Thursday, January 29, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

СПУШТЕТЕ ГО ТОНОТ И ПОТПИШЕТЕ ГО ДОГОВОРОТ Советникот на Трамп упати остра порака до Зеленски

by Redakcija
20.02.2025
in Uncategorized

Советникот за национална безбедност на Белата куќа рече дека отпорот на Украина кон договорот за минерали и отпорот кон начинот на кој Трамп води мировни преговори е едноставно неприфатлив, со оглед на, како што вели, сè што направиле Соединетите Американски држави за Украина.

Украина треба да го спушти тонот, внимателно да размисли и да го потпише договорот според кој САД бараат 500 милијарди долари во украински минерални и рудни ресурси, изјави советникот за национална безбедност на Белата куќа Мајк Волц за „Фокс њуз“.

Острата изјава на Волц доаѓа по изјавите кои ги разменија украинскиот и американскиот претседател во последните денови.

Сепак, советникот инсистираше на тоа дека овие разлики во ставовите може да се надминат бидејќи „претседателот кажа и колку го сака украинскиот народ“, пренесува Ројтерс.

Волц ги негираше тврдењата дека во разговорите не биле консултирани сојузниците на САД и Украина.

– Постои термин за ова во дипломатијата. Тоа се нарекува шатл дипломатија, бидејќи носењето на сите на маса одеднаш едноставно не функционирало во минатото – рече Волц.

Блумберг напиша дека Украина намерно ги пренагласила своите резерви на минерали во обид да ја придобие наклонетоста на американскиот претседател Доналд Трамп, односно дека Украина нема минерални резерви во вредност од 500 милијарди долари .

Зеленски, наводно, одбил да потпише таков договор, кој неколку неименувани функционери го опишуваат како „колонијален договор“.

Next Post

Утринските температури во длабок минус, преку ден сончево – слична прогноза и за следните денови

Чоколадото не само што е вкусно, туку и помага при слабеење

Препорачани Вести

Пукање во Њујорк: Има загинати и повредени

5 months ago

Апсење во Карпош по агресија кон полицијата

6 months ago

Популарни Вести

  • Пронајден мртов политичар во Приштина, полицијата започна истрага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Меџити: Целта на „Безбеден град“ не е казнување, туку спасување животи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Техеран порачува: Отворени сме за разговори, но подготвени и за одбрана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Суспензија за агентите вмешани во убиството на Алекс Прети

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уставниот суд во Црна Гора ја укина забраната за работа на продавниците во недела

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.