Thursday, January 29, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Тетово, Бутел, Струмица, Струга и Карпош засегнати од замрзнувањето на средствата на УСАИД

by Уредник
20.02.2025
in Uncategorized

Одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп за замрзнување на речиси целата странска помош на САД ја зафати и Македонија, оставајќи неколку општини во неизвесност околу финансирањето на проекти поддржани од Американската агенција за меѓународна помош (УСАИД).

Меѓу засегнатите се општините Тетово, Бутел, Струмица, Струга и Карпош, каде што беа стопирани инфраструктурни, образовни и развојни иницијативи.

Во Тетово, реконструкцијата на улиците Пролетерска и Прохор Пчински е ставена во мирување, бидејќи УСАИД требаше да покрие 30-40% од предвидените трошоци. Во Бутел, нема одговор како ќе се обезбедат 800.000 долари, предвидени за новата водоводна мрежа за Љубанци и Љуботен.

Струмица се соочува со прекин на два проекта – изградба на мултифункционален центар и обука на професори по англиски јазик, додека во Струга е запрена кампањата „Општина на дланка“ за дигитална транспарентност. Општина Карпош, иако нема директна соработка со УСАИД, доби известување дека се одложува проект за енергетска ефикасност.

Американската амбасадорка Анџела Агелер изјави дека засега нема конкретни информации за влијанието на одлуката врз Македонија, но увери дека САД остануваат посветени на соработката.

УСАИД, основана во 1961 година, досега беше активна во повеќе од 100 земји со годишен буџет од околу 40 милијарди долари. Новата наредба на Трамп предвидува 90-дневна пауза за проценка на ефективноста на американската странска помош, додека агенцијата се соочува со големи кадровски кратења како дел од владината реорганизација предводена од Илон Маск.

Извор: СДК.мк

Next Post

Дневна метео анализа: Денес (21 февруари петок) ќе имаме целодневно сонце!

Имаме одлични закони на хартија, но проблемот е во нивната примена

Препорачани Вести

Теа Таировиќ објави фотографија без шминка, фановите воодушевени: За кратко собра повеќе од 40.000 лајкови [ФОТО]

Теа Таировиќ објави фотографија без шминка, фановите воодушевени: За кратко собра повеќе од 40.000 лајкови [ФОТО]

9 months ago

Омерагиќ: Честитки за младата репрезентација, вака се гради иднината на фудбалот

5 months ago

Популарни Вести

  • Мерцедес-Бенц слави 140 години со премиера на новата С-Класа

    Мерцедес-Бенц слави 140 години со премиера на новата С-Класа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пензионерка измамена за 2.600 евра со лажен повик од „доктор’“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Екс – градоначалникот на Кичево и пет лица обвинети за штета од стотици илјади евра

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонската партија во Албанија поднесе тужба против Владата за отворање мигрантски центри во Општина Пустец

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Русија најавува економска помош за Сирија по крајот на режимот на Асад

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.