Sunday, January 18, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Полициски возила ќе ги снимаат погрешно паркираните за автоматско казнување

by Уредник
21.02.2025
in Uncategorized
Полициски возила ќе ги снимаат погрешно паркираните за автоматско казнување

Покрај камерите на улиците во рамките на „Безбеден град“, кои ќе ги ловат прекршоците во сообраќајот, полицајци со возило опремено со специјални камери ќе ги снимаат погрешно паркираните возила. Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вели дека проектот „Безбеден град“ ќе понуди повеќеслојно системско решение за поголема сообраќајна култура.

Дел од имплементацијата на ‘Безбеден град’, во иднина ‘Безбедна држава’, ќе бидат и возила што ќе бидат целосно опремени со паметни камери и при движење во рамките на одредени сообраќајници, улици, ќе ги констатираат сите погрешно паркирани возила. Тие веднаш ќе бидат процесирани во рамките на системот врз основа на компјутерска обработка на податоците што ќе бидат внесени во системот – рече министерот Тошковски.

Тој нагласи дека имплементацијата на проектот „Безбеден град“ суштински е веќе почната оти од 1 јануари годинава при регистрација на возилата се бара сопствениците да остават електронска адреса и телефонски број. За една година, односно до 1 јануари 2026 година, кога министерот Тошковски очекува да почне да функционира новиот систем за казнување на прекршоците во сообраќајот, ќе бидат собрани податоците од сите возила, што ќе биде основа за новиот систем да почне да функционира.

Пред да почнат на граѓаните да им стигнуваат казни, министерот Тошковски и денес рече дека ќе има тест-период од неколку месеци, во кој ќе бидат само известувани за направените прекршоци.

Очекувам оној тест-период што го најавивме, бидејќи целта не ни е да ги казнуваме граѓаните сами по себе, туку да ја смениме сообраќајната клутура и да ги намалиме бројките, да го има. Ќе го имплементираме одреден временски период, неколку месеци граѓаните ќе добиваат пораки, ќе бидат известувани кога ќе сторат одреден прекршок, а притоа тој ќе биде констатиран, ќе се уверат дека системот функционира. Од 1.1.2026 година ќе ги овозможиме законските предуслови тоа да биде онака како што треба да биде – рече министерот Тошковски.

Во тек е измена на 5 закони, односно на Законот за безбедност на патиштата, Законот за прекршоците, Законот за возилата, Кривичниот законик и Законот за извршување на санкциите, кои се клучни за функционално системско решение.

Измената на законите министерот Тошковски вели дека е прв приоритет за Министерството. Во наредниот месец ќе се работи на измените на законите и министерот очекува на крајот на март веќе да биде готова првичната верзија за во април измените да влезат првин во владина, а потоа и во собраниска процедура.

Паралелно со измените на законите, министерот Тошковски рече дека интензивно работат и на подготовка за изградба на катна гаража во кругот на Министерството за 500 возила и ги повика градоначалниците и сите други фактори во општеството да го следат примерот и да дадат свој придонес за поголема сообраќајна култура.

Next Post

Изет Меџити: Мајчинскиот јазик, клучен елемент на идентитетот и заедничкото живеење во мултиетничките општества

ВОЗИЛА СО КАМЕРИ ЌЕ ЛОВАТ НЕПРОПИСНО ПАРКИРАНИ Возачите ќе добиваат известувања за направените прекршоци

Препорачани Вести

Двајца малолетници од Скопје пријавени за исчезнати

3 months ago

МНР со апел до граѓаните во Блискиот Исток: Следете ги упатствата и избегнувајте патувања

7 months ago

Популарни Вести

  • ГОЛЕМА ПОБЕДА:Тина Русева е прва во Европа!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зимска анализа: Со што е најевтино да се загрева домот и каде се трошат најмногу пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хенли индекс 2026: Сингапур на врвот, македонскиот пасош бележи значителен напредок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Остров нуди работа од бајките: Плата од 15 евра на час и бесплатно сместување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Само еден ден е доволен: Овие европски метрополи се совршени за краток излет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.