Thursday, January 29, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Горанците по третпат имаат пратеник во косовското Собрание

by Уредник
20.02.2025
in Uncategorized
Горанците по третпат имаат пратеник во косовското Собрание

Во 120-члениот законодавен дом ќе биде лидерот на партијата Адем Хоџа, дипломиран инженер, кому ова му е трет последователен мандат. Во изјава за МИА, Хоџа вели дека ќе ги промовира културните вредности и обичаи, како и активно ќе работи на формирање на општина Гора во согласност со Уставот и законите на Косово.

„Чест ми е што ќе ги претставувам моите Горанци во косовскиот парламент, но во исто време е голема обврска која ќе се трудам, како и до сега, максимално доследно да ја обавувам. Секако главна моја задача во име на сите е подобрување на условите за живеење во областа Гора, зачувување и активно промовирање на нашите културни вредности, обичаи и традиции, како и формирање општина Гора во согласност со Уставот и законите на Косово“, изјави Хоџа за МИА.

Од партијата не го кријат задоволството од добиената поддршка, на целата територија на Косово, а не само во подрачјето на Гора. Велат дека ќе продолжат со нивните залагања за унапредување на правата, но и подобрување на условите за живот во селата на Гора за да се стопира миграцијата на младите.

Во оваа област распослани се 18 села, населени со Македонци со муслиманска вероисповед познати под името Горанци, кои говорат македонски јазик.

Парламентарните избори на Косово, деветти од прогласувањето на независноста на земјата, а први кои беа спроведени во редовен термин, се одржаа на 9-ти овој месец. Меѓу 28-те изборни листи имаше 20 политички партии, пет коалиции, две граѓански иницијативи и еден независен кандидат.

Next Post
Правете го ова на секои две недели и вашето лице ќе биде совршено чисто

Правете го ова на секои две недели и вашето лице ќе биде совршено чисто

Трамп со изјава за неговиот претходник, откри што би се случило доколку Џо Бајден беше претседател

Трамп со изјава за неговиот претходник, откри што би се случило доколку Џо Бајден беше претседател

Препорачани Вести

Европа се плаши дека Американците ќе се повлечат од Косово

Европа се плаши дека Американците ќе се повлечат од Косово

11 months ago

„Комуналец“ Битола започна голема акција за кастрење дрвја и чистење на сообраќајниците

2 weeks ago

Популарни Вести

  • Смртна казна за мито: Кина егзекутира поранешен директор

    11 членови на семејна криминална група погубени во Кина поради интернет измами од 1,4 милијарди долари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЕУ бара алтернативи на американскиот гас по заканите на Трамп за Гренланд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Трамп разгледува можни воени акции против Иран ако не се остварат преговорите за нуклеарната програма

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Донаторска уметничка вечер го најавува почетокот на фондацијата „Фросина Кулакова“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нестабилно облачно време, локален дожд и снег на повисоките предели

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.