Sunday, January 18, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Се одржа првото рочиште против Македонска алијанса за европска интеграција по тужбата на Фондацијата „Бугарска меморија“

by Уредник
19.02.2025
in Uncategorized

Во Корча денеска беше одржано првото рочиште по тужбата на фондацијата „Бугарска меморија“ од Бугарија поднесена против македонската партија, Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ.

Споменатата фондација ја тужи МАЕИ и бара оштета од 10.000 евра и јавно извинување за клевета бидејќи баравме од албанските власти да ја забрани дејноста на ова фондација во Албанија. Тоа поради корумпирање на албански функционери за асимилација на Македонците во Албанија и дека има изградено криминална група која посредува со бизнисот со бугарските пасоши, издавањето на лажни потврди и влијанието на пописот на населението, изјави за МИА Васил Стерјовски, претседател на партијата.

Фондацијата „Бугарска меморија“ ја застапувале двајца адвокати од адвокатско биро од Тирана, додека МАЕИ од претседателот Стерјовски.

На рочиштето присуствувал Љуфтим Спахиу, вршител на должноста македонски амбасадор, како и претставник од бугарската амбасада.

Исто така, додава Стерјовски, присуствуваше и претставник на Народниот правобранител на Албанија, по повторената жалба што МАЕИ ја испрати до албанските институции и народниот правобранител дека не преземаат мерки против Фондацијата „Бугарска меморија“.

Со оглед на сериозноста на прашањето и неговите импликации за македонската заедница во Албанија, како и фактот дека Фондацијата „Бугарска меморија“ има за цел да го асимилира македонското малцинство и да ја попречи активноста на единствениот политички субјект што го застапува, побаравме од судското тело одложување на подготвителната седница, посочи Стерјовски.

Причината за ваквото барање, нагласи, е што досега не успеавме да обезбедиме адвокат кој ќе не застапува, кој би го имал потребното време да се запознае со тужбата и да ја подготви нашата одбрана на комплетен и професионален начин.

-Со оглед на тоа што ова прашање е од особено значење за македонската заедница, замоливме да ни одредат нов датум за подготвително рочиште, за да ни овозможи соодветно правно застапување. Адвокатите на Фондацијата „Бугарска меморија“ се спротивставија на ова барање со образложение дека МАЕИ имаше доволно време, од јули 2024 година, кога е поднесена тужбата, да најде адвокат, рече Стерјовски за МИА.

На крајот судијката Г.Ш го прафатила барањето на Стерјовски и ја закажала следна расправа на 8 април 2025 година.

Next Post
Белата куќа со официјална изјава за Елон Маск, откри која е неговата вистинска функција во администрацијата на Трамп

Белата куќа со официјална изјава за Елон Маск, откри која е неговата вистинска функција во администрацијата на Трамп

39-годишна Словенка со три деца во кола пробала да внесе 23 кг. кокаин и оружје во Србија

39-годишна Словенка со три деца во кола пробала да внесе 23 кг. кокаин и оружје во Србија

Препорачани Вести

Лоши вести за два хороскопски знаци: Ги очекува банкрот најдоцна до 2 мај

Лоши вести за два хороскопски знаци: Ги очекува банкрот најдоцна до 2 мај

9 months ago
Земјотрес во Охрид – ова се деталите

Земјотрес го стресе Валандово утрово

7 months ago

Популарни Вести

  • ГОЛЕМА ПОБЕДА:Тина Русева е прва во Европа!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зимска анализа: Со што е најевтино да се загрева домот и каде се трошат најмногу пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хенли индекс 2026: Сингапур на врвот, македонскиот пасош бележи значителен напредок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Остров нуди работа од бајките: Плата од 15 евра на час и бесплатно сместување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Само еден ден е доволен: Овие европски метрополи се совршени за краток излет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.