Sunday, January 18, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Лукаревска: Замрзнувањето со ниво на цени од 1 февруари e погрешно, власта да ги прифати предлозите на 5% ДДВ за струја и 0% ДДВ за храна

by Redakcija
19.02.2025
in Uncategorized

Економијата во земјата е во слободен пад, граѓаните имаат се помалку пари поради енормните поскапувања и потребно е итно заедничко делување. Наместо половични решенија бараме Владата и парламентарното мнозинство веднаш да ги прифатат предлозите на СДСМ за намалување на ДДВ за струја и укинување на ДДВ за храна. Последната одлука да се ограничат маржите е задоцнета, половична и со суштински недостатоци. Замрзнувањето со ниво на цени од 1 февруари e погрешно, затоа што податоците на заводот за статистика укажуваат дека веќе во јануари има пораст на цените. Тоа значи дека се замрзнати производи со поскапи цени“ рече денеска на прес-конференција во Собранието пратеничката од СДСМ, Сања Лукаревска.

Според неа, „Власта требаше да се врати наназад неколку месеци и како репер да ги земе тие цени а не овие покачени цени. Дополнително, наместо да се ограничува маржата само на 102 групи на производи, треба да се опфатат сите 238 групи на производи. Од овие причини, граѓаните нема да почувствуваат никаков ефект од овие половични и задоцнети мерки. За жал Владата се покажува како слуга на големите бизнис интереси, наместо да се бори за доброто на граѓаните“.

„СДСМ има конкретни законски решенија за стабилизација на цените и намалување на сметките за струја кои веќе се поднесени во македонското Собрание по итна постапка.

• Намалување на ДДВ за струјата на 5% струјата ќе донесе намалување на сметките за 13% веднаш! Граѓаните ќе заштедат околу 400 денари месечно на сметка од 3.000 денари! Над 600.000 домаќинства веднаш ќе добијат намалени сметки!

• Со укинување на ДДВ за храна над 250 категории прехранбени производи ќе поевтинат веднаш! Ова значи директна заштеда за граѓаните од околу 2.000 денари месечно.

• Со севкупна примена на сетот мерки на СДСМ и Законот за нефер трговски практики ќе се дојде до намалување на цените за 30%“ порача Лукаревска.

Next Post

Зеленски го нападна Трамп: Живее во балон на дезинформации, САД му помогнаа на Путин да излезе од изолација!

Денеска се празнува Светата маченичка Доротеја

Денеска се празнува Светата маченичка Доротеја

Препорачани Вести

Министерот Алиу најави здравствена реформа во пет чекори: „Не оперирам срца, но ќе создадам систем што ќе им го овозможи тоа на лекарите“

7 months ago
Мајкрософт претстави иновациски квантен чип: нова ера за квантните компјутери

Мајкрософт претстави иновациски квантен чип: нова ера за квантните компјутери

11 months ago

Популарни Вести

  • ГОЛЕМА ПОБЕДА:Тина Русева е прва во Европа!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зимска анализа: Со што е најевтино да се загрева домот и каде се трошат најмногу пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хенли индекс 2026: Сингапур на врвот, македонскиот пасош бележи значителен напредок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Остров нуди работа од бајките: Плата од 15 евра на час и бесплатно сместување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Само еден ден е доволен: Овие европски метрополи се совршени за краток излет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.