Sunday, January 18, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Кампањата на Веро „Заокружи сметка“ собра 419.526 денари за СОС Детско село

by Redakcija
19.02.2025
in Uncategorized

Скопје, 19.02.2025 – Веро и клиентите собраа 419.526 МКД за СОС Детско село преку кампањата „Заокружи сметка“, одбележувајќи ја четвртата година по ред од оваа хуманитарна иницијатива.

Во текот на декември, под слоганот „За секое дете да има весели празници“, Веро ги охрабруваше клиентите да ги заокружат износите на своите сметки, односно на тој начин разликата да ја донираат, потврдувајќи ја својата посветеност на корпоративната општествена одговорност и промовирајќи индивидуално дарување.

 Милана Петковски, маркетинг директор на Веро, официјално го врачи чекот за донација, наведувајќи:

 „Иницијативата е доказ дека сме општество кое сака да донира, ги препознаваме вистинските вредности и им благодариме на сите потрошувачи кои станаа дел од оваа иницијатива“.

 Претставниците на СОС Детско село изразија благодарност, нагласувајќи го значењето на тековната поддршка од заедницата:

 „Само заедно, сплотени, можеме да направиме разлика и да создадеме посветла иднина за децата без родителска грижа или оние кои се во ризик да ја изгубат. И токму заради тоа сме бескрајно благодарни на граѓаните кои донираа, на нашиот стратешки партнер Веро, но и нашите „амбасадори“, касиерките и касиерите кои овозможија нашата порака да стигне што подалеку. Донацијата ќе биде наменета за реализација на активности за поддршка на семејства со предизвици во родителството како лиценцирани обуки, тренинзи и советувања во рамките на нашата програма за превенција на одвојување на децата од биолошкото семејство.“

 Веро продолжува да ја демонстрира својата улога како општествено одговорна компанија, обезбедувајќи секое дете да има можност за подобра иднина.

Next Post
gordana kocoska

Министерката Кочоска за Независен: „Унгарскиот кредит наскоро достапен за компаниите“

После САД, и Канада прогласи епидемија на птичји грип

После САД, и Канада прогласи епидемија на птичји грип

Препорачани Вести

Разрешен наутро, мртов попладне: Смртта на рускиот министер како мрачно предупредување до елитата

Разрешен наутро, мртов попладне: Смртта на рускиот министер како мрачно предупредување до елитата

6 months ago

Орце Ѓорѓиевски упати благодарност: Скопје избра иднина

3 months ago

Популарни Вести

  • ГОЛЕМА ПОБЕДА:Тина Русева е прва во Европа!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зимска анализа: Со што е најевтино да се загрева домот и каде се трошат најмногу пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хенли индекс 2026: Сингапур на врвот, македонскиот пасош бележи значителен напредок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Остров нуди работа од бајките: Плата од 15 евра на час и бесплатно сместување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Само еден ден е доволен: Овие европски метрополи се совршени за краток излет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.