Thursday, January 29, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Ѓорѓиевски за „Слободен печат“: „На Скопје му треба генералка, градот е нефункционален“

by Уредник
20.02.2025
in Uncategorized
Ѓорѓиевски за „Слободен печат“: „На Скопје му треба генералка, градот е нефункционален“

Градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, во интервју за „Слободен печат“ зборуваше за состојбата со јавната хигиена во главниот град, истакнувајќи дека Скопје се соочува со сериозни проблеми во одржувањето на чистотата. Според него, неопходно е системско и трајно решение, наместо привремени мерки кои не даваат долгорочни резултати.

„На Скопје му фали генералка. Состојбата на јавната чистота не е на завидно ниво веќе подолго време. Скопјани се жалат, особено кога е топло, дека контејнерите се преполни. Нефункционален ни е градот од тој аспект, односно нема еден булевар, една улица, едно место, микролокација околу контејнерите која е соодветно исчистена“, изјави Ѓорѓиевски.

„Она што прво му недостасува на градот е да се исчисти, да се направи добра генералка, да се започне со процес каде што ќе се таргетираат сите диви депонии и истите ќе се исчистат за многу кратко време. Но, тоа не треба да се прави по принципот ‘денес ги чисти градот, па за 10 дена повторно исто’, туку долгорочно да се реши проблемот“, нагласи Ѓорѓиевски.

Тој нагласи дека Град Скопје мора да пристапи кон долгорочно решавање на овој проблем, а не само кон привремени интервенции.

Како позитивен пример за ефикасно справување со отпадот, тој ја наведе општината Кисела Вода, каде што значително е подобрен системот за одржување на јавната чистота.

Next Post
Ѓорѓиевски на средба со Марко Трајановски, прв Македонец со освоено злато на Европско првенство во ММА

Ѓорѓиевски на средба со Марко Трајановски, прв Македонец со освоено злато на Европско првенство во ММА

Претстојните локални избори – клучен момент за заедниците во Македонија

Претстојните локални избори – клучен момент за заедниците во Македонија

Препорачани Вести

САД воведоа санкции против Нафтената индустрија на Србија

4 months ago

Бугарија подготвена да дозволи прелет на Путин кон Будимпешта

3 months ago

Популарни Вести

  • oblaci

    Нестабилно облачно време, локален дожд и снег на повисоките предели

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Без струја денес делови од Кисела Вода и Чаир

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Прекин на водоснабдувањето во Маџир Маало од 9:30 часот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пронајден мртов политичар во Приштина, полицијата започна истрага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Меџити: Целта на „Безбеден град“ не е казнување, туку спасување животи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.