот присуствуваа и амбасадорот Шаболч Такач и тимот на 4iG Space and Defense Technologies.

Одделна средба на високо ниво Јасаи оствари со КамГафаријан, основач и претседател на Axiom Space, X-energy, Intuitive Machines и IBX, а тема на разговорот беше американско-унгарската соработка за технологиите на следната генерација. 

Axiom Space е лидер во развојот на комерцијални вселенски станици, додека Intuitive Machines е клучен играч во истражувањето на Месечината и вселената. Преку овие средби се проширува улогата на Унгарија во глобалната вселенска индустрија.

„Овие дискусии ја потврдуваат посветеноста на 4iG за поместување на технолошките граници и зајакнување на позицијата на Унгарија во меѓународниот сектор за вселенски и одбранбен простор“, изјави Јасаи. 

„Преку партнерства со глобалните лидери како SpaceX и Axiom Space, го забрзуваме напредокот на Унгарија во сателитските комуникации, истражувањето на вселената и енергетската технологија“, додаде тој.

На состаноците било договорено да се унапреди сателитската програма HUSAT на 4iG, прва приватно финансирана сателитска иницијатива во Централна и Источна Европа, со потенцијални партнерства за лансирање на SpaceX. Меѓу останатото, нагласена била и потребата од зајакнување на соработката меѓу Унгарија и САД во делот на технолошките врски во вселената и одбранбените иновации. 

Овие средби се продолжение на декемвриските состаноци кога новоизбраниот претседател Доналд Трамп беше домаќин на унгарскиот премиер Виктор Орбан во неговиот имот Мар-а-Лаго, а меѓу присутните беа министерот за надворешни работи и трговија Петер Сијарто, претседателот на Групацијата 4iG, Гелерт Јасаи и Илон Маск, советник на Трамп, основач и извршен директор на Tесла и SpaceX, како и Мајк Волц, актуелен советник за национална безбедноство САД. 

4iG ќе продолжи со техничките дискусии и стратешкото планирање со своите партнери од САД во наредните месеци, а најавите за конкретни проекти и договори се очекуваат во 2025 година.

Next Post

ШОК ВО ВЕЛИКА БРИТАНИЈА: Реформистите водат, конзервативците паѓаат, а лабуристите во криза!

Трамп: Ако Европа испрати војници во Украина, тоа би можело да предизвика Трета светска војна

Препорачани Вести

Францускиот претседател сака да испраќа војници во Украина?

Францускиот претседател сака да испраќа војници во Украина?

8 months ago
Трагедија во Грција: Жена од Србија пронајдена мртва на плажа

Трагедија во Грција: Жена од Србија пронајдена мртва на плажа

7 months ago

Популарни Вести

  • Балканска земја испраќа војници на Гренланд!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Тетово уапсен криминалец баран со потерница

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • 38% од тинејџерите пробале цигара: Какви забрани воведува новиот закон

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Полицијата откри оружје и други предмети во викендица – МВР со детали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Посебен режим на сообраќај во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.