Saturday, January 17, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

ВМРО-ДПМНЕ бара добро да се „прочешла“ имотот на „дежурните судии кои се на телефонски повик на Бихаќка и Мала Речица“

by Redakcija
19.02.2025
in Uncategorized

ВМРО-ДПМНЕ испрати критики кон дел од судиите и обвинителите во земјава. Според најголемата владеачка партија, деловен имот, неколку куќи, станови, градежно и земјоделско земјиште, неколку коли е дел од нивниот имот. Како што истакнуваат од партијата на Христијан Мицкоски, дел од правосудниот систем со „чиновничка плата на грбот на граѓаните стигале до имот како блискоисточни шеици“.

ВМРО-ДПМНЕ бара да се прочешла „имотот на дежурните судии кои се на телефонски повик на штабовите на Бихаќка и Мала Речица“.

-Сијамските близнаци, како судиите Илија Трпков и Добрила Кацарска, кои судеа над 200 години во 27 април, треба да се провери дали и каква корист и бенефит имаа од политичките процеси кои ги водеа. Треба да се провери кои судии пораснаа енормно со својот капитал и наместо око на правдата во Македонија, станаа око на криминалот во државата. Дополнително, треба да се повика и на одговорност и Љупчо Коцевски каде мистериозно пропушти да реагира во безброј случаи на очигледен криминал, рекоа меѓу другото од партијата на власт.

Државниот обвинител Љупчо Коцевски го нарушил угледот на обвинителството и придонел за лошите состојби, оцени Владата. Оттаму побараа, Министерството за правда да донесе предлог за негово разрешување. Предлогот ќе се достави до Советот на јавните обвинители кој треба да го разгледа и да даде мислење

Откако Владата поткрена иницијатива за негова смена, државниот обвинител со став – политички изјави нема да коментира, но ако се утврди дека сторил тешка дисциплинска повреда, која може да биде услов за негово разрешување, ќе се повлече од функцијата. Првиот човек во обвинителството тврди чесно работел и не постојат аргументи за негова смена.

Во меѓувреме, се усложнува состојбата во Вишото скопско обвинителство. Раководителката Наташа Крстевска Цалева, која на предлог на Коцевски и Советот на јавните обвинители ја назначи да управува со ова Обвинителство по суспензијата на Хајрулахи, по само една недела од изборот побара да ја сменат оти имала многу работа, малку искуство, а на нејзино место да дојде колега со подолг стаж.

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека нема начин со сила да бидат разрешени членовите на Судскиот совет, па затоа очекува тие да поднесат сами да си поднесат оставки ако им биде изгласана интерпелацијата во Собранието. Во поднесените интерпелации за работата на членовите на Судскиот совет до претседателот на Собранието Африм Гаши се посочува дека се поднесуваат заради недоследно спроведување на надлежности, особено заради негрижа, односно нарушување на угледот на судиите и загрозување и нарушување на довербата на граѓаните кон судството, а со тоа и на целиот правосуден систем, односно судството во целина.

Ветингот како една од реформите која може да донесе видливи резултати во борбата против корупцијата никако да се спроведе, иако години наназад се најавуваше. Функционерите останаа без проверка, а довербата на граѓаните во судскиот систем и натаму е ниска. За да се спроведе ветингот и истиот да има кредибилитет мора сите политички партии да се согласат, а и меѓународната заедница да застане зад него. 

Next Post

Во црквата „Свети Георгиј“ во Кисела Вода, отворен пункт на народната кујна 

Трамп ја поддржa потребата од избори во Украина

Препорачани Вести

Android добива AirDrop: Овие 4 телефони ќе можат безжично да разменуваат датотеки со iPhone-уреди

Android добива AirDrop: Овие 4 телефони ќе можат безжично да разменуваат датотеки со iPhone-уреди

2 months ago
Поскапуваат горивата: Ова се новите цени на горивата од полноќ

Горивата поевтинуваат

9 months ago

Популарни Вести

  • 10 интересни факти за Гренланд – најголемиот остров со стратешко значење за светот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Гренланд: Голем протест во Нуук против плановите на Трамп за преземање од САД

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сериозна сообраќајка на „Борис Трајковски“ кај Пинтија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Макрон: Царинските закани на Трамп се неприфатливи, Европа ќе одговори обединето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Перник празнува: Колоритни костими и стотици учесници на дефилеата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.