Saturday, January 17, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Министерката за енергетика Божиновска за Фактор: Новиот Закон за енергетика – темел за долгорочна стабилност

by Уредник
20.02.2025
in Uncategorized
Министерката за енергетика Божиновска за Фактор: Новиот Закон за енергетика – темел за долгорочна стабилност

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, во својата колумна за Фактор го истакна значењето на новиот Закон за енергетика како клучен чекор кон долгорочна енергетска стабилност и одржлив развој на Македонија. Таа нагласи дека со овој закон, земјата целосно ќе го усогласи своето законодавство со европските директиви, воспоставувајќи нови механизми за зајакнување на енергетската безбедност, привлекување инвестиции и подобрување на условите за граѓаните и стопанството.

„Подготовката на Предлог-законот се спроведе во инклузивен процес со учество на државните институции, енергетските компании, стопанствениците, експертите и граѓанскиот сектор“, истакна министерката, додавајќи дека овој пристап претставува новина и вистинска алатка за транспарентност и учество на заинтересираните субјекти.

Со транспонирањето на Четвртиот енергетски пакет на Европската унија, Македонија ќе воспостави поодржлив, транспарентен и интегриран енергетски систем. Ова ќе придонесе за стабилни и конкурентни цени на електричната енергија за домаќинствата и индустријата. „Една од клучните цели на новиот закон е да обезбеди сигурност и стабилност во снабдувањето со електрична енергија“, посочи Божиновска. Таа објасни дека со јасни регулативи за инвестиции во нови енергетски капацитети, вклучително и складирање на електрична енергија, законот ќе овозможи поефикасно управување со производството и потрошувачката.

Дополнително, законот предвидува зголемена регионална соработка и поврзаност со европските енергетски пазари, што ќе ја зголеми конкурентноста и ќе создаде поволни услови за граѓаните и стопанството. „Со вклучувањето на Македонија во ‘market coupling’ со Грција, државата ќе може полесно да ги исполни условите и да ги минимизира економските ризици што би произлегле од воведувањето на CBAM“, додаде министерката.

Законот исто така создава подобри услови за инвестиции во обновливи извори на енергија, како што се соларни, ветерни и хидро електрани, овозможувајќи искористување на огромниот потенцијал кој Македонија го има во производството на чиста енергија. „Со ова законско решение ја градиме иднината заснована на сигурна, достапна, одржлива и зелена енергија, амбиент во кој граѓаните и стопанството ќе можат да ја почувствуваат придобивката од модерната енергетска политика“, заклучи Божиновска.

Next Post
Вонредна состојба во Република Српска, откриено што се случува

Вонредна состојба во Република Српска, откриено што се случува

Колку отпад генерира жител на Македонија за само една година?

Колку отпад генерира жител на Македонија за само една година?

Препорачани Вести

Повторно ќе ни залади, ќе имаме и пообилни врнежи од дожд

Повторно ќе ни залади, ќе имаме и пообилни врнежи од дожд

3 months ago

БУГАРИ СИ ГО ЗАБОРАВИЛЕ ДЕТЕТО НА ПАТАРИНА ВО НИШ! Многу „РАНО“ сфатиле дека го нема

11 months ago

Популарни Вести

  • Лажни апартмани, вистинска штета: „Тијана“ и „Жаклина“ измамиле шест семејства за летување во Грција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Исчезнат индонезиски авион со 11 лица

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дефект на топловодната мрежа остави без парно делови од Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Идентификувано лице кое ги загадуваше улиците на Тетово

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Меџити: Солидарноста е мерка за успешна општина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.